Автор Тема: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir  (Прочитано 17108 пати)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« на: 16 Јули 2023, 20:57:09 pm »
После подолго време читкање на форумов и повремено вклучување во теми овде-онде, и апсолутен недостиг на воља да го претставам претходното возило, отварам тема за нешто што го возам минативе 3-4 дена, и се надевам ќе го возам барем неколку години.

Пред околу две години тргнав да си ја барам првата моја кола. Со релативно скромен буџет, она што ми се допаѓаше беа Kia ProCeed, Alfa Romeo MiTo, и Renault Megane Coupe, сите од 2009-2010 година. Бидејќи ми беше прва кола, не сакав да се заглавам со трошоци па зедов Kia како најпаметна солуција од она што се нудеше на пазаров во моментот. Реното го заборавив, ама Алфата цело време ми остана неостварена желба.

Пред десетина дена на оглас ми излезе Alfa Romeo Giulietta, 1.4 MultiAir мотор со 170 коњски сили, металик црвена боја и веројатно моите најомилени Alfa бандажи. Поголема од MiTo-то што го сакав претходно, ама па и сакав кола со четири врати овојпат.

Long story short, бев да ја видам, после 40тина минути возење и гледање, оставив капар, и по некој ден отидов до Куманово да си ја земам.

Знам дека е Alfa, знам каква репутација имаат, ама конкретниов примерок е купен во Скопје, има целосна сервисна историја во Аутомобиле СК, кај Илија и кај Велиновски, така да од тој аспект не се секирам. Вчера бев кај локален мајстор за подвозје, кажа дека апсолутно ништо не е сменето откако излегла од салон, и дека освен крстачи на полуосовините, нема ни потреба да се менува. Неделава планирам да ја однесам во Аутомобиле СК во Битола бидејќи ми се најблизок овластен сервис, да направам мал сервис и една комплетна дијагностика, па да видам што се ме чека.

Нивото на опрема е малку чудно, и е комбинација на Distinctive и QV-line нивоата колку што можев да приметам. Од работи кои фалат, нема темпомат, нема паркинг сензори, и нема електрика на задните прозори. Темпоматот е лесен (и релативно ефтин) retrofit, сензорите ќе ги решам со мултимедија систем и задна камера, а електриката не ми е и некој голем проблем. Од друга страна, има side skirts од Giulietta Quadrifoglio, има 18" бандажи, и ги има големите Brembo кочници со 330 милиметри дискови. Очекувано е покрута од Киата што ја возев претходно, ама далеку од неудобна, што ми се допадна многу.

Од работи што треба да се направат, имам мал сервис (планиран за неделава) и треба да се потсредат неколку ситници во ентериерот, како на пример прекинувачот за совозачкиот прозор, тапацирот на предните врати, и рачката за менувачот. Планирано е комплетно хемиско, чистење на моторен простор, полирање и керамика, а ако успеам и бандажите би ги потсредил малку, очигледно не сакаат тротоари. Гуми имам летни и зимски, што би требало да издржат до наредната година, па ќе земам нови. Исто така голема желба ми е да го сменам дифузерот назад и да ставам втор излез, ама едно по едно.

Деновиве многу ја возам, малку ја сликам, така да ќе сум скромен со фотографии, ама ќе ставам уште нешто кога ќе вреди :)



« Последно менување: 16 Јули 2023, 21:03:05 pm fuzzjaw »

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1008
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #1 на: 16 Јули 2023, 21:03:05 pm »
Честитки, со здравје да се вози! Бојата ти кажав, перверзија :)

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #2 на: 16 Јули 2023, 21:13:19 pm »
Прекрасен примерок, ми имаше и мене чепнато во око од огласите. Со здравје да си ја возиш, редовен сервис и ќе немаш мака :)

И обавезно проверувај дали има уље под неа, ако нема под неа, нема ни во неа :)

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #3 на: 16 Јули 2023, 22:00:31 pm »
Одлично изгледа, со здравје да се вози!

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #4 на: 16 Јули 2023, 22:13:28 pm »
Создравје да се вози и не заборавај да си смениш Мултиаир филтерче при сервис  :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #5 на: 16 Јули 2023, 22:42:19 pm »
Честитки, прекрасно ауто, со соодветна моторизација. Баш ми е ќејф што не си паднал на гранапските муабети за Алфа и си се одлучил да земеш една. Со здравје да се вози, и многу безгрижни километри. Изгледот ѝ е топ, јас би ја чучнал со едни Eibach за 30mm, уште подобро ќе изгледа. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #6 на: 17 Јули 2023, 00:11:30 am »
Фала ви дечки, поубаво да ви се враќа.

Честитки, прекрасно ауто, со соодветна моторизација. Баш ми е ќејф што не си паднал на гранапските муабети за Алфа и си се одлучил да земеш една. Со здравје да се вози, и многу безгрижни километри. Изгледот ѝ е топ, јас би ја чучнал со едни Eibach за 30mm, уште подобро ќе изгледа.

Муабети колку сакаш, ама сметам дека со редовни сервиси и паметно возење, Алфа не е ништо полоша или порасиплива од друга кола. Старите генерации им ја упропастија малку репутацијата, ама искрено, не ми е многу гајле. Ќејф е во прашање :)

Eibach ProKit-от ми е на список на потенцијални надградби, 35/25 поконкретно, ама прво да ја досредам комплетно козметички, па ќе одиме на такви работи.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #7 на: 17 Јули 2023, 09:17:14 am »
Супер боја, мотор, бандаж.

Да и е убава среќата и долго да те служи!

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #8 на: 17 Јули 2023, 09:42:11 am »
Убаво возило убава комбинација на мотор, создравје да се вози и само убавини да и видиш

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #9 на: 17 Јули 2023, 11:07:10 am »
Честито! Убава кола!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #10 на: 17 Јули 2023, 12:13:03 pm »
Bravo, ubavo kolice a i bojava kako i legnuva papap.

So zdravje da se vozi

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #11 на: 17 Јули 2023, 13:05:51 pm »
Честитки, со здравје да се вози.

Sent from my SM-S916B using Tapatalk


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #12 на: 17 Јули 2023, 13:51:30 pm »
Со здравје да се вози. Убава боја. Сакав и јас ваква црвена, ама не начекав.
Иначе опремата е таа Distinctive, малку чудна. Во овие првите серии немаше QV-line, со фејслитот тоа го измислија. Задни паркинг сензори и не ти требат баш. Јас сакав да монтирам, ама реално не треба.

Мојата ја возам веќе 3 години, освен редовен сервис, друго нема никаква дефекти.

Се надевам дека ќе ги вратиш бандажите во оргиналната сребрена боја, да не се губат вака во црнилата.

Повели линк за најдобра верзија за промена на радиото со мултимедиа соодветна.
https://www.alfaowner.com/threads/joying-headunit-with-bose-system-no-audio.1205763/
Ако најдиш како да го нарачаш, сакам и јас.

Еве ти линк од мојата, да видиш за задниот дифузер и втор издув. Ако ти требаат дополнители информации, пиши ми слободно.
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,24928.msg1196917.html#msg1196917

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #13 на: 17 Јули 2023, 15:04:27 pm »
Со здравје да се вози. Убава боја. Сакав и јас ваква црвена, ама не начекав.
Иначе опремата е таа Distinctive, малку чудна. Во овие првите серии немаше QV-line, со фејслитот тоа го измислија. Задни паркинг сензори и не ти требат баш. Јас сакав да монтирам, ама реално не треба.

Мојата ја возам веќе 3 години, освен редовен сервис, друго нема никаква дефекти.

Се надевам дека ќе ги вратиш бандажите во оргиналната сребрена боја, да не се губат вака во црнилата.

Повели линк за најдобра верзија за промена на радиото со мултимедиа соодветна.
https://www.alfaowner.com/threads/joying-headunit-with-bose-system-no-audio.1205763/
Ако најдиш како да го нарачаш, сакам и јас.

Еве ти линк од мојата, да видиш за задниот дифузер и втор издув. Ако ти требаат дополнители информации, пиши ми слободно.
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,24928.msg1196917.html#msg1196917

Фала ти. Ја имам читано темата за твојата, од тука и видов дека има опција за втор издув и си го ставив во список на набавки за натаму. Ама прво дифузер, па излези, па ќе видиме за монтажа и цевките. Веројатно ќе ти пишам тогаш ако немаш ништо против за повеќе детали, би сакал наредна пролет да го средам тоа.

За мултимедија и сензори, искрено ме разгалија сензорите што ги наместив на претходната кола. Предните и не толку, мнооогу ретко и ги користев, ама задните многу ми се најдоа. Заради тоа се мислам, дали сензори, дали мултимедија со безжичен CarPlay и камера за рикверц.

Инаку, за бандажите, ако најдам начин да ја чувам колата без тркала неколку дена, би ги испратил кај Дарио. Се мислам дали сребрени или некоја графит боја налик на оваа. Ми се допаѓаат и вака искрено, ама отом потом.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #14 на: 17 Јули 2023, 15:27:39 pm »
Темна си е бојата на колата. Убава светла боја ептен ќе ги отвори.