Го замолив [мајсторот] да ми открие од кај доаѓа звук на цивкање при точно 1500 вртежи, и го извадил линискиот каиш, се заангажирал, и открил дека водната пумпа, SKF, купена преку @Prcot, сменета пред 16000 километри и нецели две години, си свирка. Ми се паднала лимон серија, јебига.
Не е алармантно ама треба да си размислам дали ќе идам на цел нов сет, или само пумпата овој пат. Работната рака е иста.
Пред да одговорам, да посветам внимание на @Prcot и каква људина е
Прочитал за пумпата, и иако не очекувам од него никаква одговорност, нити сакам да се става во ситуација една година користен дел да рекламира, ми пиша да го известам кога ќе решам да се отвара капак за ребраст.
Ненамерно го напишав постот да личи дека барам одговорност, а всушност сакав да кажам дека и од проверено место да земеш, може да ти се погоди лимон.
Јас секако и новата пумпа ќе си ја земев од кај него, ама еве ви причина плус да соработувате со него кога ви требаат автоделови
Да ја затворам оваа тема - на 6ти јуни 2023 и 161400 километри сменет цел сет ребраст и затегач, плус водна пумпа.
Не беше баш класифицирано како алармантно од страна на мајсторот, па колата ја провозив до следниот месец и следна плата. Се прошетав до Арменистис и назад во рок од 24 часа, отидов до Гостивар и назад во следните 24 часа, и извозив уште околу 500 километри во град од последниот апдејт.
Кога ќе погледнам назад и кога ќе ги погледнам деловите што излегоа од колава, сум избегнал катастрофа
По демонтажата, бев пречекан од лагер на водна пумпа кој воочливо гребе при вртење само со рака, и ремен кој бил доста блиску да стане троделен:
Ременот го припишувам на старост, односно претпоставка дека сетот е стоен на полица во магацин подолго време, и гумата на самиот каиш се стврднала и исушила.
@Prcot стоеше на зборот и ги замени дотраените делови со нови, во случајов сет ребраст + затегач INA, и водна пумпа FEBI Bilstein. Јас си платив работна рака од 3500 денари, и 3 литри нов антифриз Total Glacelf за 1050 денари.
Дојде време и конечно да го решам проблемот со крцкањето при агресивно вртење во леви кривини, па не знаејќи веќе што да менувам, остана да ја следам последната претпоставка на мајсторот - лагер на тркало.
Избран SNR лагер со ABS бидејќи и фабричкиот што го извадиле бил таков, и конечно, возиме без непотребни и неприродни звуци. Ценичката на овој зафат беше 2600 денари + 1200 работна рака.
Следно, менуваме таблици согласно новата местоположба на живеење.