158830 километри - замена на флексибилната спојка на издувот.
Во Ас-Стил, кога го менував задниот лонец, ми кажаа дека флекси цревото наскоро ќе кине конци, па еве го си скина конци и колата прдеше ко Југац Корал 45ка.
Промената траеше 30 минути и ја изврши сервис Номинал во Злокуќани ради финансиски и локациски аспект.
Следно да ги вратам летните гуми назад.
После тоа (убаво погоди
@Sase_91, храбро беше тоа дека нема да чепкам по предница) ќе поиграме со предни амортизери малце (
@Prcot спремај се за нови приливи).
Предните буфери кои ги сменив инстантно штом ја купив колата попуштија бидејќи оваа платформа очигледно ги јаде за доручек - добро познат проблем е ова.
Во поглед на амортизерите, осеќам малце дека ситните брановидни нерамнини ми се преувеличуваат во кабина, како да вози на спирали само, па кога ќе се менуваат буферите, ќе се смени се комплет
Периодов колата доста се развози, односно од октомври до денес имам поминато 6500 километри што за мене и моја кола е највисока километража за 6 месечен период. Се надевам дека ќе продолжи да ми прави олку мерак и понатаму.