Потрагава по масло за менувач испадна ко еднорог да барам.
Аутоцентар ми се јавија дека добавувачот немал на залиха, ми откажаа. Охриѓаниве ми се јавија дека добавувачот на компјутер имат 12 парчиња на залиха ... ама не можат да ги најдат во магацин. Фас Вас немаат, и немаат појма дали некогаш би донеле. Изгледа ќе морам да барам алтернатива, гледам дека Ravenol имаат соодветна вискозност, по спецификација, ќе ги барам Техномото покасно денес да ми кажат цена и залиха.
Денес направив промена на фреонот во климата, и приметив дека имат одредено тропкање на моменти, и разлика во дување помеѓу возачката и совозачката страна кога климата е наместена на една зона. Веројатно е blend door actuator, така да го додавам и то на списокот за наредна посета на сервис.
Трет муабет, после недела дена вртење на телефон, конечно успеав да ги добијам Аутомобиле СК во Битола и да прашам какво масло е точно ставено при сервисот. Одговорот, “Немавме во моментот на залиха С3, па ставивме С2. Ама немаш гајле, ако треба да дополниш слободно стави С3, се мешаат.“, шо значит на наредна посета на сервис ќе направам и flush комплетен и ќе ставам ново масло. Би требало да се заинаетам и да ги натерам на нивен трошок да стават соодветно масло, ама немам живци за тоа.