Автор Тема: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir  (Прочитано 17138 пати)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #90 на: 27 Август 2023, 10:16:00 am »
Друже,Алфа имаш,поголем изговор да те нема дома од тоа нема да имаш никогаш.
Зошто не ги исполира двата?
Според мене,требаше двата(едниот повеќе,другиот помалку),али ок,твоја одлука.

Не се сложувам, да полираш нов фар кој од фабрика веќе имат одредена заштита, е само барање беља.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #91 на: 29 Август 2023, 13:42:08 pm »
Потрагава по масло за менувач испадна ко еднорог да барам.

Аутоцентар ми се јавија дека добавувачот немал на залиха, ми откажаа. Охриѓаниве ми се јавија дека добавувачот на компјутер имат 12 парчиња на залиха ... ама не можат да ги најдат во магацин. Фас Вас немаат, и немаат појма дали некогаш би донеле. Изгледа ќе морам да барам алтернатива, гледам дека Ravenol имаат соодветна вискозност, по спецификација, ќе ги барам Техномото покасно денес да ми кажат цена и залиха.

Денес направив промена на фреонот во климата, и приметив дека имат одредено тропкање на моменти, и разлика во дување помеѓу возачката и совозачката страна кога климата е наместена на една зона. Веројатно е blend door actuator, така да го додавам и то на списокот за наредна посета на сервис.

Трет муабет, после недела дена вртење на телефон, конечно успеав да ги добијам Аутомобиле СК во Битола и да прашам какво масло е точно ставено при сервисот. Одговорот, “Немавме во моментот на залиха С3, па ставивме С2. Ама немаш гајле, ако треба да дополниш слободно стави С3, се мешаат.“, шо значит на наредна посета на сервис ќе направам и flush комплетен и ќе ставам ново масло. Би требало да се заинаетам и да ги натерам на нивен трошок да стават соодветно масло, ама немам живци за тоа.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #92 на: 29 Август 2023, 13:48:13 pm »
Единствено нешто со кое не би играл играчки на мотор со Multiair е маслото.

Сфати ме како сакаш, искрено јас би се заинатил и би ги терал да си го сменат на нивни трошок, од кај сакаат нека го набават.

Или нека потпишат писмено дека гарантираат дека "може да тераш, нема гајле", па после ако рикне Multiair единицата, ти да им ја оставиш колата и да им речеш "терајте вие сега, ја немам гајле".

И ако можеш побарај и во овластен масло за менувач, ама во Скопје. Види тие што имаат, ако не си пробал до сега :)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #93 на: 29 Август 2023, 14:13:30 pm »

Во право си. Им пишав мејл на Аутомобиле СК Скопје, со сервисот во Битола во СС, и ќе инсистирам да го сменат маслото на нивен трошок. Денес на телефон ми кажаа дека тазе добиле С3 масло, така да би требало да имаат на залиха.

Ќе се јавам кај Илија за маслото, секако во октомври планирам кај него да одам за голем сервис, каишот и водната пумпа не се сменети 5 години, така да можам на исти трошок и масло да сменам.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #94 на: 29 Август 2023, 14:16:54 pm »
Терај до крај за уљето, не ги оставај.

За мењачот, да пробаш ова...?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #95 на: 29 Август 2023, 15:55:01 pm »
Единствено нешто со кое не би играл играчки на мотор со Multiair е маслото.

Сфати ме како сакаш, искрено јас би се заинатил и би ги терал да си го сменат на нивни трошок, од кај сакаат нека го набават.

Или нека потпишат писмено дека гарантираат дека "може да тераш, нема гајле", па после ако рикне Multiair единицата, ти да им ја оставиш колата и да им речеш "терајте вие сега, ја немам гајле".

И ако можеш побарај и во овластен масло за менувач, ама во Скопје. Види тие што имаат, ако не си пробал до сега :)

Нема гаље оваа со Multiair-от. Веќе е сменат еднаш. Ставен е ревидиран.

Јас кога ја зедов сум сменил баш такво масло во менувач. Tutela Transmission Gearforce 75w.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #96 на: 29 Август 2023, 16:37:45 pm »
На малку попозитивна тема, ме посети денес летниот Дедо Мраз. Ги наместив пред малку, да се стемнит и ќе излезам на едно кругче да видиме шо сме направиле. Втората фотографија е од она што излезе од фаровите, шо немат да го коментирам. Едната диода на десната сијаличка беше и прегорена.

Отсутен SantaMozarella

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #97 на: 29 Август 2023, 19:29:31 pm »
Истите светла ги монтирав на мојата Џули - одлично светат! Поиграј си малку со вртењето на сијалицата во самиот фар, за по фокусирана светлина. Инаку никој до сега не ми блендирал, веќе пола година ги возам 👌🏽

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #98 на: 29 Август 2023, 23:49:22 pm »
Набрзинка две слики на плус минус истото место, споредба меѓу старите кинески сијалички и Philips Ultinon Pro9000. Јас сум искрено презадоволен, иако би си поиграл утре со ротацијата за да го намалам/елиминирам light bleed-от над cut-off линијата. Никој не ми аблендираше вечерва, ама сепак. Исто така, сакам да пробам и темната флека долу лево да ја решам, така да утре ќе си поиграм и ќе ги однесам на технички за нивелирање.

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #99 на: 30 Август 2023, 00:35:54 am »
Си има како се местат, на 9 и 3 часот треба да бидат ледовите, нема што да ротираш, намести ги така и тоа е тоа.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #100 на: 30 Август 2023, 10:58:34 am »
Ги проверив сабајлево, таман си се диодите на 3 и 9, така да то е то со снопот. Дупката долу лево веројатно е некаква нечистотија внатре во лупата, ќе ја решавам некој убав сончев ден ко ќе имам живци да го извадам фарот и да го издувам со компресор.

Поминав и до на технички, добив “абе ти си луд, совршен ти е снопот на кратките“, само ми ги поткренаа долгите малку, прениско беа. Јас би рекол дека си го решив проблемот со осветлување во догледна иднина.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #101 на: 04 Септември 2023, 21:13:00 pm »
Најде сијалици за рикверц ? Јас денес ги пробав едни, ама одма грешка јави

https://www.ebay.de/itm/385617280391?mkcid=16&mkevt=1&mkrid=707-127634-2357-0&ssspo=tenxe11rsoy&sssrc=4429486&ssuid=tA8Jv0pPTXG&var=&widget_ver=artemis&media=COPY

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #102 на: 05 Септември 2023, 10:45:44 am »
Најде сијалици за рикверц ? Јас денес ги пробав едни, ама одма грешка јави

https://www.ebay.de/itm/385617280391?mkcid=16&mkevt=1&mkrid=707-127634-2357-0&ssspo=tenxe11rsoy&sssrc=4429486&ssuid=tA8Jv0pPTXG&var=&widget_ver=artemis&media=COPY

Најдов, да. Овие ги ставив, многу појака диода е и влечат многу повеќе струја, немам грешка на таблата. Се малку скапички ама вредат според мене.

https://www.aliexpress.com/item/4000935276393.html

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #103 на: 06 Септември 2023, 22:55:34 pm »
Дај ако сакаш напрај скриншот, да видам дали се тие што мислам, оти не ми ги отвора вика не се достапни на мојата локација, па да си ги порачам на МК адреса  >:( Денес ми стигнаја уште едни, ама и со нив ми јави грешка   :-\

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #104 на: 08 Септември 2023, 17:42:27 pm »
Дај ако сакаш напрај скриншот, да видам дали се тие што мислам, оти не ми ги отвора вика не се достапни на мојата локација, па да си ги порачам на МК адреса  >:( Денес ми стигнаја уште едни, ама и со нив ми јави грешка   :-\

Те изумив малку, извини. Повели скриншот.