Здраво на сите,
сакам да поделам негативно искуство со наплатните рампи на Македонија Пат при користење на таг уред за наплата на патарината.
на 22.06.2024 движејќи се во правец од Гевгелија према Скопје системот за читање на ТАГ уредите не ми го детектира ТАГ уредот на крајните десни ленти на патарините Градско, Отовица и Петровец. Соседната лента на патарината го детектираше ТАГ уредот. Денот беше многу топол - околу 40º C и претпоставив дека не функционира опремата која е изложена на сонце.
На 14.07.2024 движејќи со од Скопје до Кавадарци и назад, повторно не го детектираше ТАГ уредот на враќање према Скопје на крајната десна сообраќајна лента на Градско, (на Отовица поминав низ покриена сообраќајна лента и детекцијата беше без проблем), меѓутоа на патарината на Петровец бевме две возила на крајните две десни ленти кои безуспешно се враќаме 4-5 пати за да ја поминеме наплатната рампа (јас бев на сообраќајна лента под настрешница). Мојот ТАГ беше детектиран и поминав, возачот на другото возило остана да се убедува со вработенит на патарината и го изгубив од видик.
Утредента дојде фактурата со приказот на поминување и на наплатната станица Петровец ми е наплатена поголема патарина.
Низ Србија нема проблем со детекција на ТАГ уредите на поголемот број на патарини низ кои поминав во овој период на високи температури.
Пред некој ден на фејсбук ми прелета една тема на која српски туристи на поминување низ Македонија се жалеа употребата на таг уреди за наплата на патарините. Не успеав да ја прочитам.
Дали некој од членовите овде користи таг уред за плаќање на патарини и какви се искуствата, дали Ви се случуваат слични проблеми?
P.S. Не е тема зошто извештаиве што Ви ги лепам со поракава се на српски јазик. Во моментов не можам (можеби не сакам) да го сменам јазикот, заради други причини кои не се важни за публиката