Чисто инфо за некој ако му затреба - поради реновирањето на едната лента (барем засега) во правец Скопје - Миладиновци, се прави гужва доста повеќе од ,,нормалната" гужва после работно време (~ 16 часот).
Фатив преку Петровец (па после се вратив накај Миладиновци/Свети Николе) - имаше 3 коли на 5 ленти во 16:15. Топ.
Не знам колку е разликата во километри, немам проверено. Минатата недела повеќе чекавме на патарината отколку што стигнавме од Водовод (под Кале) до патарината.
@Zile - Што е муабетов со тоа што снемува ленти за М-Кард? Се спремаат за фул М-ТАГ или како?
Конкретно вчера сабајлечки на Кадрифаково и на Преод немаше ленти за М-Кард, а имаше две ленти за М-ТАГ (никогаш не се случило на тие патарини, во тоа време). Исто беше и на Петровец и на Преод на враќање.