Изгледа толку од Маврово, единствениот ски центар што колку-толку функционираше кај нас... Греота сме:
"Со новиот сопственик на ски-центарот Маврово неизвесно е дали зимава ќе има скијање"
https://mkd.mk/makedonija/so-noviot-sopstvenik-na-ski-centarot-mavrovo-neizvesno-e-dali-zimava-kje-ima-skijanje/„Што ви е гајле вас. Општината нека го среди тоа со паркингот долу кај хотелот Спорт, па ќе има скијање. Што ѝ е гајле на јавноста дали ќе има зимава скијање или не! Е па нема да има! Кој си ти што ми се јавуваш? Од каде ти е бројот? Да, нема струја, ама јас ја исклучив струјата. Што има да се троши струја кога не работиме. И што ако нема скијање зимава, голема работа…“
Додека во соседството сериозно го сфаќаат зимскиот туризам, кај нас баш ни е гајле, во Србија скијалиштата се државни, ги управува државна фирма, инвестира, кај Бугарите со под закуп дадени, но работат, кај нас е јада, беда и очај.
Барем на Маврово се идеше на еден ден да поскијаш, луѓе грдни пари за станови дадоа, сега без скијање нема ни поента да идеш, нема патека да прошеташ околу езеро, нема тротоар да стигнеш пешки до терените, нема живот вон сезона, а сега нема ни да има ни во сезона.
Останува да видиме кога ќе се приватизира и Мавровското езеро, па тој ќе го испуши цело за да направи профит од струјата во договор со ЕСМ и да го затвориме националниот парк како што доликува.
