Автор Тема: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011  (Прочитано 16497 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #150 на: 20 Јуни 2024, 13:38:19 pm »
Стигна писмо за регистрација, така да сега ги имам финалните цифри:

1. Регистрација: 1728 EUR
2. Осигурување: 816 EUR
3. Технички: 44 EUR

Или вкупно годишно: 2588 EUR
Ако ве интересира, да беше дизел ќе беше вкупно (за истото возило): 4020 EUR
Баш фино што сподели, малку да видиме реално како изгледа поседување на возило.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #151 на: 20 Јуни 2024, 14:18:02 pm »
Секоја година мора регистрација во NL? Осигурањето багатела во споредба со Австрија, тука за 80кс се плаќа 900 и кусур годишно.
Еве осигурање за џипетинава колку би коштало, чисто за споредба:

« Последно менување: 20 Јуни 2024, 14:24:47 pm Molec »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #152 на: 20 Јуни 2024, 14:36:56 pm »
Само 20 пати поскапо од кај нас. Или кај нас нешто не штима и е нереално ефтино, или кај нив нешто не штима и е нереално скапо. Е кое од овие ли ќе да е.

Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #153 на: 20 Јуни 2024, 14:42:21 pm »
Секоја година мора регистрација во NL? Осигурањето багатела во споредба со Австрија, тука за 80кс се плаќа 900 и кусур годишно.
Еве осигурање за џипетинава колку би коштало, чисто за споредба:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Малце да под објаснам, јас го викам регистрација за полесна споредба со МК, тука у Холандија не постои едно големо плаќање за регистрација како што е во МК, тука има помали плаќања кои се прават посебно.

1. MRB т.е Данок за Улици. Ова е нешто како регистрација во МК. Го плаќаш за да имаш валидни таблици и се плаќа на секои три месеци. Моментот кога ќе извадиш таблици, ти стига вакво писмо:

И ова се наплаќа за тежина + вид на гориво. Не ги интересира дали е 900 коња или 60, туку колку тежи возилото на осовина и што гориво има. Мене ми го израчунале 2.1 тон на осовина + бензин што искача 432 евра/тромесечие. За бензин и 1.6 тони (обична кола) искача 222 евра/тромесечие а за 2.1 тон дизел искаќа 671 евра/тромесечие. Тука секој втор вози Toyota Aygo што е бензин 1 тон рамно и за оваа кола кошта 88 евра/тромесечие.

2. Осигурување си зимаш посебно, не знам зошто но во Холандија е многу ефтино, барем у споредба со Германија.

3. Технички преглед се прави еднаш во две години и кошта некои си 50-70 евра.

Најинтересниот дел, е што тој данок за улици (што е најскап) важи само во Холандија. Сосема легално е јас да не го плаќам (поднесам барање за привремен престан), со тоа возилото не смее да вози никаде во Холандија, али осигурување уште важи и може во странство да се вози без никаков проблем.
« Последно менување: 20 Јуни 2024, 14:51:48 pm Co9099 »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #154 на: 20 Јуни 2024, 15:03:43 pm »
Супер си пишал ти. Годишна цена за колата. Крај. Толку ти е трошокот за таа кола.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #155 на: 20 Јуни 2024, 15:10:39 pm »
Баш фино што сподели, малку да видиме реално како изгледа поседување на возило.

Само 20 пати поскапо од кај нас. Или кај нас нешто не штима и е нереално ефтино, или кај нив нешто не штима и е нереално скапо. Е кое од овие ли ќе да е.

Се ќе беше во ред - уште да ги споредевме и просечните плати/чиста плата таму и тука (годишните, не месечните).
И после да го направиме есапот.

Ако некој тука зема 360000 илјади годишно (30илјади плата x 12) - ова е 5834 евра годишно.
Просечна регистрација овде излегува 17-20000 (технички, осигурување, умрениот зелен картон), барем мене Леонот ме чини 17000, со макс попуст на осигурувањето.
17000  од 360000 е 4.7% годишен трошок од нето годишната плата, под услов работникот да зема 30000 месечно. И под услов да не вози Порше Кајен. За ова не ги знам трошоците тука, нека ги пише некој ако знае.

Дај нека каже членот колку зема годишна плата таму, па да пресудиме и скалесто да направиме споредба. Вака - не може да се тешиме дека ние плаќаме пре-евтино.
Aко него го чини 2588 евра за регистрација на Поршето - треба да израчунаме процент на тој трошок од годишната плата.
« Последно менување: 20 Јуни 2024, 15:29:27 pm balanar »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #156 на: 20 Јуни 2024, 15:11:18 pm »
Сега проверив набрзина за во Германија и тука осигурување ќе е ~3000€ + данок околу 400 €...солено било да поседуваш Порше, не било само купи го  :)

Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #157 на: 20 Јуни 2024, 15:29:11 pm »
Баш фино што сподели, малку да видиме реално како изгледа поседување на возило.

Само 20 пати поскапо од кај нас. Или кај нас нешто не штима и е нереално ефтино, или кај нив нешто не штима и е нереално скапо. Е кое од овие ли ќе да е.

Се ќе беше во ред - уште да ги споредевме и просечните плати/чиста плата таму и тука (годишните, не месечните).
И после да го направиме есапот.

Ако некој тука зема 360000 илјади годишно (30илјади плата x 12) - ова е 5834 евра годишно.
Просечна регистрација овде излегува 17-20000 (технички, осигурување, умрениот зелен картон).
17000 од 360000 е 4.7% годишен трошок од нето годишната плата, под услов работникот да зема 30000 месечно.

Дај нека каже членот колку зема годишна плата таму, па да пресудиме и скалесто да направиме споредба. Вака - не може да се тешиме дека ние плаќаме евтино.
Aко него го чини 2588 евра за регистрација на Поршето - треба да израчунаме процент на тој трошок од годишната плата.

Претежно споредбата тука што ја правиме е со Белгија, платите се слични а во Белгија скоро се е дупло поефтино.
Инаку 5543 ЕУР/нето (13 плати во годината).

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #158 на: 20 Јуни 2024, 15:32:28 pm »
Ти благодарам што сподели, реткост е ова.  :)
Инаку, излегува 3.59% трошок од годишните нето примања.

Пак е помалку од 4.7% трошок од годишните нето примања (годишна плата од 360000 годишно или 30000 месечно денари) за годишни редовни трошоци на Сеат Леон 2.0TDI од 2010-та.
Затоа му реков на Дени да се фрламе предвреме и не се тешиме дека ние овде плаќаме преевтино, а во ветените земји е скапо и било „реално“.

Сега - овде има варијабли како тоа што некој овде што вози Леон може да зема плата од 50-60000 месечно и трошокот годишен да излезе помалку во проценти.
Ама јас не сум чул некој во Холандија или Белгија (со нормална и стабилна работа) да е под 3500 евра месечно, а овде уште поретко сум чул некој да е со 60000 денари месечно (па и да вози Порше Кајен), така да...
« Последно менување: 20 Јуни 2024, 15:41:54 pm balanar »

Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #159 на: 20 Јуни 2024, 15:58:26 pm »
Ти благодарам што сподели, реткост е ова.  :)
Инаку, излегува 3.59% трошок од годишните нето примања.

Пак е помалку од 4.7% трошок од годишните нето примања (годишна плата од 360000 годишно или 30000 месечно денари) за годишни редовни трошоци на Сеат Леон 2.0TDI од 2010-та.
Затоа му реков на Дени да се фрламе предвреме и не се тешиме дека ние овде плаќаме преевтино, а во ветените земји е скапо и било „реално“.

Сега - овде има варијабли како тоа што некој овде што вози Леон може да зема плата од 50-60000 месечно и трошокот годишен да излезе помалку во проценти.
Ама јас не сум чул некој во Холандија или Белгија (со нормална и стабилна работа) да е под 3500 евра месечно, а овде уште поретко сум чул некој да е со 60000 денари месечно (па и да вози Порше Кајен), така да...

Просечната плата е околу 3100, минимална 2130, мене и е платата малце повисока дека сум на пониска даночна стапка (имам попуст на данок дека сум под 30 год). Проблемот е што домувањето е скапо и е генерално досадно место за живеење, али бидејќи јас работам од дома, претежно си седам во МК пола од годината.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #160 на: 20 Јуни 2024, 21:11:31 pm »

Mene me interesira dali si sporeduval danocenjeto so Germanija. Kako e vo Holandija sporedbeno so Germanija. Zboram za malce nadprosecna plata. Dobivam mix informacii nekoi vikaat pomalo e danocenjeto vo Holandija nekoi mi vikaat povekje...

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #161 на: 20 Јуни 2024, 21:33:04 pm »
Баш фино што сподели, малку да видиме реално како изгледа поседување на возило.

Само 20 пати поскапо од кај нас. Или кај нас нешто не штима и е нереално ефтино, или кај нив нешто не штима и е нереално скапо. Е кое од овие ли ќе да е.

Се ќе беше во ред - уште да ги споредевме и просечните плати/чиста плата таму и тука (годишните, не месечните).
И после да го направиме есапот.

Ако некој тука зема 360000 илјади годишно (30илјади плата x 12) - ова е 5834 евра годишно.
Просечна регистрација овде излегува 17-20000 (технички, осигурување, умрениот зелен картон), барем мене Леонот ме чини 17000, со макс попуст на осигурувањето.
17000  од 360000 е 4.7% годишен трошок од нето годишната плата, под услов работникот да зема 30000 месечно. И под услов да не вози Порше Кајен. За ова не ги знам трошоците тука, нека ги пише некој ако знае.

Дај нека каже членот колку зема годишна плата таму, па да пресудиме и скалесто да направиме споредба. Вака - не може да се тешиме дека ние плаќаме пре-евтино.
Aко него го чини 2588 евра за регистрација на Поршето - треба да израчунаме процент на тој трошок од годишната плата.
Значи кај нас е 20000 годишно за колата. А месечно викаш се зима 60000 плата. Значи третина од платата.

Согласно тоа ако 4000евра му е трошок за колата, значи дека за да сме процентуално исто тој треба да зема 12000 евра нето плата. Ако не и повеќе.

Согласно тоа, може да заклучиме дека кај нив е 1 месечна плата колата, а кај нас е 1/3 месечна плата. Со други зборови или кај нас нешто е ненормално ефтино, или кај нив е скапичко.

Исто ти се фаќа. Како и да се вртиш...

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 325
  • The best or nothing.
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #162 на: 20 Јуни 2024, 21:53:59 pm »
Ефтино е, бидејќи немаме никаков закон. Почни од најосновното, пат. Патиштата се канта, крпеници. Лоши делници, автопати, кои се градат повеќе од 10год а не се гледа крајот. Потоа немаме регулатива за загадување на колите. Само еден закон да се имплементира од Холандија, има пола возен парк, да се пензионира. Има многу варијабли целата приказна.

@Co9099 по читаново, се занимаваш со ит.
Си размислил за рент на станче во Грција, па малку во Португалија/Шпанија, па на приморје во Хрватска?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #163 на: 20 Јуни 2024, 21:55:53 pm »
Значи кај нас е 20000 годишно за колата. А месечно викаш се зима 60000 плата. Значи третина од платата

Не, читај пак.  Викам дека се зема просечно 30000 месечно плата (спомнав 60000 месечно како многу поретки случаи). Да бидеме реални сепак, кој зема плата од 60000 овде? Многу, многу почести се примањата од 30-35к.

20000 од плата 30000. За регистрација на Сеат Леон, не Кајен.
Значи 2/3 од една месечна плата овде, не 1/3.

-------------------------------------------------------

Во неговиот случај е 1/2 половина од месечна плата (2588 евра од 5543 евра).
Пак е поевтино.

Еве и да не е плата од 5543 како неговата. Да ставиме плата 4000 месечно на трошок од 2588 евра (пошто нема никој да си купи Кајен на минималец од 3100 евра).
Доаѓа пак околу 2/3 од месечна плата што е еднакво колку да си платиш 20000 за регистрација на Леон овде со плата од 30000.

Не знам во кој универзум математикава е на страна на Македонија како „поевтина“.
Настрана тоа што цело време споредувам Кајен и Леон, не ги знам трошоците овде за регистрација, технички и осигурување на Порше Кајен. Сигурно се повисоки од тие за Леон.
Воопшто не е исто, без разлика дали се вртиш или не.
« Последно менување: 20 Јуни 2024, 22:13:24 pm balanar »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг: Porsche Cayenne Turbo (493 PS) 2011
« Одговори #164 на: 20 Јуни 2024, 22:24:21 pm »
Ме убеди. Прескапо е во Македонија. Крајно време е да поефтини поседувањето на возила. И Дедо Мраз постои.

2800 наспрема 320 еур.