Дечки, ја имав среќата да ја повозам колава денес, и сите очекувања кој ги имав се остварија.
Колата е многу забавна за возење.
Стартна, до 80 те лепи на седиште (сепак низ град пробав, до 80 е сосема доволно). Забрзува линерано, т.е. не осеќаш менување на брзини како кај автоматски менувач. Ја повлекувам споредбата што на правев со аутоматик Корса, ова е подобро.
Иако е мала, количево е пространо, прегледно и веднаш најдов удобна позиција.
Кога ја палиш, нема некој feedback дека е запалена. Да светнат сијаличките. Даваш на гас, одма оди. Само кочи. Го свакам моентот кој го зборат, дека кочниците ке рѓосаат.
Кога стои запалена, нема звук, нема тресење. За мене кој 15 години вози дизел, ова делува многу смирувачки.
Благодарност со Симо за одвоеното време. За него може едно кафе, за мене искуство кое ќе го памтам цел живот, првото возење на целосно електрична кола.