Автор Тема: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ  (Прочитано 10640 пати)

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #60 на: 24 Март 2024, 22:13:02 pm »
Јас имам земено преку А1 Oryx. Не ми затребало досега. Преплата на месечо ниво ми доаѓа на сметка 99 ден.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 693
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #61 на: 25 Март 2024, 17:06:07 pm »
Освен цената, во што е подобро ова од Европа Премиум на АМСМ ?

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #62 на: 04 Април 2024, 13:55:53 pm »
Продажната мрежа на Oryx во Македонија се шири и во Олимпико.

https://www.zubakgrupa.hr/en/news/oryx-assistance/olimpiko-macedonia-newest-partner-of-oryx-assistance/

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #63 на: 05 Април 2024, 08:16:44 am »
Diners има промоција на Oryx пакетите, се мислам да спукам еден. Овие не ограничуваат важност со истек на регистрација, туку цела година трае.
https://diners.mk/tekovni-promocii-za-2024/pomosh-na-pat/

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #64 на: 05 Април 2024, 09:12:00 am »
Diners има промоција на Oryx пакетите, се мислам да спукам еден. Овие не ограничуваат важност со истек на регистрација, туку цела година трае.
https://diners.mk/tekovni-promocii-za-2024/pomosh-na-pat/
Ако имаш дајнерс на твое име и колата е на твое име, земи си. Нема зошто да не. Види колку излага годишно.

Апликацијата ќе си ја нагодиш и сама си тера. Ти кажува да застанеш после 2 часа. Алерт има дека возиш над 130кмч. Алерт дека веќе 2 часа не си спуштил под 150кмч, немој одма да ја угасиш колата да се олади турбото итн. Сама детектира незгода. Ама секако испринтано тоа во кола со условите.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #65 на: 05 Април 2024, 10:30:32 am »
Вака да сфатам.

Мене регистрација ми е во јули. Ако одам утре Oryx ќе ми важи до јули? А цената што би ја платил би била како за цела година (како зелениот картон што наплаќаат) или пропорционално во однос на колку месеци остануваат до регистарација?

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5559
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #66 на: 05 Април 2024, 10:34:30 am »
Вака да сфатам.

Мене регистрација ми е во јули. Ако одам утре Oryx ќе ми важи до јули? А цената што би ја платил би била како за цела година (како зелениот картон што наплаќаат) или пропорционално во однос на колку месеци остануваат до регистарација?
Не Некој погоре имаше извадено, мислам независно од тоа е.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #67 на: 05 Април 2024, 12:05:17 pm »
Вака да сфатам.

Мене регистрација ми е во јули. Ако одам утре Oryx ќе ми важи до јули? А цената што би ја платил би била како за цела година (како зелениот картон што наплаќаат) или пропорционално во однос на колку месеци остануваат до регистарација?
Не Некој погоре имаше извадено, мислам независно од тоа е.
Некаде е зависно, некаде не. Зависи како вадиш. Значи ќе мора да се прочита малце, не се на готово.

Ако вадиш од осигурителна не знаеме, со полиса е. Ако вадиш со друго НОРМАЛНО дека НЕ Е поврзано со полисата.

Дајнерс, Мотоцентар, Олимпико, Динерс не е со полиса врзано. Можда и други.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5930
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #68 на: 05 Април 2024, 12:29:25 pm »
@Carpathian Lord
Балансирав и лепев гума и случајно ми текна дека на почетоков на темава имаше пишано за Мотоцентар. Прашав дали има и гледам дека се најевтини за големиот пакет. Ми дадоа уште 15 други листови документација со услови и новиот телефонски број за контакт за помош на пат. Ти треба само број на таблица, име и презиме, телефонски број и твоја адреса на живеење. Не треба да имаш посебна услуга во Мотоцентар. Важи од 22/03/2024-22/03/2025.

Најверојатно кога ќе ја регистрирам колата во ноември, пак ќе си важи. Не побараја ни сообраќајна. Ни број на шасија. Само таблица и модел на кола, опел астра.

Регистрацијата ми е на 24.11.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1312
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #69 на: 05 Април 2024, 12:35:24 pm »
Тој што го смислил како бизнис модел направи одличен потег. Разни фирми го нудат, од А1 по 100 денари дневно, до Халк, со секое каско - гратис.
Врзано е очигледно само по таблица, а по автоматизам се однесува на возилото и патниците.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5559
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #70 на: 05 Април 2024, 14:42:22 pm »
Нема нешто искуства ко шо гледам по интернет , една тема на редит од 3 реченици безначајни.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5930
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #71 на: 05 Април 2024, 14:49:35 pm »
Има негативно искуство со промена на водоводна цевка во Хрватска (наплатено до лимит на полиса) и друг случај, повикан клучар за отклучување на брава и фактурирано 1000, а кај останатите клучари 350. Хрватите се жалаат дека тарифникот на фирмите со кои соработуваат Орикс е доста висок. Дали е тоа така и кај автосервисерите или шлеп службите останува да видиме...

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2749
  • Слобода или смрт
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #72 на: 06 Април 2024, 09:31:22 am »
Вака да сфатам.

Мене регистрација ми е во јули. Ако одам утре Oryx ќе ми важи до јули? А цената што би ја платил би била како за цела година (како зелениот картон што наплаќаат) или пропорционално во однос на колку месеци остануваат до регистарација?
Не Некој погоре имаше извадено, мислам независно од тоа е.
Некаде е зависно, некаде не. Зависи како вадиш. Значи ќе мора да се прочита малце, не се на готово.

Ако вадиш од осигурителна не знаеме, со полиса е. Ако вадиш со друго НОРМАЛНО дека НЕ Е поврзано со полисата.

Дајнерс, Мотоцентар, Олимпико, Динерс не е со полиса врзано. Можда и други.

Преку А1 не е врзано со ништо. Јас земав за возило што е со бугарски табли.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1312
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #73 на: 06 Април 2024, 09:35:48 am »
Калкулираат дека се исплати да понудат некаква примамлива понуда, низ различен бизнис нетворк, со цени пониски од класика професионалниот АМСМ, кој на пример за службено патничко возило за Европа ми стои изгор.
Очекувам дека ќе имаат слична судбина со оноа Воззи, коа ќе искомплицираат состојба. И така 90% од проблемите на сите им се промена на дупната гума, ретко возење до сервис, а скороникогаш хотел или рент-а-кар.
Интересно е што секој нивни “подизведувач“ има различен број за локална асистенција ( например А1, СТБ, Халк даваат различен 24/7 број), а главниот центар во Хрватска може да се контактира и со вибер бројче.
Недајбоже да притреба, не верувам дека се од рангот на еден ADAC, AMSM, AMSS, HAK кои што имаат своја мрежа и возила за помош.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #74 на: 25 Април 2024, 19:36:06 pm »
Денеска земен Европа пакетот од А1 трае 24 месеци по 130 денари во претплатата и е врзан за бројот не е за возилото во било кое возило да си истото важи, недај боже да затреба  нек седи