Автор Тема: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp  (Прочитано 74864 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« на: 07 Септември 2021, 10:34:33 am »
Повратак џедаја MartinAlfista!

Цели 7 години поминаа откако ја продадов 145ката, и си знаев дека повторно ќе се вратам на брендот што ме натера да ги засакам колите, само не знаев кога и во каков капацитет :) 147/156/GT генерацијата ми е прекомплицирана за одржување, 159/Brera такоџе, Giulietta ми беше надвор од буџет, па остана ова - Митце. Видов и пробав 19 коли пред да го земам ова, и ете, среќата ми била да ми се падне овој примерок (или нему му била да се падне кај мене, шознам).

Да ви го претставам количето:

2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo Benzina, 120hp спарен со 5 speed мануелен менувач со *благевезенемамкоја* опрема. Конкретното MiTo е во 4-seater конфигурација (ги има и со 4 и со 5 седишта, немаат никаква разлика освен што тоа со 5 има плус појас на задна клупа)

Од дополнителна опрема има:

- Команди на волан со BlueMe систем
- Hill-hold
- Подлабоките седишта со silver централни делови
- Carbon-effect шалтабла и врати
- Puddle lights (за осветлување кога отвараш врата)
- 17" horseshoe алуминиумски бандажи
- спојлер(че) на гепек
- за друго стварно немам поим, ни 24 саати ја немам колата ;D

За состојбата сигурно ќе има многу кренати веѓи од тие што следеа како се одвиваше потрагата, бидејќи колата не е неувезена, не е од прв газда, не е беспрекорно сочувана внатре, нема сервисна историја, не е без фарбаници (браник преден е само фарбан), туку е буквално се спротивно од она што викав дека го барам. :)

Но, има тука нешто што америте го викаат silver lining, а тоа е дека колата ја платив за цена многу прифатлива за мене и за мојот буџет за средување, па за брзо ќе биде доведена до одлична механичка состојба (веќе е, но има финеси за досредување) и потоа ќе се навртиме на козметика.

Пресудно за мојата одлука беше тоа што го видовме и заклучивме со мајсторите на @Borce-Fiat (уште еднаш огромна благодарност до тебе и до вујко ти што го ослободи сервисот, како и до братучед ти што одвои многу време да ја претресеме колата!). Од доле видовме здрава каросерија, прави рогови, здрав метал без корозии (а сите очекувавме барем површинска на траповите) и реална километража на дијагностика на двете места кај што се регистрира километражата.

Од механички забелешки:

- Скршена предна спирала (барам во моментов поефтина опција од 6000 денари за пар)
- Буфери на задни амортизери (ефтин, познат проблем на MiTo)
- Две од гумите беа ѓубре
- Мистерија е кога е правен последен сервис (па и масло сменето).

Козметички забелешки:

- Гумираните пластики внатре се... жалосни.
- Воланот е... подизлижан.
- Има грепки по пластиките.
- Има ситни грепки по каросеријата (за овие си ветив дека нема да се замарам).
- Фали капак на ретровизор.

Што направив до сега:

- Во саботата оставив капар, сликав VIN и веднаш со @Prcot се фрливме на работа:
  - SKF - сет ребраст каиш, затегач и водна пумпа
  - Gates - сет линиски каиш и затегач
  - NGK IKR9J8 (93311) свеќички
  - MANN филтер за масло, Filtron за воздух, Bosch Activated Carbon филтер за кабина
  - Shell Helix HX8 ECT 5W-40 масло
  - Febi Bilstein предни буфери на амортизери
  - Febi Bilstein задни буфери на амортизери

- Од Autocentar.mk порачав предни спирали (не порачав од кај Прчко поради разлика во цена а и 3 пати подолго време на испорака. Не е тој крив, добавувачите веројатно тогаш можеа да ги набават):
  - KYB K-flex

- Вчера пред тргање кон Струмица, купив Sava Intesa UHP2 во 225/45/17 димензија (нефабричка, на мое инсистирање) со цел да ги монтирам таму и да тргнам на пат. Задните гуми на колата не беа безбедни за патување.

- Бев во Bo-Mi Auto кои ми оставија одличен впечаток како мајстори, не најдоа забелешки на предница освен совет да се погледнат предните буфери кога веќе се вадат амортизери (затоа и е дополнета нарачката погоре).

Финално, еве ги истите слики од другата тема додека не решам да направам нови :)







« Последно менување: 07 Септември 2021, 10:41:48 am MartinAlfista »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #1 на: 07 Септември 2021, 10:40:44 am »
Ајде, честито! Знам дека си многу, многу среќен! :)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #2 на: 07 Септември 2021, 10:41:03 am »
Нешто ми вика дека многу ќе се приврзиш за возилото и покрај тоа што ги има овие недостатоци. Па и баш што ги има, ќе знаеш дека си на чисто и од тебе дека се сменети.

Сосема заслужено, не се двоуми дали си го направил вистинскиот избор, знам дека ќе го дотераш по твој кеиф. Со здравје да се вози, и пиши ја потребната компензација за да биде колега алфиста на совозачкото седиште :)

На крај на ден, стандардното мото за Алфа важи дека се однесува како уште еден човек во фамилијата. Одличен избор!

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #3 на: 07 Септември 2021, 10:43:30 am »
Честито, со здравје да се вози.

Sent from my Redmi Note 9 Pro using Tapatalk


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #4 на: 07 Септември 2021, 10:44:25 am »
Одлично!
Со здравје да се вози.

Алфа не е убаво да ја купиш ако нема нешто да чачкаш на неа.
:)

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #5 на: 07 Септември 2021, 10:50:27 am »
Многу ми е мило што не ја зема Фиестата со 1.25 мотор, уште од сега знам колку повеќе мерак ќе ти направи ова. Со здравје да се вози, многу безгрижни километри!

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #6 на: 07 Септември 2021, 10:52:39 am »
Честитки, да те служи долго и верно, иако за жал не е Голф...
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #7 на: 07 Септември 2021, 10:58:43 am »
Нека е со среќа уште еднаш само мерак да ти прави и да се вртиш двапати кога ке ја паркираш и смееш, многу безгрижни километри :))

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #8 на: 07 Септември 2021, 11:06:55 am »
Тако је бре, идемо.

Честитки и сабскрајб на темава. Знам дека волиш да чачкаш...

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #9 на: 07 Септември 2021, 11:18:07 am »
Честитки за колата, најбитно е да си го направиш кеифот, да те служи во здравје !!!
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #10 на: 07 Септември 2021, 11:25:49 am »
Ајде честитки!
Stage 1 во очекување.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #11 на: 07 Септември 2021, 11:27:22 am »
Со здравје да се вози, многу убаво ауто.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #12 на: 07 Септември 2021, 11:37:41 am »
Со здравје да се вози!

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #13 на: 07 Септември 2021, 11:38:47 am »
Со здравје да се вози, си се врати кај жабариве :)
New blood of old school

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #14 на: 07 Септември 2021, 11:40:58 am »
На здравје новото количе!