Еве го e-up!-от конечно у „гаража“.



Ќерка ми го нарече „микровална“ - со право. Тоа ќе биде и надимакот на аутово

Генерални податоци за колата:
Произведено е 2021 моделска година 2021
Увезено од Германија, со поминати 34.500км
Во моја сопственост од декември 2024
Моторот има 63KW или 83КС со завидни 210Nm при 2950 вртежи
Батеријата е 38kWh, од кои употребливи 32.3kWh.
Според WLTP тоа е доволно за комбиниран досег од 180-260km (малце оптимистички се овие 260, ама 180 се доста реални, барем по моите согледувања досега).
Максимална брзина 130км/ч а до 100-ка му се потребни 11.9 секунди. Вака не изгледа како којзнае какво постигнување, ама за околу 4 секунди до 50 и под 8 секунди до 80, и инстант реакцијата на педалата за убрзување, сосема добро се држи со помоќни аута низ градскиот сообраќај - интересно дури!
За опремата нема што многу да зборувам. Ако почнам да набројувам што нема, ќе ми требаат 3 страни, затоа ќе набројам само што има:
- Центрлна брава,
- Автоматска клима
- Серво волан
- Радио/мултимедија со сосема рудиментирани можности, но сепак се потрудиле да стават звучници и на задните врати.
- Дугмиња за отваерање на предни прозори
- Асистенција за држење лента (lane assist)
Секако нема да ги набројувам сите оние стандардни абс ебд ербег итн, не е оглас за шиткање

Мислам дека тука завршува листата на опрема.
За да не набројувам што нема, ќе набројам само што мене лично ми недостига од опрема:
- Централен наслон. Ова е на прво место. Пошто нема брзини и нема шо да праиш со десната рука, заебана комбинација е без наслоњач

- електрично подесување на ретровизорите. Ова е втората работа која е битна, пошто чат-пат и жена ми ја вози колата, постои потреба од различно подесување на сите ретровизори. Немањето електрика, ме врати назад во 1998, кога мислам дека го набавивме последното ауто без електрични ретровизори. За жал, поради комплицираната инсталација, не сум сигурен дека некогаш ќе го решам овој проблем.
- Кожен волан. Мислам дека ова ќе го решам исто така многу брзо како и централниот наслон. Страшно лош е филингот на пластичниот волан. Катастрофа!
Мислам дека ова се основните работи без кои не би смеело да се продава кола во 20-тите години од 21 век.
Една работа која е стрикнтно поврзана со моето возило:
- Немањето можност за DC Charging. Ова ми е најголемиот пропуст кога го купував возилото

Да знаев дека нема DC полнење, ќе размислев уште еднаш, пред да одврзам ќесето. Кога читав за MY 2021, секаде велеа дека сите имаат DC rapid 40кW charge. Ама ете, не било така. Постоеле и вакви „најефтина цена тендер едишн“, кај што е тргнато тоа. Е сеа, постело опција кај близнакот Skoda Citigo iV, "upgradeable DC CCS charging". Постои надеж, дека постои на батеријата соодветен конктор, па само соодветна кабелска инсталација и некој мандрак што може да ми го тоа искодира у компјутерот на апов, да успееме да го спасиме овој момент (теоретски). Ако тоа успеам да го изведам, веќе излегувањето надвор од Скопје (до Солун, Белград) станува многу реална опција.
Има и други работи кои брзо ќе ги решам:
Колата има халогенки за фарови, покрај тоа што има убави LED DRL интегрирани во предниот браник. Во план се едни Osram EC сертифицирани LED светла.
Има премногу видлив лим во внатрешноста, панелите од вратите не се преку целите метални површини, нешто што исто така многу ме иритира. Ќе мора некој тапацир таму да оди. Дали алкантара или лажна кожа, ќе одлучам понатаму.
Колата има премногу големи стаклени површини за толку мала кола. Аквариум! Постојат варијанти на up! и e-up! со фабрички затемнети задни стакла. Дур не најдам такви, озбилно размислувам за затемнување со фолија, или повторно да си набавам мрежи како за 159-ката и MiTo-то.
Можеби некогаш во иднина ќе добие up! GTI стајлинг.
Да не ги заборавиме и малкуте добри работи, но многу битни:
- Преефтино е за возење и стандардно одржување (здравје, да не се појави дефект па да дознаам како е за поправање)
- Поради димензиите, одличен автомобил за низ град. Секаде се протнува, а и за паркинг е далеку поедноставно.
- Поради немањето потреба од брзини и можноста за возење со една педала, градското возење е премногу релаксирано, нема нервози, нема дрмање сецкање гас/куплунг/кочница, нема старт/стоп на моторот, па се пали па се гаси...предобро!
-
Генерално, тоа е тоа за почеток. Од декември до сега веќе поминав повеќе од 2500км, јас сум сосема задоволен и среќен со изборот. Баш тоа што ми требаше за да ги бркам моите обврски низ градов.