Искористив денес прилика да ја повозам Алфата на отворен пат, се прошетав до Прилеп кај Дарко (Auto Detailing Studio Gold), да ми го средит едниот фар. Претходниот сопственик ми кажа дека колата е чукната на паркинг, при што е сменет браникот и едниот фар, ама другиот фар останал така, па доби полирање и заштита. За човекот имам само пофални зборови, и за односот и за сработеното, а еве и слики од стариот и новиот фар, бидејќи немам before/after, изумив да сликам.
Полираниот фар е десниот, новиот е кај таблицата. Имат минимална разлика во сјајот од едниот до другиот, ама искрено, не мислев дека ќе е олку мала со оглед на то дека фаровите се со 12 години разлика во старост. Искрено, презадоволен сум.
Дури бев таму, договоривме 3-4 козметички забелешки шо требит да ги средам кај колата, и на пролет да одам на комплетен третман (хемиско, полирање, керамика).