Автор Тема: Peugeot 2008 GT-Line  (Прочитано 7895 пати)

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #45 на: 13 Март 2022, 15:58:20 pm »
Ауауауау количево си е партали! Го има другарка истава боја уште не сум се возел за жал, знам дека ист мотор и мењач како твоето само не знам коњажа и не е ГТ лајн ама е со топ опрема. Со среќа нека е касно гледам и за удобноста ништо неочекувано, француз е туе број еден!

Sent from my SM-A715F using Tapatalk


Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #46 на: 15 Март 2022, 21:49:52 pm »
офф топик, со elantra-та шо бидна. Многу ми се свиѓаше тој модел на Hyundai.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #47 на: 15 Март 2022, 22:10:46 pm »
Му дреме у гаража, чека да и порасне цената 😋😂

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #48 на: 25 Ноември 2024, 22:31:42 pm »
Малку да ја обновам темата, некако застарено ми делува.
Веќе 3 ипол години се дружиме со лавчето и еве дојде време да се прави трет сервис. Попрво доаѓа времето одколку поминатите километри. Но сепак тоа е склоп на околности. Изминати 27750 километри, генерално од нив 20 000 поминати на отворен пат.
Сега за сега без проблеми. Единствено редовни сервиси и заменета батерија на клучот. Веројатно заради таа опција на постојана без-жична комуникација батеријата многу побрзо се празни него кај обичните клучеви.
Што се однесува до потрошувачката на отворен пат изнесува околу 5,7 до 6,7 литри во зависност од возењето и товарот, а доколку е монтиран кровен куфер се додава минимум 1л плус гориво. Пореметување на аеродинамиката и зголемената тежина резултираат со зголемена потрошувачка.
Во однос на градско возење, мислам дека е неблагодарно коментирање бидејќи скопскиот начин на возење не е никаков репер. Можеш да поминеш 5 километри и да работи возилото во место цел час а можеш да поминеш и 12 километри за само 15 минути.
Но ако треба да се даде вредност односно бројка, тоа е еве нека биде околу од 8 до 10л - клима, гужва, температура на воздухот во интервал кога не работи старт стоп системот итн итн.
Во секој случај генерално од изработка, квалитет на материјали, функционалност на целокупниот систем за овие три ипол години сум презадоволен.

Што се однесува до сервисната мрежа и односнот на Еуроимпекс, морам да ги пофалам бидејќи до сега секогаш биле професионални и коректни. Одговориле на сите забелешки кои сум ги имал, ме контактирале независно за тоа како сум или не сум задоволен од услугите итн итн. Исто така сум задоволен и од цените на нивните услуги како официјален сервис. Не е дека ако е возилото под гаранција и обврската да го сервисираш кај нас па да те дереме, него цените им се навистина коректни.
Комплетниот последен редовен сервис ме чинеше 8200 денари. (слика во прилог) Од минатата година деловите се за некоја минимална сума покачени, но ништо спектакуларно.
И ако ме прашате дали би продолжил да го сервисирам возилото таму, одговорот ке биде да.
 ;D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #49 на: 26 Ноември 2024, 00:51:31 am »
Па ти си среќен човек ако досега само еднаш си сменил батерија на клуч, Ауди-то "јаде" една батерија во просек на 4-6 месеци. Сакав само да прашам, зошто мануелец а не автоматик?

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #50 на: 26 Ноември 2024, 21:56:48 pm »
јас нарачав нешто слично со аутоматски мењач, треба да дојде негде почеток на наредна година. Само ниво подолу. Иначе возев мануел со 136 кс, мислам мхев и пријатно бев изненаден, ради влечната моќ на возилцево.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #51 на: 26 Ноември 2024, 22:17:56 pm »
Интересно, гледам филтерот за полен е со ист код како кај мене во Моката. Само што во Латвија во официјален сервис ја платив 42 евра, 15 евра разлика :D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #52 на: 26 Ноември 2024, 22:34:19 pm »
Па ти си среќен човек ако досега само еднаш си сменил батерија на клуч, Ауди-то "јаде" една батерија во просек на 4-6 месеци. Сакав само да прашам, зошто мануелец а не автоматик?

Во тој момент такви беа околностите а и некаде околу 2к евра се доплаќаше за автоматик. Што во тој момент беше надвор од буџетот заради Х други трошоци кои беа поприоритетни :)

јас нарачав нешто слично со аутоматски мењач, треба да дојде негде почеток на наредна година. Само ниво подолу. Иначе возев мануел со 136 кс, мислам мхев и пријатно бев изненаден, ради влечната моќ на возилцево.


Зачудувачки брзо...Од 0-100 му се потребни околу 8,5 секунди...Многу фино и брзо ги полни вртежите и си бара малку поголем вртежен момент заради троцилиндарскиот мотор. Не сака повисок пренос и низок број на вртежи.

Интересно, гледам филтерот за полен е со ист код како кај мене во Моката. Само што во Латвија во официјален сервис ја платив 42 евра, 15 евра разлика :D

Јас чисто разгледував по интернет за цените на оригинални делови и у принцип разликата во цена е ситна ако сам ги набавам ОЕМ деловите. Ако се од друг производител, само неколку доаѓаат во предвид со тоа што повторно разликата во цена е мала. Кога јас би си го направил сам сервисот, би ја заштедил работната рака и некои 15 евра на делови, што кога ке размислам дека треба да се кашкам, и плус да барам некој со компјутер да ми го ресетира сервисниот интервал, ексик заштедата и изгубеното време. :)

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #53 на: 27 Ноември 2024, 09:27:21 am »
Ова со батериите и кај мене на Голфот е проблем. На стариот Голф за 12 години не сменив батерија (а го користев цело време истиот клуч, вториот беше нов кога ја продадов колата), сега на новиот батериите траат кратко. Наводно, ако е клучот во радиус од 8 метри од колата, цело време си комуницираат и тоа троши батерија.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #54 на: 27 Ноември 2024, 11:14:37 am »
...заменета батерија на клучот. Веројатно заради таа опција на постојана без-жична комуникација батеријата многу побрзо се празни него кај обичните клучеви...

...Што се однесува до сервисната мрежа и односнот на Еуроимпекс, морам да ги пофалам бидејќи до сега секогаш биле професионални и коректни. ...

Јас ја менувам на отприлика околу година дена... почнав да носам и резервна батерија со мене :) ми се случи со детето на Козјак, на снег, ладно, влегувам во кола и ми кажува слаба батерија на клучот... клучот си функционираше најнормално, ама ме фати страв во таква ситуација дека може да те заглави...

За односот на Еуроимпекс, толку многу позитивни работи сум слушал, што кога би требало да бирам, би ги бирал нив заради тоа... плус ефтин официјален сервис...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #55 на: 27 Ноември 2024, 13:08:58 pm »
...заменета батерија на клучот. Веројатно заради таа опција на постојана без-жична комуникација батеријата многу побрзо се празни него кај обичните клучеви...

...Што се однесува до сервисната мрежа и односнот на Еуроимпекс, морам да ги пофалам бидејќи до сега секогаш биле професионални и коректни. ...

Јас ја менувам на отприлика околу година дена... почнав да носам и резервна батерија со мене :) ми се случи со детето на Козјак, на снег, ладно, влегувам во кола и ми кажува слаба батерија на клучот... клучот си функционираше најнормално, ама ме фати страв во таква ситуација дека може да те заглави...

За односот на Еуроимпекс, толку многу позитивни работи сум слушал, што кога би требало да бирам, би ги бирал нив заради тоа... плус ефтин официјален сервис...

Обично кажува неколку пати однапред дека батеријата е при крај, не би требало да се случи да ти снема одеднаш без најава. Кај мене keyless-oт е прв индикатор дека батеријата е при крај, почнува да зеза, и знам дека во наредните 2-3 недели ке мора нова батерија.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Peugeot 2008 GT-Line
« Одговори #56 на: 27 Ноември 2024, 16:08:01 pm »
Енергизер се покажале како најдолготрајни кај мене.