Автор Тема: Чекање интерпол проверка за таблици при регистрација  (Прочитано 559 пати)

Отсутен a.t7771

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Здраво на сите, пред една недела си купив возило од плац што е увезено, и при регистрацијата во понеделник ми кажаа да чекам за известување за таблиците до четврток. Сега е петок и уште ги нема. Може да споделите ваше искуство колку време чекавте за ова и што направивте во меѓувреме? Поздрав

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30646
    • CARclub.mk
Нема правило.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18045
Здраво на сите, пред една недела си купив возило од плац што е увезено, и при регистрацијата во понеделник ми кажаа да чекам за известување за таблиците до четврток. Сега е петок и уште ги нема. Може да споделите ваше искуство колку време чекавте за ова и што направивте во меѓувреме? Поздрав

Ќе ти објаснам каква им е процедурата па ќе си заклучиш и сам:

- Поднесуваш документи > во одреден дел од неделата (но дефинитивно не секој ден) иде курир од МВР и ги подигнува > во МВР ги процесираат документите > курир од МВР ги подигнува и доставува назад до техничкиот преглед > ти се јавуваат да ги подигнеш

Од ова може да заклучиш дека процедурата може да трае од 3 до 6-7 работни дена, зависи каква ти била среќата со курирот (можда подигнал документи непосредно пред ти да ги поднесеш твоите, па сеа твоите документи стојат 2-3 дена во техничкиот додека не дојде курирот пак).

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44999
  • Il Moderatore
Ако се погоди велигден или први мај, отидоа две недели :D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7000
По е тоа, ден празник, една недела (не)работа.

Присутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7248
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Зависи од градот, не кажа братот од каде е.

Во Битола поднесуваш во МВР, и за мене, денес за утре ми ја проверија и зедов таблици каде што поднесов се.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7612
Здраво на сите, пред една недела си купив возило од плац што е увезено, и при регистрацијата во понеделник ми кажаа да чекам за известување за таблиците до четврток. Сега е петок и уште ги нема. Може да споделите ваше искуство колку време чекавте за ова и што направивте во меѓувреме? Поздрав

Ќе ти објаснам каква им е процедурата па ќе си заклучиш и сам:

- Поднесуваш документи > во одреден дел од неделата (но дефинитивно не секој ден) иде курир од МВР и ги подигнува > во МВР ги процесираат документите > курир од МВР ги подигнува и доставува назад до техничкиот преглед > ти се јавуваат да ги подигнеш

Од ова може да заклучиш дека процедурата може да трае од 3 до 6-7 работни дена, зависи каква ти била среќата со курирот (можда подигнал документи непосредно пред ти да ги поднесеш твоите, па сеа твоите документи стојат 2-3 дена во техничкиот додека не дојде курирот пак).

Ова е најточно објаснување за оваа постапка.
Значи не барајте врски за интерпол проверка на кола, пошто курирот може и недела дена да касни а проверка како проверка оди брзо.

п.с. ако сакате побрзо, барајте го курирот. ;D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7804
Интересно, во Куманово знам дека траеше 2-3 дена, и дека документите, од полиција ги пратија кај техничкиот преглед каде што требаше да ја регистрирам колата.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3672
Дали ги даде парите за аутото?
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2406
Зависи од градот, не кажа братот од каде е.

Во Битола поднесуваш во МВР, и за мене, денес за утре ми ја проверија и зедов таблици каде што поднесов се.

Мене во Кичево истиот ден во рок од 10 минути ми завршија работа за Интерпол, само ми беше утнат документот за хомологација па морав следниот да регистрирам. Посочен од муабетите тука, прашав „За колку дена отприлика Интерпол?“ и жената (многу фина) што работеше таму ме гледа чудно и ми вика „Дечко абе за 15 минути дојди готово ќе биде“

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18045
Во Скопје ова оди централизирано на едно место за жал, во Гостивар (како и тебе за Кичево) ми ги вратија документите проверени за помалце од 1 саат.

Отсутен a.t7771

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Здраво на сите, пред една недела си купив возило од плац што е увезено, и при регистрацијата во понеделник ми кажаа да чекам за известување за таблиците до четврток. Сега е петок и уште ги нема. Може да споделите ваше искуство колку време чекавте за ова и што направивте во меѓувреме? Поздрав

Ќе ти објаснам каква им е процедурата па ќе си заклучиш и сам:

- Поднесуваш документи > во одреден дел од неделата (но дефинитивно не секој ден) иде курир од МВР и ги подигнува > во МВР ги процесираат документите > курир од МВР ги подигнува и доставува назад до техничкиот преглед > ти се јавуваат да ги подигнеш

Од ова може да заклучиш дека процедурата може да трае од 3 до 6-7 работни дена, зависи каква ти била среќата со курирот (можда подигнал документи непосредно пред ти да ги поднесеш твоите, па сеа твоите документи стојат 2-3 дена во техничкиот додека не дојде курирот пак).
 
 
Фала ти за одговорот. За среќа денес ми се јавија, но за една полиса и печат на сообраќајна чекав 2 саати во ПСС кај Ново Лисиче ради гужвата... Ај барем си ги имам таблиците конечно