Некои викаат уље у аутоматик да не менуваш, фор лајф било, ама...
Промена на антифриз е ништо пари, 3-4 илјадарки максимум. 400 денари литро најскап концентрат, 5л концентрат 2000 денари се, другото дестилирана вода и работна рака. Греота да не го смениш на 4-5 години.
Греота е да го менуваш на толку краток интервал. Некој многу попаметен и поинтелигентен од нас го има смислено тоа.
Не е се во парите и не е се во дали има штета или не

Зошто?
Затоа што има некој што се грижи за заштита на природата и околината.
Ако нештото е предвидено да е фор лајф, има зошто е така.
Ако нештото е предвидено да го менуваш со нормална експлоатација на 10 години, зошто да не се придржуваме до тоа?
Сејв д планет!!!
Промена 3 пати за 10 години и еднаш не е исто.
Истото важи и за маслото.
Па посебно кај нас. Маслото ке оди во печка за да се греат сервисите зимно време, а испуштениот антифриз сигурно нема да биде собран во специјално буре и однесен во фабрика за рециклирање, него ке оди или во канализација или во некој ќош околу дворот кај што има земја...Или па ке се испушти на асфалт и ке се чека да заврне.

Да не објаснувам, ја свативте поентата зошто е тоа така.