Малце имав обврски па заборавив на форумов, се извинувам.
Еве краток дел од настаните:
Денес е претапациран и кровот, на сликите се гледаат и кровот и навлаките
Навлаките коштаа 1400 денари со монтажа, материјалот е многу подебел отколку навлаките на Самад, јас имав желба да наместам навлаки произведени од Самад, но таму од каде што ги купив навлаките ми ги препорачаа овие навлаки.
Кровот коштате 3500 денари и беше завршен за 5 часа.
Мерена потрошувачка на плин:
Прво мерење со возење на вртежи приближни до idle (вртежи во лер) односно од 1000-1200 вртежи во минута, со повисок степен на брзина на менувачот, односно возење со дури 4та брзина низ град на 1000 вртежи со 30 км/х.Наполнет резервоар, целосно испразнет и пак целосно дополнет, потрошени се 38.53l и извозени 434 km.
Второ мерење е со возење до 3000 вртежи во минута и нагли забрзувања, потрошени се 23.02l и извозени 195.6 km.