Автор Тема: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir  (Прочитано 17116 пати)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #60 на: 10 Август 2023, 19:06:19 pm »
Мислам дека и на Џулиетата е исто. Фабрички е нели со халогенки, моментално е со некои ефтини LED сијалички, немам проблем со CANBUS. Имам едни ефтини H1 долги од eBay по пат, ќе видам какви се, ама ако имам проблем со CANBUS или ако не светат добро, ќе бараме чаре.

Мене ми е муабетот главно дека надворешните светла, особено кратките, долгите и рикверцот ми се utility светла за јас да гледам. На нив не би штедел.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #61 на: 10 Август 2023, 19:09:01 pm »
На МиТо единствени сијалици што не прават проблем на CANBUS мрежата се баш тие за соборено светло.

Мииииислам дека и Џулиета е ист случај.
Суптилни итаљани. Браво. Би сакал да му стегнам рака на тој што го смислил тоа, зошто знае како се работи.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #62 на: 10 Август 2023, 23:33:15 pm »
Нема canbus на главните светла. Ниту на 147 ниту на Џулиетата.
На се друго има. Ексик.

Него... провери си убаво што ќе ти стигни и кога да не го јадиш стапот. Јас така начекав по убава цена Osram LED Gen2 - па ми стигнаа внатре во кутиите Филипс половни халогени. Ги имав нарачано кај Луки во Германија и додека стигнат кај мене помина доста време. Среќе ebay излезе во пресрет и ми ги врати парите после 2 месеци од купувањето.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #63 на: 11 Август 2023, 00:09:38 am »
Jas imam gledano eden kup videa kaj so so obicna halogena sialicla koa ke ja zamenish so led nishto ne dobivash duri i polosho e, sea ima neso novo na temata?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #64 на: 11 Август 2023, 00:42:05 am »
Кај мене има подобрување, повеќе ми е битно што е бело наместо жолто светлото на патот.



Швабите не ме пуштаат вака на технички, ама кој ги мати, досега еве скоро 2 години никој ми нема аблендирано дека му сметам од спротива.
На сликата има и улично осветлување.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #65 на: 11 Август 2023, 08:21:21 am »
@osmica8 ќе проверам, иако по фидбекот од продавачов би требало се да е океј.

@MarceCvarce обично стандардна халогена сијаличка имат во фар со рефлектор, во кој случај замена со LED значит дека едно, ќе ги ослепиш сите од спротивната лента, и друго, ти добиваш драстично полош сноп иако навидум изгледат посветло. Кај мене е фар со лупа, шо би требало да значит дека немат да ослепам никого пошо ќе имам убав cut off со добро подесени светла, а снопот би требало да е подобар зато шо диодата на Ultinon-от е наместена баш кај шо би било влакното на халогена сијалица. Tl;dr, требит да е океј.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #66 на: 11 Август 2023, 20:12:24 pm »
Направени денес некои ситни измени, малку козметички, малку функционални.

Задните стакла затемнети со клима фолија, 85%, комплет со се атест околу 4,900 денари. Истиот дечко ми местеше клима фолии и на претходната кола, прилично сум задоволен и мислам дека не е скап, со оглед на тоа дека дава 5 години гаранција на фолијата и на работната рака.

Покрај тоа, зедов сет Niken Pro Series H1 LED сијалички за долгите светла. Ќе ја повозам неколку дена вака, за споредба со претходните (Osram NightBreaker Laser), за да знам дали воопшто имат поента LED за долги светла со оглед на тоа дека е рефлектор, а не лупа. Ако имат, ќе бркаме некој Ultinon и за тука.

Зедов и рикверц сијалички, исто LED, наводно CANBUS ама одма се појавија на табла така да не ќе да се CANBUS. Ќе нарачам некоја поасолна варијанта, во меѓувреме нека стојат, предупредување на табла не ми е некој проблем ако светат подобро од фабричките.

Да не е штур постов, многу очигледна разлика меѓу задните стакла и предните кои мислам дека фабрички се затемнети 30%.


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #67 на: 11 Август 2023, 20:41:17 pm »
Црвена ми била од секогаш омилена боја, посебно вака темна, бордо.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #68 на: 11 Август 2023, 22:44:57 pm »
Јас од овие сум прилично задоволен, иако има луѓе на форумов што не им се допаѓа толку јако светло на таблица.

https://a.aliexpress.com/_mNQyWIa

Мене лично ми помагаат и за возење во рикверц.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #69 на: 12 Август 2023, 00:10:20 am »
Фолиите екстра дошле,пиши кај ги затемнуваше


Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #70 на: 12 Август 2023, 00:40:24 am »
Фолиите екстра дошле,пиши кај ги затемнуваше


Sent from my iPhone using Tapatalk

Фолиите се наместени кај Орце во Охрид. Не можам да му најдам Facebook или Instagram, јас добив бројче негово по препорака. Ама му најдов оглас на Reklama5. Секоја препорака за чоекот, и за квалитетот, и за брзината. Во саат време беа готови стаклата.

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=4032398

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #71 на: 15 Август 2023, 17:25:03 pm »
Ecro Dizajn се вика фирмата на Орце.
Квалитетна услуга за добра цена.

https://www.facebook.com/profile.php?id=100057135889935&mibextid=LQQJ4d

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #72 на: 22 Август 2023, 18:49:48 pm »
Малку по малку почнав да ги решавам механичките глупости на Алфата. Имаше тропкање при промена на брзини и вибрации при забрзување, првична дијагноза од локален мајстор беше дека се крстачи на полуосовини. Во Аутомобиле СК ми рекоа “диференцијалот е, вози ја, скап е, ќе го смениме потаму“. Да ги послушав, и да продолжев да ја возам, ќе дојдеше до диференцијалот и ќе требаше да го сменам, шо е цца 700 до 800 евра зафат.

Ги сменив двата крстачи на полуосовините овде во Охрид, и ја сменив и манжетната од десната страна, беше скината. Мењачот е скроз тивок сега, немат тропање, немат чукање, а немат ни вибрации, проблемот решен. И се за 9,000 денари (6,000 за крстачите, и уште 3,000 за манжетната и работната рака).

За наредна недела планирам промена на масло во менувач, нарачав пред малку од Аутоцентар Тutela Gearforce 75W, и тој дел да го завршам.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #73 на: 24 Август 2023, 14:17:57 pm »
Аутоцентар ми ја откажаа нарачката со образложение дека имале само еден литар на залиха, а мене ми требаат два.

Дајте предлог од кај да земам масло? По можност или во/околу Охрид, или од продавница која би испорачала по карго.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: 2010 Alfa Romeo Giulietta 1.4 MultiAir
« Одговори #74 на: 24 Август 2023, 14:25:21 pm »
Барај го @Prcot наш човек ке завршиш работа за многу делови у иднина и потрошен материјал