Автор Тема: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ  (Прочитано 10645 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6450
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #90 на: 22 Јули 2024, 09:31:36 am »
На А1 најисплатлива е најскапата асистенција. Штета што мора нов договор, а нема посебно.

Од АМСМ со 3600ден годишно, покрива 200€ шлеп само.  :-X

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2352
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #91 на: 22 Јули 2024, 10:10:35 am »
Зошто мислам деак може да имаш посебен договор за Oryx? Сопругата беше лично до главната зграда на А1, на неа се води договорот за комбо пакетот, како што разбрав не мора да се продолжи комбо пакетот за да се вклучи Oryx со посебен договор. После пак ќе проверам, да не сум и јас грешка.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2749
  • Слобода или смрт
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #92 на: 22 Јули 2024, 10:12:15 am »
Јас активирав Oryx во А1 пред неколку месеци без продолжување на договор. Освен ако во меѓувреме не смениле нешто/

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #93 на: 22 Јули 2024, 10:19:24 am »
Јас земав исто од А1 али никој не ми побара договор за телефонот до кога ми е, само ми дадоа договор на 2 години од Oryx што секој месец ке ми стига плус на сметката во претплатата следните 2 години

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6450
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #94 на: 22 Јули 2024, 11:03:06 am »
Брат онлајн така видов, ама чим вие велите можи на претплатата кога сакаш, тогаш одлично.

EDIT:

Ете и во апликацијата на А1 постои како опција за активирање, не мора до никаде да се оди.  ;D
« Последно менување: 23 Јули 2024, 13:59:30 pm Power to the people »

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #95 на: 23 Јули 2024, 18:40:56 pm »
Za A1 dogovorot za plakanje e na 24 meseci a vaznosta na pomosta e 12 meseci. Naredna godina ke treba uste eden dogovor i kako ke tera natamu dupla uplata.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1729
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #96 на: 23 Јули 2024, 18:45:48 pm »
Земав ова Oryx од Олимпико во мај. Кај нив се води како Олимпико Асистенција и кошташе (мислам) 1500 денари. За тие пари нека седи во кола. 

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #97 на: 23 Јули 2024, 20:58:25 pm »
Земав и јас од Мотоцентар најскапото, таа глупата само марка ми упиша на кола и таблици, не и модел (не ме праша детално).

Ја инсталирав апликацијата, сосе сите дозволи кои ги бараше.

Нагло станав од тросед со телефонот во џеб и ми ѕвони МК број - "Добровечер господине дали е се во ред од Орикс се јавуваме?"

Ајде одма анинстал.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5933
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #98 на: 23 Јули 2024, 21:40:46 pm »
Хахахахаха, не ми се случило досега.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8127
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #99 на: 24 Јули 2024, 18:34:04 pm »
По маил со Олимпико завршив работа, земав пакет европа.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #100 на: 25 Јули 2024, 20:24:04 pm »
Разгледувам од кај да купам и јас еден пакет но по примерите од Хрватска ова ми личи на некој скам.
Искористи некој шлеп досега?
Ако добро разбрав од постот претходно сервисерите/шлеп логично веќе знаат дека имаш осигурање па си лупа цена дупло па така на пример доколку еден шлеп би коштал 1 000 евра он ќе наплати 1 500.
500 ќе покрие осигурање јас пак би платил 1 000, ама раат ќе бидам на пат имам осигурање на телефон за недајбоже.
Во ќар само осигурителниве дека продале нешто или можда грешам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #101 на: 25 Јули 2024, 20:58:02 pm »
Скам, а зад него стојат 10 осигурителни компании и двата мобилни оператори? Вие си знаете. Ене го постот на со бмвто на marjanot си стои за ум.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #102 на: 25 Јули 2024, 21:21:03 pm »
Тоа кој стои позади нив ништо не ми значи сите само интересот си го гледаат дур ти продадат нешто при најмал проблем барем у последниве година дена сватив колку веднаш стануваат тешко достапни и незаинтересирани за решавање на истиот. Ене го нептун трет ден не успеваат да го исконтактираат сервисот да им прати потврда дека тв то не успеале да го поправат во сервисниот рок и треба да се одобри замена. Замисли колку сложена работа...

Не тврдам ништо затоа и прашав дали некој имал искуство досега. А по мене доколку немаат договори на фиксна цена по километар и секој може да си става цена од ракав има добра основа утре шлепот да го платиме по иста цена како без осигурањево и ова да ни испадне џабе замарање.Се надевам не сум во право. Затоа повеќе ми се свиѓа опцијата што ја имаше вози за неограничени километри, јас би го платил тоа доколку го имаше како опција во секој случај така би бил раат ова не ми влева некоја сигурност.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5933
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #103 на: 25 Јули 2024, 21:23:27 pm »
Се согласувам за тоа дека наместо сума на пари, треба да пишува до колку километри опфаќа шлепот. За сѐ останато не можам да судам.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #104 на: 25 Јули 2024, 21:43:12 pm »
Се согласувам за тоа дека наместо сума на пари, треба да пишува до колку километри опфаќа шлепот. За сѐ останато не можам да судам.

Добра идеа со километрите!