Автор Тема: Кинески производители во Македонија  (Прочитано 3306 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #46 на: 31 Октомври 2024, 10:38:52 am »
И пак најатрактивни се ваквите возила повеќе луѓе кај овој модел се задржуваат  него кај другите модели,  веќе и жени почнаа да ги возат не само мажи по планини...

Може подетално конкретно за овој џип пиши нешто


Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #47 на: 31 Октомври 2024, 10:45:19 am »
Скап е ко за кола што се пробива на пазар.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #48 на: 31 Октомври 2024, 11:20:46 am »
И пак најатрактивни се ваквите возила повеќе луѓе кај овој модел се задржуваат  него кај другите модели,  веќе и жени почнаа да ги возат не само мажи по планини...

Може подетално конкретно за овој џип пиши нешто



Сега за сега немам никакви дополнителни информации. 2-литарски турбодизел, 160 коња, 380 Nm вртежен момент, автоматски менувач. Делува солидно, ама дали и колку го бива - стварно не знам, не сум го возел. Надворешниот дизајн е директно ископиран од Jeep. Кровот (црниот дел) целосно се вади. Внатре е дизајнерски многу налик на Мерцедес.

Цената му е (како што си пишува во објавата) 50к.

Скап е ко за кола што се пробива на пазар.

Општо, сите цени им се (според мене) превисоки, особено како за бренд кој тек сега треба да се пробие и да привлече купувачи. Мислам дека би требало да бидат барем 20% пониски за да бидат поинтересни.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #49 на: 31 Октомври 2024, 11:58:45 am »
 У5 плус едниствената кола во лајнап изгледа добро вака на слики барем.
Само ја отепале со 112 атмо коња и цвт.
А цената.... скапа.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #50 на: 31 Октомври 2024, 16:05:04 pm »
И пак најатрактивни се ваквите возила повеќе луѓе кај овој модел се задржуваат  него кај другите модели,  веќе и жени почнаа да ги возат не само мажи по планини...

Може подетално конкретно за овој џип пиши нешто



Сега за сега немам никакви дополнителни информации. 2-литарски турбодизел, 160 коња, 380 Nm вртежен момент, автоматски менувач. Делува солидно, ама дали и колку го бива - стварно не знам, не сум го возел. Надворешниот дизајн е директно ископиран од Jeep. Кровот (црниот дел) целосно се вади. Внатре е дизајнерски многу налик на Мерцедес.

Цената му е (како што си пишува во објавата) 50к.

Скап е ко за кола што се пробива на пазар.

Општо, сите цени им се (според мене) превисоки, особено како за бренд кој тек сега треба да се пробие и да привлече купувачи. Мислам дека би требало да бидат барем 20% пониски за да бидат поинтересни.

Да не споредувам баби и жаби, ама поарно да земам бел Амарок со пластична рачка за отварање прозор за овие пари. Не дека овде нема у-а куп џиџи миџи што голтарот од VW ако ги добие 3 пати поскапо од кинезов ќе ги наплати. Ама, кинзеиве се ептен се тазе да им тупнеш 50к заради убави таблети и гаџети.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #51 на: 31 Октомври 2024, 17:57:48 pm »
Мене највеќе ме плаши софтверската поддршка, ако се земе во предвид колку работи се контролираат од софтвер на тие џиџи миџи смарт таблети во колата.

Голем дел од кинескиве производители на возила некако тераат Ксиаоми концепт. Лупај опции, електрики фул фул фул опрема.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #52 на: 03 Декември 2024, 13:32:46 pm »
Hamachi имаат реклама за Forthing S7 BEV, мислам околу 35k.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Џони

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #53 на: 03 Декември 2024, 15:27:48 pm »
Значи Forthing е подмарка на DFSK за која застапник е Hamachi, a за DFSK (која има само Forthing како модели - T5 Evo итн.) увозник е ABC Brother. Интересно.

Forthing S7



Forthing Friday EV


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #54 на: 03 Декември 2024, 17:15:04 pm »
Не е Хамачи застапник. Најверојатно ги увезуваат преку дилер од трета земја. ABC Brother си увезува Forthing, еве го Friday. Наскоро треба да стигне уште едно мало електрично количе, Box.

Отсутен bakigvg

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #55 на: 04 Декември 2024, 10:25:12 am »
Dali osven klasniot ima nekoj nekakvo iskustvo so poseduvanje ili barem podolg period da vozel kinez?? Me interesira licno iskustvo posto od citanje brosuri ... Prijatel vozi od Dong Feng od ABC zemeno test vozilo I do sega ima samo pofalni zborovi da kaze za voziloto maana mu e potrosuvackata sto vo grad se dvizi od 9 do 11 na 100km, ako moze deka mu e  maana I toa.

Sent from my SM-S911B using Tapatalk

Јас имам Forthing T5 Evo, поминати 3000км просечна потрошувачка 8л ,нормална вожња. За сега немам замерки, освен за некои ситници како што се немање РДС на радиото, како и послабиот прием на радија, за разлика од претходното возило кое го имав.