Автор Тема: Peugeot 2008 GT-Line  (Прочитано 7885 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Peugeot 2008 GT-Line
« на: 21 Јуни 2021, 10:48:25 am »
И како што е редот, конечно најдов малку слободно време во гаража да го паркирам нашиот нов член во семејството, лавчето Симба  ;D
Станува збор за Peugeot 2008 GT-Line, Orange Fusion/Black Diamond металик боја, придвижуван со 1,2 PureTech троцилиндарски бензиски агрегат со 130 кс и 6 степен мануелен менувач.
Опремата е како што кажува и самиот назив, GT, плус дополнително се додадени сончев панорамски кров, Advanced Grip Control, All Season GoodYear 215/60/R17H пневматици, припрема за резервно тркало (стандардно не доаѓа ни тоа).
Инаку од останата опрема има се што може да се понуди во овој тип на возило освен греење на седишта и отклучување на колата без клуч. Да не ја набројувам  :)
Голема благодарност и до @zeroSignal за деталите и искуството кое го сподели пред да се одлучам за ова возилце.
Генерално од се она што го гледавме и што се нудеше на нашиот пазар, во однос на цената и она што се добива за неа, Пежо беше неспоредливо супериорен во однос на конкуренцијата. Па дури и во оној сегмент кога работите ги мрсат многу напредните корејци и опремата која ја нудат.
Во игра беа неколку возила од овој тип, мали градски СУВ возила. Потребата за баш вакво возило е тоа што таа ќе биде генерално управувана во градски услови и од лепша половина.

Импресиите се следниве: Преквалитетни материјали во класата, неспоредливо подобри од конкурентните фирми. Многу голема управливост и леснотија при движење. Просто се има чувство на лебдење  ;D
Французите по тоа прашање секогаш биле меѓу најдобрите. Со еден збор премногу удобно и тивко возење.
i-Cockpit-oт со својот 3D приказ е исто така уникатен. Се на се јас сум презадоволен од она што го добивме како комплетен производ. Останува уште да најдеме слободно време и да седнеме во кола и добро да се извозиме. Дополнително слики ке има во следни постови.















Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #1 на: 21 Јуни 2021, 10:56:00 am »
Odlicen izbor na boja, so zdravje da se vozi. Samo automatice mu fali.

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #2 на: 21 Јуни 2021, 11:00:28 am »
Прекрасно! Со здравје да си ја возиш колата.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #3 на: 21 Јуни 2021, 11:05:33 am »
Колку модерно изгледа колава, браво.
Со среќа да се вози Сале!

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #4 на: 21 Јуни 2021, 11:07:35 am »
Убаво, убаво, со здравје да се вози!

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #5 на: 21 Јуни 2021, 11:25:00 am »
Се познава и по ташната на предно седиште дека е за лепша половина :)

Одлично возило, опрема, мотор, избор, сѐ!

Со здравје да се вози :)

D-r Ordevski


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #6 на: 21 Јуни 2021, 11:54:26 am »
Со здравје да се вози Сале! Задна клупа со деца полна да биде :D
Најлуксузниот момент на колава се таблиците, затоа што во денешно време е екстремно тешко да се дојде до таблици :P

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #7 на: 21 Јуни 2021, 11:59:43 am »
Со здравје да се вози, Сале! И според мене е најдобро ново возило на пазарот околу таа сума.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #8 на: 21 Јуни 2021, 12:05:38 pm »
Со здравје да се вози, одлично изгледа.

Кога ќе го провозиш повеќе, ме интересира како се однесува моторот со оваа каросерија во однос на повлекување на ниски вртежи и меѓузабрзувања. Исто така ме интересира како е за возење на големи брзини на автопат и на кривулести патчиња, со оглед на тоа дека велиш дека колата лебди.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #9 на: 21 Јуни 2021, 12:09:00 pm »
Со здравје да се вози, одлично изгледа.

Кога ќе го провозиш повеќе, ме интересира како се однесува моторот со оваа каросерија во однос на повлекување на ниски вртежи и меѓузабрзувања. Исто така ме интересира како е за возење на големи брзини на автопат и на кривулести патчиња, со оглед на тоа дека велиш дека колата лебди.

Колата се движи многу лесно...Во однос на повлекување, јас сум изненаден колку многу повлекува, но заради тоа што е турбо бензинец. За на отворено, штом ке ја повозам, секако ке споделам импресии.
Можеби некој ден до Велес, одличен за тест е тој пат натака.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #10 на: 21 Јуни 2021, 12:11:23 pm »
Честито одличен избор на боја и опрема, создравје да се вози! Од маливе сувчиња единствено ова ми е симпатично.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #11 на: 21 Јуни 2021, 13:00:29 pm »
Ајде честито! Одличен избор, ти реков!

На целата таа опрема, и јас би додал аутоматик, ама тоа е тоа. Со мерак да си го возите!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #12 на: 21 Јуни 2021, 13:31:57 pm »
Како ќе ти легне чантево



;D ;D

Се зезам

Создравје да се вози. Дефитивно најубавата боја за ова возило.

Многу безгрижни километри!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #13 на: 21 Јуни 2021, 13:34:07 pm »
Одличен избор на боја и светла.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #14 на: 21 Јуни 2021, 13:52:41 pm »
Честито и со здравје да се вози.

И покрај опремата со тек на време ќе најдеш нешто за чачкање, не седиш ти така :)