Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 87739 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15121
  • Пудингот на шоферството
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #510 на: 19 Декември 2025, 12:59:48 pm »
Во град/населено место по закон и дефиниција дозволена брзина е 50кмх.Секое друго ограничување поголемо од тоа важи за пат од друга категорија,а не за градски улици(обиколница,периферија и сл.).Јас сум видел 70 низ и тоа баш кај што живее членот @AUDI.
Еве и локација.Ова се води како Bundesstraße,поточно пат од Б категорија(националка) и иако врви низ населено место има делови каде што е 50 и каде што е 70.

https://maps.app.goo.gl/jP3hXs85GNGMCVPb7
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2309
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #511 на: 19 Декември 2025, 14:04:57 pm »
Ова е точно кај мене Б61, ова е обиколница/булевар,го поврзува Реда Виденбрук-Гутерслох-Билифилд.На овој булевар кој што минува низ цел Гутерслох ограничувањето е 70,има ограничување од 50км/ч пред Билифилд.Делот кој што е обележан огранучувањето е 70км/ч.На делот кој минува низ Билифилд има ограничување од 80км/ч до 22ч,после 22ч е 60км/ч.



На повеќето улици ограничувањето е 50км/ч, околу школите,строг центар и улици каде е дозволено да се движат велосипеди ограничувањето е 30км/ч.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4587
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #512 на: 19 Декември 2025, 15:54:36 pm »
Јас еве во овие 5 години немам видено знак 70 во град, ни во Дрезден ни во околната.
Еве во Франкфурт има делница со 100 км/ч е ограничена. Дел е од автопат, те тука почнува А66

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7654
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #513 на: 19 Декември 2025, 16:57:35 pm »
Абе за во град збораме, кај што има семафори, пешачки, луѓе и се тоа...за на вакви пусти патој, заградени со заштитна ограда можи и 200 да е...и Битола на обиколница горе е 100, ама дека во центар на град има улица со дозволено 70, не вервам.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2309
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #514 на: 19 Декември 2025, 17:28:01 pm »
За во град да,со семафори,пешачки,тротоари,не заградени,бензински,деца и велосипеди возад на тротоарите......Ова е Б61 ,цела улица е ваква а ограничувањето е 70км/ч.



Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15121
  • Пудингот на шоферството
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #515 на: 19 Декември 2025, 17:36:53 pm »
Абе за во град збораме, кај што има семафори, пешачки, луѓе и се тоа...за на вакви пусти патој, заградени со заштитна ограда можи и 200 да е...и Битола на обиколница горе е 100, ама дека во центар на град има улица со дозволено 70, не вервам.
Кај виде заштитна ограда и пуст пат кој без малку поминува низ чаршија.😁
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20379
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #516 на: 19 Декември 2025, 17:52:42 pm »
Ќе сака ли некој да ми ги испрати измените кои се направени во сите закони, само до телефон имам пристап деновиве.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2760
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #517 на: 19 Декември 2025, 18:16:12 pm »
Зашо личи дека спремаш некаква апликација или тужба или шо и да е?
Некои AI тренираш или шо е?

Во другата тема прашуваш за искуства со сообраќајни прекршоци, со уредно наредени прашања за одговарање.

Сакам да соберам информации од луѓе што биле повикани во МВР во врска со сообраќаен прекршок. Би ценел ако споделите конкретно искуство.

Кој точно ве примаше, дали беше полициски службеник или друго лице? Дали ви беше кажано од кој орган е?

На која локација/одделение бевте повикани?

Дали ви беше објаснето дали имате право на адвокат и дали дозволуваат присуство на адвокат?

Што точно правеше лицето што ја водеше постапката, земаше изјава, составуваше записник, ви даде некакво решение или само административно ве информираше?

Дали ви го дадоа името и презимето на лицето што ја водеше постапката (за да може да се провери институционално)?

Дали ви беа покажани слика или видео доказ за прекршокот?

Дали добивте некакво известување по email или SMS, и како беше формално објаснета таа достава?

Ако поднесовте приговор, како продолжи постапката, дали предметот отиде во суд или остана во МВР?

Целта ми е да разберам како точно изгледа постапката во практика и кои чекори ги минуваат граѓаните. Благодарам однапред на сите што ќе споделат корисни информации.

Сега бараш некој да ти вади измени на закони.
Да не сакаш и јадење да ти донесеме до дома?

Барем кажи за што ти треба, не вака дајте ми ова, она.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15121
  • Пудингот на шоферството
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #518 на: 19 Декември 2025, 19:42:52 pm »
Ваљда не е во притвор чим има пристап само до телефон.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #519 на: 19 Декември 2025, 19:51:25 pm »
На Тибет е.
Што има врска, прашал човекот - форум е ова. :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2760
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #520 на: 19 Декември 2025, 20:06:27 pm »
Форум е, ама не сме заморчиња за тренирање на AI

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7106
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #521 на: 19 Декември 2025, 20:50:55 pm »
На излез на Скопје кај обиколница поставени се тазе знаци 70 км/ч
Ама камерата уште е наместена на 50 км/ч во градска зона.

« Последно менување: 19 Декември 2025, 20:56:20 pm FiLo »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8241
  • Плинаш!!!
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #522 на: 19 Декември 2025, 21:07:38 pm »
Не се баш нови знаците, сигурно се 2 години таму, секој ден го возам патот последниве 2 години.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7106
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #523 на: 20 Декември 2025, 00:36:03 am »
Не не, нови се, после белата табла дека престанува Скопје немаше никаков знак за ограничување. Исто и за назад на исклучувањето на самиот мост на река Вардар ставен е знак 70.

Исто така има промена на ограничувањето на автопатот Велес-Катланово, па така од клучка кај Велес па се до патарина сега е 120 наместо 110.

А од патарина накај Катланово по ново е 110 (претходно немаше никаков знак), поставени се нови знаци.

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 306
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #524 на: 20 Декември 2025, 11:00:42 am »
Vo tehnicki kaj sto ima mvr se pravi promena na pogresen mejl ili tel. broj ama si naplakaat 50 den taksa, bez razlika tie sto utnale.