Дечки ми треба ваш совет, откако е купена астрава ми свети сијаличката за airbag, на дијагностика покажува дека има проблем со совозачкиот airbag, проверени се каблите под седиште, исчистени контактите под седиште и од страничниот airbag, електричарот ваљда не сакал да се замара, само ги проверил контактите и ми рече дека морало да го исклучи тој airbag за во случај на незгода да функционираат останатите, во спротивно доколку не го исклучи тој airbag во случај на незгода нема да се активираат останатите.
Ама јас мислам дека тоа не е решение...
Од моја страна остана непроверен контактот "од око" на airbag-от кај маската кај совозачот, но кога менував филтер за кабина убаво видов дека airbag-от е здрав, и на маската боопшто нема никакви оштетувања, и видов на нет дека може да е расипан сензорот кој се наоѓа во тапацирот на вратата, но тоа би го препуштил на некој добар автоелектричар.
Би Ве замолил да ми предложите добар автоелектричар од Прилеп.
Благодарам.