Неделава (на два пати) за првпат се качив до станот. Погледот е WOW.
Заграден е целосно со блокови, фалат два гипсени ѕидови внатре во станот за да добие конечен распоред. Видов дека на долните катови почнато е да се става водоинсталацијата и PVC столаријата.
Она што забележав е дека столаријата не е Rehau, туку WDS (од украинска фирма Miroplast). Оковот не го видов чив е.
Во меѓувреме изглуглав кои модели ги нудат WDS, па кога се вратив во зградата го измерив профилот - 82mm.
Само еден модел имаат со таа ширина -
WDS 8S (шест-коморен, 44mm вкупно (три стакла)).
Ги измерив димензиите секаде (на голи ѕидови) - ѕидови, растојание помеѓу ѕидови, носечки столбови (има два, но во ќошиња), висина на таван (270cm), отвори за прозори, врати и сл.
Тука некаде се со димензиите (со повеќе сантиметри плус поради тоа што се голи ѕидови) кои ги има од каталогот на зградата, така да конечната квадратура очекувам да е тука некаде со декларираната од каталог и она што е моментално впишано во Катастар.
Она што сериозно размислувам е да сменам од таркет (трослоен паркет) во дебел квалитетен ламинат (12 или 14mm). Мене претпоставувам ќе ми треба минимум 45-50m2 затоа што не ставам плочки ниту во ходник, ниту во кујна, па затоа ми доаѓа многу на цена.
Не знам како ќе се цените тогаш кога ќе треба да купувам и дали ќе начекам попусти на таркет, ама со сегашни цени излегува двојно или тројно во цена.
Пример - 2900 денари е m2 од Боен таркет (Лав Комерц), а некаде 1000-1500 денари има квалитетен ламинат. Разбирам дека подот е нешто што се става и заборава, ама ако 45m2 од ламинат излегува 54000 денари - истата квадратура таркет излегува 130.000 денари. За разликата во цена (76.000) - ќе купам две клими.
Најмногу ме премислува што станот дефинитивно не е за со две деца. Фали една соба минимум. За поголем стан немам/немав средства пред да го купам овој, излегуваше над 25000 евра за поголем стан - пари што ги немам ни за кредит, а логиката ми беше и уште ми е дека за тие пари ќе го уредам овој целосно, а ќе имам нешто свое за живеење.
Ај, јас немам ниедно дете моментално, ама треба да се размислува и на тоа и може за 5-6 години од вселување ќе треба да се иселам/сменам стан, па почнувам да размислувам колку реално да вложам во уредувањето на овој стан. Не дека сега ќе го уредам основно, баш напротив. Да беше така - немаше да ми е гајле за локација на прекидачи, штекови и тавански светла, модели на клими, соларно за топла вода, која столарија ќе се става, ваков мебел, онакво лавабо, онаква чешма за кујна, таква за тоалет и ред други работи.
Ама вакви некои одлуки како ламинат vs трослоен паркет - вреди да се размисли колку да инвестирам во истите на старт.