Автор Тема: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ  (Прочитано 10571 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« на: 18 Март 2024, 11:27:59 am »
Oryx јас колку што успеав да најдам во МК може да се купи во Мотоцентар и Аутомакедонија. Другото е се исповрзано некако магично со други работи кои мора да се на тоа име и слично (за Телеком ако телефонот е на фирма, и колата мора да е на истата фирма, или треба документ дека фирмата го бла, бла нешто, не ми се ни слушаше понатаму, колку искомплицирале непотребно).

Ќе пишам ако сум успеал да направам нешто.

Инаку страната е оваа, и партнерите се овие:
https://www.oryx-assistance.com/mk/partners-in-success/

« Последно менување: 22 Март 2024, 13:39:34 pm Deni »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #1 на: 18 Март 2024, 11:49:09 am »
Во А1 имаат:

https://www.a1.mk/road-assistance

Цитат
A1 Македонија во соработка со ORYX Assistance, Ви ја нуди услугата Roadside Assistance - помош на пат, која Ви овозможува опуштено да патувате со Вашето возило, без да се грижите за евентуалните дефекти или сообраќајни незгоди при патувањето, во земјата или во странство. Услугата е достапна за сите А1 постпејд мобилни корисници (физички и правни лица), со склучување договор на 24 месеци.

За Halk Insurance ќе прашам подоцна, таму ми е полисата.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #2 на: 18 Март 2024, 11:56:41 am »
Го има и во Телеком. Не сум видел кои се условите. Ако треба, можам да обезбедам директен контакт. ;)

https://www.telekom.mk/oryx-assistance.nspx

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #3 на: 18 Март 2024, 12:01:50 pm »
Прашано во Halk Insurance.
1300 денари е годишно (за Europa) со следниве услови:



https://www.halkinsurance.com.mk/Library/uslovi/klas18/2.pdf

Не прашав дали мора да имаш полиса за автоосигурување од нив.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #4 на: 18 Март 2024, 12:30:41 pm »
Го има и во Телеком. Не сум видел кои се условите. Ако треба, можам да обезбедам директен контакт. ;)

https://www.telekom.mk/oryx-assistance.nspx

Ама е само за деловни корисници на Телеком. Додека во А1 е за сите нивни постпејд корисници.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #5 на: 18 Март 2024, 12:35:02 pm »
Во А1 имаат:

https://www.a1.mk/road-assistance

Цитат
A1 Македонија во соработка со ORYX Assistance, Ви ја нуди услугата Roadside Assistance - помош на пат, која Ви овозможува опуштено да патувате со Вашето возило, без да се грижите за евентуалните дефекти или сообраќајни незгоди при патувањето, во земјата или во странство. Услугата е достапна за сите А1 постпејд мобилни корисници (физички и правни лица), со склучување договор на 24 месеци.

За Halk Insurance ќе прашам подоцна, таму ми е полисата.
Ова од А1 делува интересно горе доле замена за вози мора да се најде

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #6 на: 18 Март 2024, 12:39:48 pm »
Како би се споредило ова со АМСМ пакетите?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #7 на: 18 Март 2024, 12:46:54 pm »
Не сум ни во Телеком, ни во А1. Како може да купам?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #8 на: 18 Март 2024, 13:10:31 pm »
Прашано во Halk Insurance.
1300 денари е годишно (за Europa) со следниве услови:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

https://www.halkinsurance.com.mk/Library/uslovi/klas18/2.pdf

Не прашав дали мора да имаш полиса за автоосигурување од нив.
Да, мора полиса. Сега прашав.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #9 на: 18 Март 2024, 13:15:18 pm »
Јас во април ќе земам од кај нив веројатно, таму ми е полисата.

Не гледам друга опција моментално за Oryx, а и општо во МКД за помош на пат (АМСМ не ги рачунам затоа што се meh со условите за Европа).

- А1 немам број, не планирам да имам.
- Телеком е за деловни лица.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #10 на: 18 Март 2024, 13:36:55 pm »
Само што добив инфо од Аутомакедонија. Не мора со полиса, може само асистенција. Ќе ти ја врзат со колата преку сообраќајна. Така да моментално ова е опцијата за ако треба да не си врзан со друг производ (А1, Телеком, Динерс итн)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #11 на: 18 Март 2024, 14:18:15 pm »
Само што добив инфо од Аутомакедонија. Не мора со полиса, може само асистенција. Ќе ти ја врзат со колата преку сообраќајна. Така да моментално ова е опцијата за ако треба да не си врзан со друг производ (А1, Телеком, Динерс итн)

Пакет АМ Европа Extra e 1800 денари ако разбирам добро.

https://automakedonija.com.mk/automakedonija-asistentsija-novo-nivo-na-sigurnost/


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #12 на: 18 Март 2024, 14:22:20 pm »
Basic ти треба, нема потреба од Extra. 1490денари што е.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #13 на: 18 Март 2024, 14:28:43 pm »
Basic ти треба, нема потреба од Extra. 1490денари што е.

Па што знам, за 300 денари повеќе (до Extra) имаш 12000 денари (200 евра) повеќе за шлеп и 100 евра за поправка на пат...

Отсутен ORYX Assistance

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Oryx Assistance - ПОМОШ НА ПАТ
« Одговори #14 на: 18 Март 2024, 14:43:18 pm »
Zdravo na site,
ORYX Assistencija moze da se kupi i vo Telekom i A1. Kako fizicki lica taka i pravni subjekti. Cenite sedaleku poeftini otkolku vo AMSM. Vklucuvajki gi i limitite koie se daleku podobri i pogolemi.
Ja ima i vo slednive osiguruvanja - UNIQA, HALK Osiguruvanje, EVROINS, Winner.
Ja ima vo slednive banki: Silk Road Banka, UNI Banka, Stopanska banka Skopje, HALK Banka.
Ja ima i vo Automakedonija, Motocentar, CERTUS Tehnicki pregledi, Diners.
Lizing kompanii : Sleasing, NLB Leasing, Stopanska banka leasing