Прошлата недела ги возев баш тие два кинези Dongfeng Mage и Geely Coolray а да и Kia Sportage. Sportage веднаш отпадна од комбинација бидејќи за 7000 односно 4000 евра повеќе, добиваш многу помалце опрема а не ме импресионираше нешто спектакуларно.
Пред да ги возам немав некои големи очекувања од кинезите и пријатно ме изненадија, двете возат многу добро. Кај Mage за 25900 евра добиваш поголемо возило, покомотно, голем багажен простор, мислам за нијанса по мека вожња и 8 години гаранција на мотор и менувач и 5 на се останато.
Coolray кошта 29000 евра, кабината ми е многу по убава, по квалитетна финална изработка, има физички копчиња за клима што мене многу ме бендисува, подобри седишта, по интересен е за возење и гаранција од 2+2 години.
Кај двете возила има ситници кои што не ми се допаѓаат, но компромисот е тој, треба да се преживее или да се одвојат 40000 евра.