Безбеден град
Веќе пишав дека првпат се чувствувам небезбедно додека возам откако ме регистрирале дека сум поминал на црвено. Чекав зелено на семафор.
Веќе пишав дека за да бидам на безбедно најдобро да возам со 40, за евентуално да не надминам 45.
Многу е тенка границата помеѓу 45 и 51, а поради тој 1км/ч ќе си возам 40.
Прееска направив темпо од 47, после 15-20 секунди фрлив поглед на брзинометар, кога гледам на 52 сум отишол. Како што реков, многу лесно, доволно мал наклон на коловоз и отиде.
Од друга страна дали ќе возиш 40 или 45, тоа се мочани 5км/ч разлика, односно ако возич цел еден проклет саат, ќе поминеш цеееелиииии 5км помалку, и тоа без киснење по семафори туку во перманентно возење.
Разлика гледаат само цвеќињата за мирисање кои возеле 80-90кмч и поради кои стресно било престројувањето бидејки го гледаш на ретровизор далеку, и во следен момент на половина престројување некој легнал на свирка и те вади од памет, впрочем, и да е на 5-6 метри позади тебе, култура на возење вели да те пропушти да се престроиш без драмење дека си му го зел "редот".