Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 11662 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14884
  • Пудингот на шоферството
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #495 на: 18 Декември 2025, 22:34:53 pm »
Нема камера никаде во светот што може да го смени однесувањето на стоката.Домашно воспитување,Сколија и последно но нај практично е СТАП и батине.
Стоката од нашето стадо живее да го зафркни ионака зафркнатиот сиатем кој работи со трокирање.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4458
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #496 на: денес во 08:31:31 »
Пост на некој Дејан Митевски од фејс.

https://www.facebook.com/dejan.mitevski.33/posts/pfbid0BWXmAzCFhnBEqzSiw24JN1wHoth7dyknPMrVEPXtFJC7WoxQYPSVTRiqBe8V1tnJl

Зошто Европа вози 70 км/ч на булевари, а кај нас градот стои во чад?
Додека кај нас сите возат со едно око на пат, едно око во камерите и брзиномерите, во Европа луѓето возат нормално.
Не затоа што се „попослушни“. Туку затоа што ограничувањата имаат логика. Ова се ограничувањата во Европа
Тип на пат                                Брзина
Улица во населено место        50 км/ч
Зони со пешаци / училишта    30–40 км/ч
Локален пат                            70–90 км/ч
Магистрален пат                    90–110 км/ч
Булевар                                    60–70 км/ч
Кружен тек / критична точка   50 км/ч
Автопат                                    120–130 км/ч
Булевар ≠ маалска улица, затоа не се вози 50 км/ч! Со три широки ленти, без премногу пешачки премини, со замена на некои раскрсници од семафори во кружни текови и со добро обележани раскрсници, булеварот може безбедно да се вози 70 км/ч.
Што се случува кај нас?
Во Скопје постои центар за регулација на сообраќајот, кој се правеше со години и едно време функционираше одлично.
• Автоматска регулација базирана на реална состојба на сообраќајот
• Следење на сообраќајот преку камери и индуктивни јамки
• Брза промена на семафорите според густината на сообраќајот
Но, во последните години системот не се одржува. При реновирање на улиците, голем дел од индуктивните јамки се искинати или ископани.
Резултат: системот е потполно нефункционален
Дополнително градот е блокиран затоа што градоначалниците за „станче“ дадоа одобренија за градење на згради на места каде биле изградени индивидуални куќи. Паркинзи нема доволно, а и тоа го решаваат со зголемување на цени, а не со наоѓање решенија.
Дозволија да се изгради Ист Гејт мол на место на кое сообраќајот е зголемен за 1000%, а сообраќајната инфраструктура е иста. Кога ќе се завршат и зградите во Крњево, ќе биде потполно блокиран сообраќај.
Резултат?
КОЛОНИ. СТРЕС. ЗАГАДУВАЊЕ.
Безбедност не се прави со камери.
Се прави со логика, сообраќајни решенија и одржување на системите.
Европа прави прво инфраструктура, па казни
Скопје - прво казни, па хаос, а системите за регулација се нефункционални
Булевар со 70 км/ч + логични решенија = безбедност.
Булевар со 50 км/ч + нефункционален систем = блокиран град.
Во Скопје порано се возеше со брзина од 60км/ч на булеварите, но се случија неколку сообраќајки кога пијани и издрогирани возачи возеа со огромна брзина и имаше смртни последици. Заради овие неколку изолирани случаи, наместо превенција, се намалија брзините на булеварите од 60 на 50. Проблемот не се реши затоа што повторно пијани и издрогирани возачи и возачи без возачка дозвола предизвикаа сообраќајки со смртни последици.
Исто така, излезот на Скопје кон исток беше со ограничување од 120км/ч, но пред некоја година се случи верижен судир на повеќе возила заради несоодветно решение за одведување на водите од коловозот кои беа подмрзнати, и наместо да стават знак со дополнителна табла во услови на дожд и поледици да се вози со помала брзина, тие во цел потег ја намалија брзината на 70, а на почетокот и 50км/ч, што создава огромни гужви на излезот од Скопје.
Ако сакаш безбедност – копирај ја Европа.
Ако сакаш хаос – продолжи вака.
Да бидам искрен, не ми текнува на ниту еден булевар или улица во Скопје каде што може да се постави ограничување на брзина од 70 км/ч. Доколку се направат измени, можеби е можно, ама треба да се има во предвид дека со зголемување на брзината ќе се зголеми и бучавата, која веројатно ќе биде над дозволени граници за урбано живеење.

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7369
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #497 на: денес во 09:15:28 »
Ниту па во Европа има булевари во град каде што е дозволено 70...макс 60 и тоа на тие надвор од центарот на градот, каде што има скоро 0 движење на пешаци покрај пат.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 646
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #498 на: денес во 09:20:18 »
Софија има булевар во градот со брзина од 80 на час. Ама на тој булевар нема пешачки премини на него (само под/над), нема вртење на лево, само исклучување на десно... и уклучување на десно со помошна лента....

https://www.google.com/maps/place/Sofia,+Bulgaria/@42.6793303,23.3534878,3a,69.9y,326.22h,92.35t/data=!3m7!1e1!3m5!1sobf4f6O-hmsfjztgtO4yeg!2e0!6shttps:%2F%2Fstreetviewpixels-pa.googleapis.com%2Fv1%2Fthumbnail%3Fcb_client%3Dmaps_sv.tactile%26w%3D900%26h%3D600%26pitch%3D-2.3499999999999943%26panoid%3Dobf4f6O-hmsfjztgtO4yeg%26yaw%3D326.22!7i16384!8i8192!4m7!3m6!1s0x40aa8682cb317bf5:0x400a01269bf5e60!8m2!3d42.6977082!4d23.3218675!10e5!16zL20vMGZ0ang?entry=ttu&g_ep=EgoyMDI1MTIwOS4wIKXMDSoASAFQAw%3D%3D

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #499 на: денес во 09:34:46 »
Ова е царигратското шосе и тука е 80 но како што кажа нема никаде пресекувања.
Но еве да кажеме булевар бугарија во софија има и пешачки и семафори и таму ограничувањето е 70.
И за крај црни врх булеварот е 50 ограничување. Во овие 7 години немало тешки сообракајќи на првите два но на црни врх редовно има тешки несреќи со жртви. Се сеќавам на една кај што ауди q8 се раздели на пола и едната половина усмрти 2 лица на тротоар. Се тоа на ограничување 50.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10338
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #500 на: денес во 10:37:52 »
Фатен сум со 51 населба Ѓ. Петров на исклучок од автопат Тетово-Скопје.

Би рекол дека сум фатен на делницата каде е 70 бидејки само тука возев над 50 бидејки следев возило пред мене со слична брзина.

После семафорот за Сарај забрзав пожустро докај 53 (колку што видов) за да се престројам лево, но бидејки покажува 5 помалку сметав дека сум безбеден до 55км/ч.
Страшно е да се има постојано едно око приковано на брзинометар!

Фактички брзината е ограничена на 45, односно 40 во случај да падне концентрација на стапалото бидејки единствено тука си "безбеден" од сенф сити.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1430
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #501 на: денес во 10:40:48 »
Да бидам искрен, не ми текнува на ниту еден булевар или улица во Скопје каде што може да се постави ограничување на брзина од 70 км/ч. Доколку се направат измени, можеби е можно, ама треба да се има во предвид дека со зголемување на брзината ќе се зголеми и бучавата, која веројатно ќе биде над дозволени граници за урбано живеење.


Генерално убиени се условите, тоа е поентата на постот на тој на фејс. Партизанска беше 60 порано, неубиена со еден куп семафори, и сообраќајките не беа од тие што возеа 60-70. Наместо циркусот „Влајко“ за парите можеше барем 3-4 нормални пешачки надвозници да има.
Бучавата се зголемува со несанкионирање при регистрација. А загадувањето и таму и со кљокотење до 50 и намалување проток. Ете Симо израчуна колку подолго се вози.

А има каде , и за 70 и за 60.  Бул. Словенија кој продолжува во бул БиХ. Гологанов, Илинденска...


Ниту па во Европа има булевари во град каде што е дозволено 70...макс 60 и тоа на тие надвор од центарот на градот, каде што има скоро 0 движење на пешаци покрај пат.

Булеварите во Загреб и Љубљана - 50, 60 и 70. На влезот за Братислава, булевар - 80. Јужен влез на Загреб - 80.

Трендот е тој, по насока на Европските вредности да се утепа движењето. Европа тоа го прави поспремно, ние со финалното решение - камери. И со убедување дека ќе биде подобро.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6915
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #502 на: денес во 10:43:51 »
На Скопје му е проблем што нема јужна обиколница за луѓето од Кисела Вода, Пржино тој реон доколку сакаат да патуваат западно надвор од Скопје или Ѓорче, Волково натаму, мора цело Скопје сосе сејфти фрст сити и смарт семафор сити да го кркаат додека да стасаат до Ѓорче.

Второ, булевари како Србија пример се со ширина на ленти како за на автопат, а ограничени 50.
Ако веќе се форсира 50 во цел град, тогаш смали ги лентите и направи ги 4 ленти, пошто вака ем е со ширина како за автопат, ем на доста делови е со две ленти.

Трето оној надвозникон кај Автокоманда, во радиус од 50 метри 4 семафори.
Тоа треба да е комплетно решение со кружен тек, никако семафори.

Четврто, мора да се направи уште еден источен излез на Скопје, па макар бил и само за камионите.
Вака постоечкиот преку автокоманда е чист колапс, особено со камерата кај Шарлота, 30 возат.


Фатен сум со 51 населба Ѓ. Петров на исклучок од автопат Тетово-Скопје.

Би рекол дека сум фатен на делницата каде е 70 бидејки само тука возев над 50 бидејки следев возило пред мене со слична брзина.

После семафорот за Сарај забрзав пожустро докај 53 (колку што видов) за да се престројам лево, но бидејки покажува 5 помалку сметав дека сум безбеден до 55км/ч.
Страшно е да се има постојано едно око приковано на брзинометар!

Фактички брзината е ограничена на 45, односно 40 во случај да падне концентрација на стапалото бидејки единствено тука си "безбеден" од сенф сити.

Таа камера таму сетирана на 50 км/ч е чисто за полнење буџет, а не за некаква си безбедност. Буквално е веќе на автопат таа камера, ставена на 50 км/ч.
Ама очигледно имаме многу јаки инжењери кои најверојатно ограничувањата ги шлапаат паушално седејки во канцеларија и гледајки цртеж, без да искочат на терен да ја увидат фактичката состојба.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15028
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #503 на: денес во 10:57:12 »
Пост на некој Дејан Митевски од фејс.

https://www.facebook.com/dejan.mitevski.33/posts/pfbid0BWXmAzCFhnBEqzSiw24JN1wHoth7dyknPMrVEPXtFJC7WoxQYPSVTRiqBe8V1tnJl

Зошто Европа вози 70 км/ч на булевари, а кај нас градот стои во чад?
Додека кај нас сите возат со едно око на пат, едно око во камерите и брзиномерите, во Европа луѓето возат нормално.
Не затоа што се „попослушни“. Туку затоа што ограничувањата имаат логика. Ова се ограничувањата во Европа
Тип на пат                                Брзина
Улица во населено место        50 км/ч
Зони со пешаци / училишта    30–40 км/ч
Локален пат                            70–90 км/ч
Магистрален пат                    90–110 км/ч
Булевар                                    60–70 км/ч
Кружен тек / критична точка   50 км/ч
Автопат                                    120–130 км/ч
Булевар ≠ маалска улица, затоа не се вози 50 км/ч! Со три широки ленти, без премногу пешачки премини, со замена на некои раскрсници од семафори во кружни текови и со добро обележани раскрсници, булеварот може безбедно да се вози 70 км/ч.
Што се случува кај нас?
Во Скопје постои центар за регулација на сообраќајот, кој се правеше со години и едно време функционираше одлично.
• Автоматска регулација базирана на реална состојба на сообраќајот
• Следење на сообраќајот преку камери и индуктивни јамки
• Брза промена на семафорите според густината на сообраќајот
Но, во последните години системот не се одржува. При реновирање на улиците, голем дел од индуктивните јамки се искинати или ископани.
Резултат: системот е потполно нефункционален
Дополнително градот е блокиран затоа што градоначалниците за „станче“ дадоа одобренија за градење на згради на места каде биле изградени индивидуални куќи. Паркинзи нема доволно, а и тоа го решаваат со зголемување на цени, а не со наоѓање решенија.
Дозволија да се изгради Ист Гејт мол на место на кое сообраќајот е зголемен за 1000%, а сообраќајната инфраструктура е иста. Кога ќе се завршат и зградите во Крњево, ќе биде потполно блокиран сообраќај.
Резултат?
КОЛОНИ. СТРЕС. ЗАГАДУВАЊЕ.
Безбедност не се прави со камери.
Се прави со логика, сообраќајни решенија и одржување на системите.
Европа прави прво инфраструктура, па казни
Скопје - прво казни, па хаос, а системите за регулација се нефункционални
Булевар со 70 км/ч + логични решенија = безбедност.
Булевар со 50 км/ч + нефункционален систем = блокиран град.
Во Скопје порано се возеше со брзина од 60км/ч на булеварите, но се случија неколку сообраќајки кога пијани и издрогирани возачи возеа со огромна брзина и имаше смртни последици. Заради овие неколку изолирани случаи, наместо превенција, се намалија брзините на булеварите од 60 на 50. Проблемот не се реши затоа што повторно пијани и издрогирани возачи и возачи без возачка дозвола предизвикаа сообраќајки со смртни последици.
Исто така, излезот на Скопје кон исток беше со ограничување од 120км/ч, но пред некоја година се случи верижен судир на повеќе возила заради несоодветно решение за одведување на водите од коловозот кои беа подмрзнати, и наместо да стават знак со дополнителна табла во услови на дожд и поледици да се вози со помала брзина, тие во цел потег ја намалија брзината на 70, а на почетокот и 50км/ч, што создава огромни гужви на излезот од Скопје.
Ако сакаш безбедност – копирај ја Европа.
Ако сакаш хаос – продолжи вака.


Во Европа постојат два стандарди CROW – Холандија и RASt – Германија.
Според двата стандарди, 50км/ч е ограничувањето и се одредува според т.н конфликтен ризик!
Не постои класификација булевар 70км/ч, улица 50км/ч... се гледа конфликтен ризик.
CROW дозволува 70км/ч САМО и САМО ако нема конфликтен ризик од пешаци и велосипедска патека и има физичка разделба меѓу двете артерии.


Така што дека булеварите треба да се сите 70км/ч не постои такво правило во Европа.


По милионити пат ќе ја спомнам Шведска, бидејќи живеев таму и гледав.

Околина на училиште секаде беше 30km/h, сите улици што водат околу училиштето беа 30.

Другиот дел од градот т.н главни артерии, булевари да ги наречам, беа 50.

Има дури локации за да го „смират“ сообраќајот дури и ограничување од 40.

Пример тука

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7369
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #504 на: денес во 11:03:14 »
Јас еве во овие 5 години немам видено знак 70 во град, ни во Дрезден ни во околната.

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5693
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #505 на: денес во 11:26:33 »
Фатен сум со 51 населба Ѓ. Петров на исклучок од автопат Тетово-Скопје.

Би рекол дека сум фатен на делницата каде е 70 бидејки само тука возев над 50 бидејки следев возило пред мене со слична брзина.

После семафорот за Сарај забрзав пожустро докај 53 (колку што видов) за да се престројам лево, но бидејки покажува 5 помалку сметав дека сум безбеден до 55км/ч.
Страшно е да се има постојано едно око приковано на брзинометар!

Фактички брзината е ограничена на 45, односно 40 во случај да падне концентрација на стапалото бидејки единствено тука си "безбеден" од сенф сити.
Koga iskacas od ugorninata(zboram koga vozis po obikolnica nakaj tetovo i sakas da se isklucis za Gorce) tuka ima znak 50km.
Na 200-300 metri ima znak 70, i posle ima znak 50.
Znaci delot od ugorninata do znakot za 70km e 50 i tuka pagaat site.
Dnevno go pominuvam toj del i zatoa znam :D

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1430
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #506 на: денес во 11:52:59 »
Пост на некој Дејан Митевски од фејс.

https://www.facebook.com/dejan.mitevski.33/posts/pfbid0BWXmAzCFhnBEqzSiw24JN1wHoth7dyknPMrVEPXtFJC7WoxQYPSVTRiqBe8V1tnJl

Зошто Европа вози 70 км/ч на булевари, а кај нас градот стои во чад?
Додека кај нас сите возат со едно око на пат, едно око во камерите и брзиномерите, во Европа луѓето возат нормално.
Не затоа што се „попослушни“. Туку затоа што ограничувањата имаат логика. Ова се ограничувањата во Европа
Тип на пат                                Брзина
Улица во населено место        50 км/ч
Зони со пешаци / училишта    30–40 км/ч
Локален пат                            70–90 км/ч
Магистрален пат                    90–110 км/ч
Булевар                                    60–70 км/ч
Кружен тек / критична точка   50 км/ч
Автопат                                    120–130 км/ч
Булевар ≠ маалска улица, затоа не се вози 50 км/ч! Со три широки ленти, без премногу пешачки премини, со замена на некои раскрсници од семафори во кружни текови и со добро обележани раскрсници, булеварот може безбедно да се вози 70 км/ч.
Што се случува кај нас?
Во Скопје постои центар за регулација на сообраќајот, кој се правеше со години и едно време функционираше одлично.
• Автоматска регулација базирана на реална состојба на сообраќајот
• Следење на сообраќајот преку камери и индуктивни јамки
• Брза промена на семафорите според густината на сообраќајот
Но, во последните години системот не се одржува. При реновирање на улиците, голем дел од индуктивните јамки се искинати или ископани.
Резултат: системот е потполно нефункционален
Дополнително градот е блокиран затоа што градоначалниците за „станче“ дадоа одобренија за градење на згради на места каде биле изградени индивидуални куќи. Паркинзи нема доволно, а и тоа го решаваат со зголемување на цени, а не со наоѓање решенија.
Дозволија да се изгради Ист Гејт мол на место на кое сообраќајот е зголемен за 1000%, а сообраќајната инфраструктура е иста. Кога ќе се завршат и зградите во Крњево, ќе биде потполно блокиран сообраќај.
Резултат?
КОЛОНИ. СТРЕС. ЗАГАДУВАЊЕ.
Безбедност не се прави со камери.
Се прави со логика, сообраќајни решенија и одржување на системите.
Европа прави прво инфраструктура, па казни
Скопје - прво казни, па хаос, а системите за регулација се нефункционални
Булевар со 70 км/ч + логични решенија = безбедност.
Булевар со 50 км/ч + нефункционален систем = блокиран град.
Во Скопје порано се возеше со брзина од 60км/ч на булеварите, но се случија неколку сообраќајки кога пијани и издрогирани возачи возеа со огромна брзина и имаше смртни последици. Заради овие неколку изолирани случаи, наместо превенција, се намалија брзините на булеварите од 60 на 50. Проблемот не се реши затоа што повторно пијани и издрогирани возачи и возачи без возачка дозвола предизвикаа сообраќајки со смртни последици.
Исто така, излезот на Скопје кон исток беше со ограничување од 120км/ч, но пред некоја година се случи верижен судир на повеќе возила заради несоодветно решение за одведување на водите од коловозот кои беа подмрзнати, и наместо да стават знак со дополнителна табла во услови на дожд и поледици да се вози со помала брзина, тие во цел потег ја намалија брзината на 70, а на почетокот и 50км/ч, што создава огромни гужви на излезот од Скопје.
Ако сакаш безбедност – копирај ја Европа.
Ако сакаш хаос – продолжи вака.


Во Европа постојат два стандарди CROW – Холандија и RASt – Германија.
Според двата стандарди, 50км/ч е ограничувањето и се одредува според т.н конфликтен ризик!
Не постои класификација булевар 70км/ч, улица 50км/ч... се гледа конфликтен ризик.
CROW дозволува 70км/ч САМО и САМО ако нема конфликтен ризик од пешаци и велосипедска патека и има физичка разделба меѓу двете артерии.


Така што дека булеварите треба да се сите 70км/ч не постои такво правило во Европа.


По милионити пат ќе ја спомнам Шведска, бидејќи живеев таму и гледав.

Околина на училиште секаде беше 30km/h, сите улици што водат околу училиштето беа 30.

Другиот дел од градот т.н главни артерии, булевари да ги наречам, беа 50.

Има дури локации за да го „смират“ сообраќајот дури и ограничување од 40.

Пример тука


Нема потреба од воопштување, во Европа се вози спрема некакви стандарди. И РАЗЛИЧНО пак спрема стандардите. Не СЕКАДЕ 50. Не секој влез во град е 50. Не секој булервар е 50.

50 на бул Словенечка не е глупост. Идиотизам е.

Не смее и неможе да има "one size fits all".

Човек и да се праша дали можеби Европското „смирување“ мора и треба да биде нешто што треба да препишеме,  кога сме во отсуство на други претходни транспортни решенија ?
 

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15028
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #507 на: денес во 12:26:48 »
Има и поинтелегентни решенија, дигитални табли со променлива брзина. Ако во шпиц е 50, може после 21ч да речеме да биде 70 итн.

Мене искрено повеќе ме нервираат нелогични ситуации, збунувачки знаци и сл. него дали да се возело 50 или 70.

На крај на денот, колку сакате математики правете, просечната брзина од точка А до точка Б во град ќе биде мала разлика ако е дозволено 50 vs 70.

Тоа се максимум 5-10 минути подолго возење низ град.

Дека постои драстична разлика од А до Б во Скопје, после воведувањето на строгото ограничување, ...мало морген.

Вас ви се прави филм дека претходно сте сигнувале за 30 а сега ви требало 50.  Во реалност, разликата е 5 максимум 10 минути во јак шпиц.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44594
  • Il Moderatore
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #508 на: денес во 12:41:45 »

Вас ви се прави филм дека претходно сте сигнувале за 30 а сега ви требало 50.  Во реалност, разликата е 5 максимум 10 минути во јак шпиц.
Важи, нема проблем. 20 години истата рута секој работен ден, сеа ми се праи филм. И што е најбитно, јас сум многу смирен и навикнат на должината на таа релација.

Потполно истата рута, 11километри, во отприлика исто време (тргнување од дома околу 8 часот сабајле), на 16 Ноември - 24 минути, на 16 декември - 37 минути.

Јак филм ми се праи. Не знам што зборувам. И како што реков, тоа е моја перцепција, не мора да е и твоја.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2316
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #509 на: денес во 12:44:24 »
Плус ако се возат помалку коли и воздухот ќе биде почист. Вин Вин.