Терај како што си намислил и не се пресекувај со што би било кога би било.
Кога ќе дојде ред за поголем стан, ќе го продадеш помалиот и ќе правиш финансиска конструкција за поголем.
Не знаеш дали ќе бидат 3-5-15 години и никој не може да знае.
Јас моментално кај што живеам сум „привремено“ 8 полни години, а требаше да бидам најмногу две.
Кога баравме „привремено“ живеалиште, гледавме станови со 1 спална соба (за децата), а ние да спиеме во дневна. Па ај се протегнавме и земавме сепак со две спални, за „не дај боже“. И „не дај божето“ ќе почне 9-та година, децата пораснаа во луѓе и сеуште делат соба. Ама се гледа конечно крајот
