Направен редовен мал сервис во Мида на околу 120.000 км.
Сменето:
Моторно масло
Филтер за масло
Филтер за воздух
Филтер за полен
Филтер за гориво
Дихтунг за штопна
1.7 саати работна рака (чисто информативно раат аботна рака во гранд ауто е 1800 денари).
Задоволството кошта 13.800 денари, секоја година се поскапо и поскапо.
Малце ме изнервира тој дечкото што работи на шалтер.
Имено, пред некое време ми светна ESC Service Required и се изгуби.
Лани кога правев редовен годишен сервис, кога отидов таму им реков да проверат 2-3 работи што ги запишував низ годината, и во Мида ми кажаа дека не предвиделе време и дека требало да најавам дополнителни проверки.
Ок викам, политика си е политика. Годинава сервисот го закажав на 7ми Ноември за термин на 26ти Ноември.
Тогаш го најавив ова.
На 15ти Ноември им се јавив пак да најавам да се провери рачната кочница и шепите.
И во 2те случаеви ми кажаа дека при редовен серивс за кола одржувана кај нив нема проблем и дека секако се прави целосна проверка на колата. Супер.
Доаѓа денот, одам на сервис и му кажувам на дечкото и ми вика 4000 денари за проверка на ESC Service Required.
И тука се спречкавме малце.
Кога ја земав колата ми кажаа дека нема грешки, пишува и во извештајот. Не знам дали проверија на компјутер, ама знам дека лани ми наплатија 1.4 саати сервис, оваа година 1.7 саати.
Некој да препорача мајстор за Форд низ Скопје ? Да запишам број за кога ке притреба во иднина. Ова им е втор жолт картон на Мида сервисот. Првиот е кога сакаа да ми менуваат амортизери за 22.000 денари, а лекот беше во некој балансштагла или како се пишува тоа, за 3000 денари.
Направив и тест возење на новата Куга. Ми се допаѓа понудата со бенински мотор и сакав да го заменам Мондео-то + доплата за Куга-та, ама не земенувале возила од увоз. Таква им била политиката, како демек возилата што они ги продаваат не се од увоз, ама тоа е муабет за друго време. Нивна загуба.
Од таму правец во Cupra да земам понуда за Formentor, ама они немаат ни тест возило, имаат 2 во салон, едното беше заклучено, како демек продадено. Го видов и zeroSignal додека го сликаше заклучениот Formentor. Претпоставувам него му го отклучија
Убав е Formentor-от, ама мене ке ми треба малце по фамилијарна кола.
И така.
Да одам деновиве до Мазда да видам CX-5 ка што имаат на лагер, ама изгледа ке се дружиме со Мондео-то до 2027 како што е првичниот план.