Автор Тема: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI  (Прочитано 21988 пати)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #210 на: 02 Септември 2024, 22:52:00 pm »
Aман бе да му преседне и одмор и све на човек.. на шлеп донеси ја тука колата, крај краева отиди ти па земи ги со кола до грција и врати ги и следен пат до дојран на одмор  и мирен си , и старите не се тоа што беа...
Господ нека ти даде трпение
Баш така, ке отидеш на одмор демек и ете. Не бива да се враќаат назад така, цел пат со 20/30км/ч, чуревници зад тебе и да го кочиш цел сообраќај. Татко ми е цел живот шофер, не е дека не се тоа што беа. :)

Дај една групна клетва да му фрлиме на тој што ти ја продал, пола кола си ја сменил до сега.
Јас пре би фрлил на ова отепаниве мајстори, бидејќи поради нив сменив се, убеден сум во тоа...

Во кое место се на одмор?

Sent from my iPhone using Tapatalk
Во Калитеа се Мацко.

Прв крак сум, ако треба нешто кажувај! До среда би требало да сум тука
Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk
Ти благодарам, се надевам нема да има потреба.

Инаку колата е оставена во сервисот денес. Како што кажав мајсторот дијагностицирал проблем со турбина, фрлала уље. Како и да е, удривме пресметка и трошокот е тој со шлеп и без. Утре попладне треба да е променета турбината. Мајсторот му рекол дека не е сигурен дали ке му вратат ДДВ на граница, па ке го одбие данокот, што значи дека ке излезе околу 650 евра.
Ке пишам апдејт што како ке биде деновиве.
Благодарам на сите за одговорите уште еднаш.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #211 на: 02 Септември 2024, 22:53:58 pm »
Ме интересира дали се плаќа нешто на голема сума, на пример над 1000€ како царина и слично доколку ти вратат ДДВ на граница, на пример мобилен телефон над 1000€.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #212 на: 02 Септември 2024, 23:21:22 pm »
Ме интересира дали се плаќа нешто на голема сума, на пример над 1000€ како царина и слично доколку ти вратат ДДВ на граница, на пример мобилен телефон над 1000€.

350 евра по човек можеш да внесеш и да си ослободен од увозни давачки и ДДВ. Ама не може да имаш еден артикл од 600 евра па двајца да го внесете. Инаку секако дека законски треба да се пријави тоа на царина при влез во држава. Ние што не го правиме тоа е друго.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #213 на: 02 Септември 2024, 23:44:40 pm »
Ме интересира дали се плаќа нешто на голема сума, на пример над 1000€ како царина и слично доколку ти вратат ДДВ на граница, на пример мобилен телефон над 1000€.

ДДВ-то бараш да ти го вратат/заверат на Грчка Граница, а царина е на наша граница. Стави телефонот во џеб, кутијата во контејнер, и вози слободно. Лични работи никој не може да ти царини, освен ако нели, не се запакувани во кутија, каде што очигледно го внесуваш.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #214 на: 02 Септември 2024, 23:52:09 pm »
Инаку нема да ти вратат ДДВ ако е делот веќе монтиран, прашував во Србија за делови за 335ката и од таму ми рекоа ако сакам да вратам ДДВ не може да ги монтираат. А исто и на грчка царина пред мене еден дечко што менувал нешто браници и слично на колата во Грција не му одобрија поврат на ДДВ.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #215 на: 03 Септември 2024, 14:15:09 pm »
Старата турбина земи си ја и рекламирај ја во Ужице Скопје, напомени им и за додатните трошоци што си ги имал.

Ти трошеше масло пред да се расипе сега турбината? Спомна дека мајсторот ти кажал дека фрлала масло.

Провери и тоа @nestor04 што спомна за ДПФ - от, да не има некоја причина што и смета на турбината.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #216 на: 11 Септември 2024, 22:59:29 pm »
Не сум пишал на темава со колата. Проблемот бил поради цревото од интеркулерот мислам, кое се оштети пред година, две можеби. Но бидејќи не можевме да најдеме никаде такво, "мајсторот" тогаш рече дека ке го продолжи каде што е оштетено со друго парче. Арно ама, паметњаковичот му ставил пластика наместо цевка метална и истата се стопила и направила проблеми.
Сета среќа што мајсторов во Грција се погодил човек на место, па го увидел тоа додека ја чекал турбината и ја проверувал цела кола. Дефектот бил тој и истиот е среден како што треба да биде.


Моите се вратија без проблем од одмор и колата е топ како што треба. Останува да видам што ке правам со Ужице, дали ке им ја враќам турбината назад бидејќи ми свири.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #217 на: 12 Септември 2024, 07:44:28 am »
Свири оти немаш катализатор и дпф, цефка е.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Opel Corsa D Ecoflex 1.3CDTI
« Одговори #218 на: 26 Ноември 2024, 22:06:51 pm »
Мал сервис, уље и филтер за воздух и уље.
3.450 денари Selenia 5-40, филтри 600, односно 700 денари.
Сменив мајстор, па по препорака негова ставивме Selenia 5-40. Ке видиме како ке биде до наредно менување.

Вкупно: 5.200 денари со рака.

Ми рече цревото од филтерот за воздух да фо сменам, бидејќи ова било напукнато кај стегата, да не прими воздух.

Тоа е засега, колата нема да се продава, ке си ја возам, бидејќи средив се. :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that