Растојанието меѓу двете наплатни станици е константно, па треба да се сомневаме во опремата која го мери времето.
Не отварај тема дали се синхронизирани времињата на наплатните станици, оти на ниту една станица не сум видел GPS антена. (не е исклучено да е некаде сокриена на кров)
Не знам колку си информатички информиран, ама постои нешто што се вика NTP сервери. Ако не знаеш што се - изгуглај.
На МНОГУ покритична инфраструктура од оваа во ЈПДП се користат NTP за синхронизација на време, не пак на патарини.
Во 2026 година ти бараш GPS антени (и некаква си посебна опрема за мерење) за синхронизација на времето. По сервери, системи и компјутери кои имаат пристап до интернет.
Не е ракетна проблематика.
Малку смешно е.
Не ме познаваш. Информатички сум доволно едуциран.
Не те познавам, ама према поракава ти си премногу самоуверен и препотентен. Пораката може да ти ја сфатам и со навредлива содржина.
За да ти ги дополнам знаењата:
Бев консултант за одреден систем на државава на кој на секоја точка имаше GPS антена за синхронизација на времето.
Процената при креирањето на системот (што ја правел некој попаметен од мене и тебе, таму надвор од држаавава пред повеќе години) е дека пристапот кон NTP серверите може да предизвика нерамномерно каснење, додека пак точноста на времето во GPS системот е на многу повисоко ниво, иако во позадина GPS системот делумно ги користи и NTP серверите...
Можам да елаборирам и повеќе, ама ова е сосема доволно за да не ти биде смешно.
Не знам како сега системот за наплата на патарини го мери времето. Можеби и не ме интересира или на сакам да се оптеретувам со туѓи проблеми.
Остани насмеан.