Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 512499 пати)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4152
Прашање - дали да се стави подно греење во станов и колку би чинело? Дали и воопшто да ставам?
Пред некој ден видов во фејсбук пост од инвеститорот (за сосема друга зграда во изградба) како некој ставил подно греење, па ги прашав дали почнале да нудат (како што има за соларното), но сепак не, некој приватно си ставил додека зградата уште е во изградба.
 
Станува збор за стан на претпоследен спрат, со комшии под, над, лево и десно  :)

Јас живеам во стан каде што немам грејно тело и зимно врем со остворни прозори сум, ама целата зграда е на централно греење. Ако целата зграда нема центтрално тогаш мора да се грреш. Ако мора да се грееш, подно е пркрасна работа. И не е голема инвестиција ако не го правиш на завршен под па да го преправаш.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2860
Прашање - дали да се стави подно греење во станов и колку би чинело? Дали и воопшто да ставам?
Пред некој ден видов во фејсбук пост од инвеститорот (за сосема друга зграда во изградба) како некој ставил подно греење, па ги прашав дали почнале да нудат (како што има за соларното), но сепак не, некој приватно си ставил додека зградата уште е во изградба.
 
Станува збор за стан на претпоследен спрат, со комшии под, над, лево и десно  :)

Колкава инвестиција е тоа 8-10.000 евра? За куќа да, за стан мислам дека непотребна инвестиција е, посебно ако има добра изолација зградата....
За удобност на подно греење спрема клима е неспоредливо (мразам клими, користам на лето само).
Живеам во стан, на ќош, два ѕида се кон северо-исток, со многу прозорци и тераса со целосно големо стакло... ама рехау генео 4к со 3 стакла.... со повеќе од солидна изолација на ѕидовите.... да, имам градско парно, но во спалните е намалено на околу 20%, дневната големото е скроз исклучено, кујната малото е на 40-50%. само во вц е појако за побрзо сушење на водата... надвор на минусни температури, дома е околу 24 степени дење/ноќе... Комшии што го откажале парното, се догреваат на клима, и тоа обично една 3.5 за цел стан и повеќе од доволно им е....
Сум живеел во станови со лоша изолација, и парното на максимум не било доволно... за куќа со ложа изолација да не правиме муабет,се гасело парното, за 30 минути камен ладно станувало...

Фала ти на деталниот одговор!  :)

@bramovsk - Не ја знам инвестицијата, треба да препрашам некој што го работи тоа (не знам кој хах)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3894
Vaka na prvo ke si recis deka krivo e sozidan zidot ama ne e.
@balanar  Fala,ke razgledam so se nudi,mada jas bi odel so pomala suma i na 10godini max.

Стави го на 30 кредитот, плаќај помала рата и разликата во рати уплаќај ја предвремено. И пак исплати го за 10

Дополнителни уплати одат кон главницата само?

Кога го договараш кредитот, пред склучување на Договор, поднесуваш и барање дека сакаш да ставаш пари кои ќе намалуваат од главнината во текот на отплата на кредитот, и тогаш ти одат само во главницата.
Јас кога прашував најдобри услови добив во КБ (пред НГ), препораката беше да се земе на 5год. фиксна, отплатата беше на 10год. и после 5год. да го рефинансираме и да си тера пак фиксна до крај на отплатата. Понудата што ја добив за фиксна камата на 5год. беше 3% без животно осигурување (повикај пријател :) ).
За да на крај се откажам  ;D

Инсталацијата за подно не е голема ставка но бара добро планирање на подот и кошулицата бидејќи треба д аимаш доволнои простор над цевките, и изолација под цевките. Ако добро се сеќавам јас во куќа за нешто околу 90м2 (не ја покрив целата површина на местото), платив помалце од 2500 евра само за монтажа на цевкитеи пропратната галанетрија сосе врзување на електрично котле и пумпа што ги имав од претходно. Изолацијата на подоот од 3цм стиродур сам ја местев.
« Последно менување: 18 Јуни 2026, 15:06:04 pm bramovsk »

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2471
Vaka na prvo ke si recis deka krivo e sozidan zidot ama ne e.
@balanar  Fala,ke razgledam so se nudi,mada jas bi odel so pomala suma i na 10godini max.

Стави го на 30 кредитот, плаќај помала рата и разликата во рати уплаќај ја предвремено. И пак исплати го за 10

Дополнителни уплати одат кон главницата само?

Да

Кога го договараш кредитот, пред склучување на Договор, поднесуваш и барање дека сакаш да ставаш пари кои ќе намалуваат од главнината во текот на отплата на кредитот, и тогаш ти одат само во главницата.
Јас кога прашував најдобри услови добив во КБ (пред НГ), препораката беше да се земе на 5год. фиксна, отплатата беше на 10год. и после 5год. да го рефинансираме и да си тера пак фиксна до крај на отплатата. Понудата што ја добив за фиксна камата на 5год. беше 3% без животно осигурување (повикај пријател :) ).
За да на крај се откажам  ;D

Јас ништо такво не кажав, станбениот ми беше иницијално на 30, го рефинансирав на уште 20 после 6 години во НЛБ, и само ако/кога сакам да уплатам нешто предвремено се јавувам кај личен банкар и кажувам дека сакам толку и толку да уплатам предвремено. Ме прашува само дали сакам да смалам рата или времетраење и ми прави налог, и нов амортизационен план. Во зависно од банка до банка е дали земаат провизија за предвремено делумно или целосно отплаќање, ама најчесто ако е со свои средства на станбен кредит ниедна не наплаќа провизија.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3475
  • Хюндай Тюсон
Каматите барем кај нас во банкава многу зависат и од приходите на клиентот. Така да тоа е индивидуално

Клиент под 1000 EUR ќе биде со 3.6 додека клиент со над 5к ќе биде со камата од 2.35

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Најдоброто за станбен кредит е се додека сте под фиксна каматна стапка да не уплакате дополнително ништо, колку што е ратата, толку.

Тие пари што би ги уплакале предвремено, подобро инвестирајте ги во фондови и на истекот на последната година од фиксната камата тогаш тие пари идете, ги ставате директно уплата на преостанатиот износ од главнината, ке ви направат нов амортизационен план доколку планирате рефинансирање, така да видете си на истекот на последната година од фиксниот период колку ке преостане за главнина и само на таа ке си платите дали во целост имате да ја покриете или пак идете со ново рефинансирање.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15195
  • Пудингот на шоферството
Мене цел кредит ми е со фиксна 3.2% на 20г. ;D
Се надевам дека за 10г-12г макс. ќе го исплатам,без да се форсирам пошо во меѓувреме сакаме и еднаш до два пати на одмор,па реновирање,па v8-ка и сл. помодарства. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Како год, периодот додека си под фиксна каматна стапка, најчесто 10 години, во тие години парите што планирате да ги давате дополнително покрај ратата, подобро инвестирајте ги, па точно на истекот на 10тата година сите тие пари да се повлечат и уплатат.
Пример и да не ти стигаат во целост, пак да подигнеш кредит за рефинансирање кој повторно би имал фиксна каматна стапка која е пониска од варијабилната.

Или дел од тие пари, пример заработката што би ја имале итн ја давате, можеби би имале и дополнителна потреба од уште еден стан, тамам тие пари ги давате како плус учество, го ставате постоечкиот стан плус новиот во врзана хипотека.

Како год, во фиксен период најдобра е оваа стратегија.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15195
  • Пудингот на шоферството
Kaj mene e ogranicen iznosot so mozam da go vnesam extra od ratata,pa zatoa najdobro resenie e ako sum vo moznost sekoja godina da si plakjam kolku mozam extra od ratite.(do maximalniot iznos)

Ne mozam da gi sobiram ili da gi investiram nekade pa posle da gi prefrlam da go zatvoram kreditot.

I da pisan mi e stanot kako zalog inaku koj ti dava 120K na edna i pol godina vazecka viza(tolku imav koga go zeeov stanot).

Za naredniot so ke se zema zdravje po nekoja godina,znaeme so treba i kako treba,a i so dokumenti sme na drug level. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 467
Ајде вака да ви каже нешто економист. Самата каматна стапка нема толкаво влијание колку соодносот  на отплата на главница вс камата во еден ануитет (рата). Првите години плаќаш мноогу повеќе камата од главницата, па доколку првично земеш стан на 30 години, и имаш рата од 300 евра, ти ќе плаќаш камата 230 евра, а ќе отплаќаш од кредитот само 70 евра на месец. Или во една година ќе платиш. 3.600 евра,а ќе отплатиш само 840 евра од кредитот. На колку помал период го земеш тој сооднос е поповолен за тебе дека тој сооднос/јаз на камата и главница не е толку голем. А, ако си плаќал 10+ години и си исплатил најголем дел од каматата, најдобро е да се направи само предоговарање на каматната стапка.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5445
Kaj mene e ogranicen iznosot so mozam da go vnesam extra od ratata,pa zatoa najdobro resenie e ako sum vo moznost sekoja godina da si plakjam kolku mozam extra od ratite.(do maximalniot iznos)

Ne mozam da gi sobiram ili da gi investiram nekade pa posle da gi prefrlam da go zatvoram kreditot.

I da pisan mi e stanot kako zalog inaku koj ti dava 120K na edna i pol godina vazecka viza(tolku imav koga go zeeov stanot).

Za naredniot so ke se zema zdravje po nekoja godina,znaeme so treba i kako treba,a i so dokumenti sme na drug level. :)
Znaci koa ke se resam deka ke ostanam tuka tebe da te baram za kako shto

Sent from my SM-S938B using Tapatalk

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15195
  • Пудингот на шоферството
@nikola_bb  Слободно  ;D Ќе земиш доволно голем кредит да остани и за V8 на страна. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7205
Ајде вака да ви каже нешто економист. Самата каматна стапка нема толкаво влијание колку соодносот  на отплата на главница вс камата во еден ануитет (рата). Првите години плаќаш мноогу повеќе камата од главницата, па доколку првично земеш стан на 30 години, и имаш рата од 300 евра, ти ќе плаќаш камата 230 евра, а ќе отплаќаш од кредитот само 70 евра на месец. Или во една година ќе платиш. 3.600 евра,а ќе отплатиш само 840 евра од кредитот. На колку помал период го земеш тој сооднос е поповолен за тебе дека тој сооднос/јаз на камата и главница не е толку голем. А, ако си плаќал 10+ години и си исплатил најголем дел од каматата, најдобро е да се направи само предоговарање на каматната стапка.

Кај мене не е баш така, на 170 евра рата, почетната рата ми беше 100 евра главнина, 70 во камата и како оди натаму се зголемува износот на главнина, се намалува на камата.

И штом дојде варијабилниот период, пак исто, ама и тогаш доминира повеке во главнина.

Ова според амортизационен план.

Башка ако во даден момент одлучиш да го затвориш кредитот во целост, ја плакаш главнината, а на преостаната камата плаќаш пенал во износ од 1-3% зависи како ви стои во договорот.

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2560
Според мене најдобро е да се купи без кредит.