Да при продукција, еколошките бројки се на страна на МВС (помал карбон футпринт имаат МВС од ЕВ), но при еден животен век на возилото, бројките се сепак на страна на EV-a. Но оноа што за мене е битно е: опасната по живот загаденост во градовите како Скопје, може да се адресира со стимулирање на користење EV-a. Оноа што ќе го спасиш како пари во здравствениот систем, ќе го искористиш за продукција на поеколошки возила, ако веќе гледаме толку глобално.
Јас сепак ќе бидам малку покусоглед: Еден чурлив дизел помалку на нашите улици со моето ЕВ. Зрно по зрно - погача.
Само што ако ти даде субвенција за ЕВ, парите ќе завршат кај тебе, а ако ги инвестира во здравство, парите ќе завршат кај политичарот.
Реални да бидеме ЕВ за зачувување на средината има логика само во богатите држави каде што се користат точаци низ град, нови еколошки возила, народот има голема свест, и со вметнување на ЕВ загадувањето се намалува уште повеќе.
Во држава како МК каде што имаме сиромашен народ, украден буџет, квази мерки за борба против загадувањето, несвесен народ кој живее во канцероген град и буквално диши отров, народ кој вади дпф, егр затоа што биле глупост и доам тоа оди дпф офф, егр офф (пола форум со дизели), ЕВ нема да придонесе за апсолутно никакво намалување на загадувањето.