Автор Тема: Кинески производители во Македонија  (Прочитано 3303 пати)

Отсутен Џони

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Кинески производители во Македонија
« на: 21 Септември 2024, 20:20:13 pm »
Може да е корисна темава за некој што размислува за ново возило. Кинезиве веќе подолго време се кај нас, а последниве години изгледа како да појачаа и со понуда и со квалитет, па да направиме преглед што се нуди на нашиов пазар. Од тоа што успеав да најдам на нет:

1. CHERY

2. MG (SAIC Motor) - британски бренд
  • увозник: Grand Auto
  • веб-страна: https://www.mgmotor.mk
  • гаранција: 7 години / 150.000 km
  • модели: ZS (+EV), HS (+EHS), 3, 4, 5, Marvel R
  • тестови: EHS (2022), 4 (2023)

3. GEELY

4. LYNK & CO (Geely/Volvo) - најава за влез во 2025

5. DFSK (Dongfeng Sokon Automobile)

6. HAVAL (Great Wall Motor)

7. DR AUTOMOBILES - италијански бренд, rebadged кинески

8. BAIC (Beijing Automotive Group Co.)

9. SKYWELL

Дополнете ако има нешто што е пропуштено, а да не се некои комерцијални или мотори/скутери.
« Последно менување: 23 Септември 2024, 09:01:29 am Џони »

Отсутен Џони

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #1 на: 22 Септември 2024, 08:05:33 am »
Вторите генерации од MG HS и MG ZS (само како хибрид) веќе се достапни на некои пазари. Grand Auto ставиле тизер на сајтот за HS, значи изгледа тој прв ќе стигне пред ZS.

○ MG HS 2025
- GS6 1.5T 4-CYL
- 170 HP (125 kW)
- 275 Nm @ 3000-4000 rpm
- DCT7 / MT6
- 0-100 9.4s (9.6s)












○ MG ZS Hybrid+ 2025
- 1.5 атмо + 1.83 kWh
- 196 HP (145 kW)
- 465 Nm
- AT3
- 0-100 8.7s








Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #2 на: 22 Септември 2024, 10:24:51 am »
Сакам да ги пробам Geely Starray и Chery Tiggo 8.
Во Европа често го гледав Lynk & Co.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #3 на: 22 Септември 2024, 11:18:15 am »
Lynk & Co се очекува наскоро и во Македонија

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #4 на: 22 Септември 2024, 12:13:07 pm »
Браво за темава и убаво наредените работи. :)

Во текот на Октомври треба да возам DFSK Shine, Glory 600 и T5 HEV. Се чека и DFSK Box. За понатаму, можам да најавам Lynk & Co 01, MG ZS (може и сегашниот, додека го има) и Chery Tiggo 7 Pro. Увозници за Lynk & Co ќе бидат (односно веќе се) Delfino Mobility Group.

Од неодамна се продаваат и други брендови - во салонот на Цилаз се продаваат моделите на BAIC. Има 5 модели во понуда, едно возило е веќе продадено. Има(ше) некоја најава и за Skywell.
« Последно менување: 22 Септември 2024, 12:20:12 pm zeroSignal »

Отсутен Џони

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #5 на: 22 Септември 2024, 13:36:30 pm »
Сменет првиот пост со информациите на @zeroSignal 👍.

@Carpathian Lord за Starray прашував пред некоја недела во салонот во Џевахир, наводно требале до Белград да одат да договорат пратка и очекуваат есенва да стигнат. Ќе има и за тест.

Иначе Tiggo 8 Pro има фејслифт за 2025, надвор минимални, ентериер повидливи промени.












Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #6 на: 22 Септември 2024, 18:38:26 pm »
MG ZS многу убаво ми изгледа, иако со цена е како Тојота, Шкода, Рено ... би го погледнал и би му дал шанса.

Отсутен Џони

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #7 на: 22 Септември 2024, 19:43:34 pm »
Тековниов модел ZS почнува од 17.500, Yaris Cross ~23.000, Kamiq 19.300 (Essence изгледа како прилично слабо ниво на опрема), Captur 23.000. Никој од основниве модели со најслаб мотор и најниско ниво на опрема не би ги земал во предвид, ама стартната цена на MG дефинитивно е пониска. Ако успее вторава генерација на ZS да биде максимум 2-3000 евра поскапа, мислам ќе биде хит на нашиов пазар како и стариов модел.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #8 на: 22 Септември 2024, 19:47:38 pm »
Од сите наведени модели рено,шкода,па и поло, и етц конкретно Џили е спејшатал за сите камикот внатре и Џилито внатре нема што да се диксутира  се возев во Џили одлично е поготово внатре одлично од седишта до секој детаљ.Во МГ во такси се возев во Белград го прашав таксистот што како мислам дека кажа има 80 илјади поминато и дека нормален сервис уље филтри тоа етоа горе доле супер се за таа пара.Мене највеќе ми се допаѓа Џилито со што за околу 2,3илјади евра е поскапо како и за се  кај нас него кај соседите.Мислам дека 23,24 е реална цена  супер е возилото, другар ми го има и вози ново си е ново

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #9 на: 22 Септември 2024, 21:42:26 pm »
Ги има кај нас BYD? Денес ги гледав нивните модели, ептен ми остави впечаток Seal. Во Малта е 48000€, со грант за електрично возило се зема за 36000€. Не сум љубител на електрични коли, ама изгледа многу добро и има домет од 570км. По кажувањето на продавачот, со цел да се допаднат на европските купувачи, имаат вработено дизајнер што порано работел во Porsche.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #10 на: 22 Септември 2024, 23:36:13 pm »
Ги има кај нас BYD? Денес ги гледав нивните модели, ептен ми остави впечаток Seal. Во Малта е 48000€, со грант за електрично возило се зема за 36000€. Не сум љубител на електрични коли, ама изгледа многу добро и има домет од 570км. По кажувањето на продавачот, со цел да се допаднат на европските купувачи, имаат вработено дизајнер што порано работел во Porsche.

Прв пат видов вакво транзит низ Албанија, и не знаев дека е BYD. Возеше 2 коли пред мене, и го стигнав, за да видам поубаво за што количе се работи, зашто од далеку ми се виде како микс меѓу Панамера и Кајен Купе. Делува интересно во движење.

Отсутен Џони

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #11 на: 23 Септември 2024, 09:02:55 am »
Update: Цилаз веќе не се застапници за DR Automobiles, а за BAIC имаат гаранција 5 години / 100.000 km.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #12 на: 23 Септември 2024, 09:27:54 am »
Ги има кај нас BYD? Денес ги гледав нивните модели, ептен ми остави впечаток Seal. Во Малта е 48000€, со грант за електрично возило се зема за 36000€. Не сум љубител на електрични коли, ама изгледа многу добро и има домет од 570км. По кажувањето на продавачот, со цел да се допаднат на европските купувачи, имаат вработено дизајнер што порано работел во Porsche.

Има, постирав некаде, некое фирмиче беше, изгледа од трета рака земаат.

 
Сменет првиот пост со информациите на @zeroSignal 👍.

@Carpathian Lord за Starray прашував пред некоја недела во салонот во Џевахир, наводно требале до Белград да одат да договорат пратка и очекуваат есенва да стигнат. Ќе има и за тест.

Иначе Tiggo 8 Pro има фејслифт за 2025, надвор минимални, ентериер повидливи промени.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Прави мерак нек си ј.. м...

Сакам да го споредам со Starray-от, па ќе се размислам убаво.

Шкодата ми е со 28000km, уште една година гаранција, реално сеа е најдобар момент ако се решавам за нешто.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #13 на: 23 Септември 2024, 09:46:37 am »
BYD колку што знам немало, барем не од тековните модели. Неколку фирми се во игра за локалното застапништво. Би требало да се знае повеќе до крајот на годинава.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Кинески производители во Македонија
« Одговори #14 на: 23 Септември 2024, 10:24:03 am »
Овие се „импортери“ за BYD во Македонија