Ме убеди. Прескапо е во Македонија. Крајно време е да поефтини поседувањето на возила. И Дедо Мраз постои.
2800 наспрема 320 еур.
Кај нас е многу ефтино, ама
1. Така и треба да биде пошто и патните инфраструктури ни се со толкава разлика
2. Надокнадуваме делумно со цените на возилата, поточно со акцизата
1. Не, осигурувањето нема врска со патна инфраструктура.
2. Не, не надокнадуваме ништо, бидејќи тие пари одат за државата и нема никаква врска со осигурувањето. Неповрзани се работите и наивно е да се „оправдува“ една давачка со друга.
Врата за Cayenne (која нели треба да ја плати осигурувањето, ако нешто се случи) во официјален сервис чини исто (или многу слично, во зависност од давачки) и во Македонија и во Германија и во Холандија. Разликата може да биде во цената на работната рака.
Е сега, ако во една земја осигурувањето чини (карикирам) 1000 евра, во друга земја 100 евра, можностите осигурителните компании да покријат трошоци се многу различни. Да не праиме муабет дека колите стануваат сè поскапи и поскапи и поскапи. Си прашал колку чини нов фар за нов BMW X5 во официјален сервис?
Седни.
Седиш?
Сигурно седна?
8000 евра.
Знам, бидејќи на другар пред неколку месеци осигурувањето му покри 8000 евра за нов фар.
Колите поскапуваат. Сервисните центри поскапуваат. Нелогично е осигурувањето да остане исто. Односно, неодржливо е.