Малку да ја обновам темата, некако застарено ми делува.
Веќе 3 ипол години се дружиме со лавчето и еве дојде време да се прави трет сервис. Попрво доаѓа времето одколку поминатите километри. Но сепак тоа е склоп на околности. Изминати 27750 километри, генерално од нив 20 000 поминати на отворен пат.
Сега за сега без проблеми. Единствено редовни сервиси и заменета батерија на клучот. Веројатно заради таа опција на постојана без-жична комуникација батеријата многу побрзо се празни него кај обичните клучеви.
Што се однесува до потрошувачката на отворен пат изнесува околу 5,7 до 6,7 литри во зависност од возењето и товарот, а доколку е монтиран кровен куфер се додава минимум 1л плус гориво. Пореметување на аеродинамиката и зголемената тежина резултираат со зголемена потрошувачка.
Во однос на градско возење, мислам дека е неблагодарно коментирање бидејќи скопскиот начин на возење не е никаков репер. Можеш да поминеш 5 километри и да работи возилото во место цел час а можеш да поминеш и 12 километри за само 15 минути.
Но ако треба да се даде вредност односно бројка, тоа е еве нека биде околу од 8 до 10л - клима, гужва, температура на воздухот во интервал кога не работи старт стоп системот итн итн.
Во секој случај генерално од изработка, квалитет на материјали, функционалност на целокупниот систем за овие три ипол години сум презадоволен.
Што се однесува до сервисната мрежа и односнот на Еуроимпекс, морам да ги пофалам бидејќи до сега секогаш биле професионални и коректни. Одговориле на сите забелешки кои сум ги имал, ме контактирале независно за тоа како сум или не сум задоволен од услугите итн итн. Исто така сум задоволен и од цените на нивните услуги како официјален сервис. Не е дека ако е возилото под гаранција и обврската да го сервисираш кај нас па да те дереме, него цените им се навистина коректни.
Комплетниот последен редовен сервис ме чинеше 8200 денари. (слика во прилог) Од минатата година деловите се за некоја минимална сума покачени, но ништо спектакуларно.
И ако ме прашате дали би продолжил да го сервисирам возилото таму, одговорот ке биде да.