Превазиџели смо 160.000 километара:
Како поклон што не се расипува премногу, си доби резервна гума и алат, со што го заменувам расипаниот фабрички компресор. Цена 2800 денари:
...и решив еден проблем што нервно ме оштетуваше - тропање на полицата во гепек. Решението е 200 денари, 2 метра кедер од продавницата за кедери:
И финално, заменети буфери и амортизери.
Буферите ги сменив кога ја земав колата, превентивно, ама ете пак пролупа еден. Овој пат избрав SNR зошто наводно биле OEM:
Предни амортизери се решив да менувам зошто на ситни нерамнини колата делуваше како да вози само на федери. Оригиналните од 2009 година заменети со Monroe Original по цена од 4400 денари за парче, само тоа најдов пар:
При сервисот го натерав механичарот да го отвори и внатрешниот зглоб од предна десна полуосовина, и мило ми е што го натерав - маста внатре станала зејтин
Испран, подмачкан, намонтиран назад - конечно исчезна вертикалната вибрација при тргање.
Сега колата вози буквално како нова. И е доста тврда. Кој има камен во бубрег, ејалте си, ќе го решиме.
Доколку некој сака сервис со пристапни цени и океј однос (маалски сервис е), препорака за Сервис Владо во Ѓорче Петров (механичарот се вика Андреј).
Го замолив да ми открие од кај доаѓа звук на цивкање при точно 1500 вртежи, и го извадил линискиот каиш, се заангажирал, и открил дека водната пумпа, SKF, купена преку
@Prcot, сменета пред 16000 километри и нецели две години, си свирка. Ми се паднала лимон серија, јебига.
Не е алармантно ама треба да си размислам дали ќе идам на цел нов сет, или само пумпата овој пат. Работната рака е иста.