Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 543459 пати)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4111
Немаше и ти земено кај мене у комшии кај дени или грешно имам запамтено
Нее јас исто бев во хиподром само во старите згради,мал ми беше станот 62 м2 и решив да го продавам.Искрено не очекував дека за 3 дена ке се продаде и многу нагло ми дојде :) Сеа ке си купиме шатор и у парк

Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Ако сакаш да прашам за под крија ако има некој слободен тука додека се средиш со новото живеалиште

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4111
Еј фала,снајден сум со стан позади рамстор у центар (ако издржам)
Најдов една зграда на 2 спрата хиподром2 имаат 74м2 и 114м2 дуплекс тој 114 е со двор 30м2 ми ги остави по стара цена 1300м2 ке одам утре баш да видам што станови се

Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2922
Вчера доста ќеиф ми се направи кога видов дека PVC столаријата е со антрацит боја (како што е и на каталогот). Само уште не знам што марка е (треба да е Rehau, модел не знам) и што оков  ;D
Секако сакав антрацит алуминиумски ролетни, а и сите прекидачи/штекови внатре ми се планирани антрацит боја, модуларни од TEM Catez

Сликано е преку прозорот од колата, баш кога дуваше страшно  :-X
« Последно менување: 22 Јули 2026, 17:36:01 pm balanar »

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 330
Во Голден арт вратите и прозорите rehau со трослојно 4 сезонско стакло испаднаа фалш, после некоја година стаклата пукаат сами од себе како шофершајбна од х причини. Мој совет да си имаш црно на бело колку има гаранција столарија, нас ни беше кажано 10 години така и се рекламираа ама сега нема документ неважи кажаното.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
  • Пичлеме
Вчера доста ќеиф ми се направи кога видов дека PVC столаријата е со антрацит боја (како што е и на каталогот). Само уште не знам што марка е (треба да е Rehau, модел не знам) и што оков  ;D
Секако сакав антрацит алуминиумски ролетни, а и сите прекидачи/штекови внатре ми се планирани антрацит боја, модуларни од TEM Catez

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Сликано е преку прозорот од колата, баш кога дуваше страшно  :-X
Спреми се и за опцијата одвнатре да се бели. Години наназад е модерно однадвор лепенка антрацит, одвнатре стандард бела пластика :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2922
Хахах не ми текна на ова, баш ќе проверам деновиве ако можам некако ;D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2922
Во Голден арт вратите и прозорите rehau со трослојно 4 сезонско стакло испаднаа фалш, после некоја година стаклата пукаат сами од себе како шофершајбна од х причини. Мој совет да си имаш црно на бело колку има гаранција столарија, нас ни беше кажано 10 години така и се рекламираа ама сега нема документ неважи кажаното.

Oва верувам дека ќе го има во договорот пред примопредавање.
Ако го нема - ќе барам да го има.  :)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
  • Пичлеме
Хахах не ми текна на ова, баш ќе проверам деновиве ако можам некако ;D
Освен предниот дел, останатото е бело, од страна ако застаниш се приметува. Секако не значи дека и овие ќе се такви, можеби ќе се целосно антрацит, баш како што ти е по ќеф.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2922
Спреми се и за опцијата одвнатре да се бели. Години наназад е модерно однадвор лепенка антрацит, одвнатре стандард бела пластика :)

Сепак си во право. Прашав денес.
Али ги прашав дали може и внатре (со доплата или без, не знам) да ми се излепи истата фолија додека уште не се монтирани на мојот спрат/или се во изработка профилите - чекам одговор :)

Отсутен FreeRoger

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Во Голден арт вратите и прозорите rehau со трослојно 4 сезонско стакло испаднаа фалш, после некоја година стаклата пукаат сами од себе како шофершајбна од х причини. Мој совет да си имаш црно на бело колку има гаранција столарија, нас ни беше кажано 10 години така и се рекламираа ама сега нема документ неважи кажаното.
Чисто информативно ме интересира, доколку дома менувам прозори со PVC и ставам стакло 4 сезони, треба да добијам гаранција за нив или не следува? Писмена гаранција дали некој нуди за PVC прозори воопшто?

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778

Од овие мајстори што после работа изработуваат со турски пластики прозорци дома по гаражи, нема гаранции и тоа нема никаков квалитет. Единствено претставништво на Rehau, ако нешто ти даде, не сум чул некој за прозорци да дава гаранција. Преплавено е од мајсторинки за ПВЦ врати, прозорци и комарници. Отиден е квалитетот.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 330
Во Голден арт вратите и прозорите rehau со трослојно 4 сезонско стакло испаднаа фалш, после некоја година стаклата пукаат сами од себе како шофершајбна од х причини. Мој совет да си имаш црно на бело колку има гаранција столарија, нас ни беше кажано 10 години така и се рекламираа ама сега нема документ неважи кажаното.
Чисто информативно ме интересира, доколку дома менувам прозори со PVC и ставам стакло 4 сезони, треба да добијам гаранција за нив или не следува? Писмена гаранција дали некој нуди за PVC прозори воопшто?

Ако е фирма треба да даде гаранција, сепак скапи се, неможе само ако му се погоди среќата

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2922
Неделава (на два пати) за првпат се качив до станот. Погледот е WOW.
Заграден е целосно со блокови, фалат два гипсени ѕидови внатре во станот за да добие конечен распоред. Видов дека на долните катови почнато е да се става водоинсталацијата и PVC столаријата.

Она што забележав е дека столаријата не е Rehau, туку WDS (од украинска фирма Miroplast). Оковот не го видов чив е.
Во меѓувреме изглуглав кои модели ги нудат WDS, па кога се вратив во зградата го измерив профилот - 82mm.
Само еден модел имаат со таа ширина - WDS 8S (шест-коморен, 44mm вкупно (три стакла)).

Ги измерив димензиите секаде (на голи ѕидови) - ѕидови, растојание помеѓу ѕидови, носечки столбови (има два, но во ќошиња), висина на таван (270cm), отвори за прозори, врати и сл.
Тука некаде се со димензиите (со повеќе сантиметри плус поради тоа што се голи ѕидови) кои ги има од каталогот на зградата, така да конечната квадратура очекувам да е тука некаде со декларираната од каталог и она што е моментално впишано во Катастар.

Она што сериозно размислувам е да сменам од таркет (трослоен паркет) во дебел квалитетен ламинат (12 или 14mm). Мене претпоставувам ќе ми треба минимум 45-50m2 затоа што не ставам плочки ниту во ходник, ниту во кујна, па затоа ми доаѓа многу на цена.
Не знам како ќе се цените тогаш кога ќе треба да купувам и дали ќе начекам попусти на таркет, ама со сегашни цени излегува двојно или тројно во цена.
Пример - 2900 денари е m2 од Боен таркет (Лав Комерц), а некаде 1000-1500 денари има квалитетен ламинат. Разбирам дека подот е нешто што се става и заборава, ама ако 45m2 од ламинат излегува 54000 денари - истата квадратура таркет излегува 130.000 денари. За разликата во цена (76.000) - ќе купам две клими.

Најмногу ме премислува што станот дефинитивно не е за со две деца. Фали една соба минимум. За поголем стан немам/немав средства пред да го купам овој, излегуваше над 25000 евра за поголем стан - пари што ги немам ни за кредит, а логиката ми беше и уште ми е дека за тие пари ќе го уредам овој целосно, а ќе имам нешто свое за живеење.
Ај, јас немам ниедно дете моментално, ама треба да се размислува и на тоа и може за 5-6 години од вселување ќе треба да се иселам/сменам стан, па почнувам да размислувам колку реално да вложам во уредувањето на овој стан. Не дека сега ќе го уредам основно, баш напротив. Да беше така - немаше да ми е гајле за локација на прекидачи, штекови и тавански светла, модели на клими, соларно за топла вода, која столарија ќе се става, ваков мебел, онакво лавабо, онаква чешма за кујна, таква за тоалет и ред други работи.
Ама вакви некои одлуки како ламинат vs трослоен паркет - вреди да се размисли колку да инвестирам во истите на старт.
« Последно менување: 30 Јули 2026, 09:06:12 am balanar »

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4402
Јас ти коментирав да не се оптоваруваш со незнам смарт хоум, ваква кујна онаква кујна итн. Пошо станов ти е привремен. Т.е можеш со едно дете да поживее таму некоја година. Ама за 5-6г ќе ти треба поголем.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"