Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 459273 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2749
Може и нема да мораш  ;D
Ова го најдов од ФБ:



Контролерот (прикажува 13ц моментална) и се гледа вентилот (ако тоа што мислам е вентил)...

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6854
  • Шо да пишам тука?🤔
Има два типа на греачи во соларното. Едниот е греач за водата (3кв најчесто во теко солар моделите) и не е баш најбрз, а другиот е греач за цевките (знаат да замрзнат зимно време иако се изолирани и да нема проток на топла вода). Инаку гледаш до кое ниво е водата (1/4;2/4;3/4;4/4) и температура на водата од 0-100 степени целзиусови. Најчесто соларните што се продаваат кај нас се со Pioneer електроника.


Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4086
  • MadaFunker
Ако ставаш ТекоСолар а претпоставувам имаат и другите, барај WiFi контролер/компјутер да ти стават.
New blood of old school

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2749
Денес бев, се договорив за соларно, под притисок - 200 литри.
Цената е околу 1200€, вклучена цела инсталација.

Одлучив да го оставам и проточниот (како што и планирав), па запишаа дека треба да се пушти трофазен кабел во тоалетот.

Прашав пак и за електричната custom инсталација (штекови, тавански и прекидачи) - рекоа дека може и е супер што ги имам обележано и запишано по ѕид/таван.
Им реков - Поарно јас да ви платам вам кога уште е во изградба станот, отколку после да кршам, рушам и спуштам плафон. И пак да се направи истото.
Останува кога ќе се изгради и прегради станот - да отидам да премерам бидејќи сите димензионални пресметки ми се правени по димензиите од каталогот за станот.
Електричарот ми е познат, мислам дека лесно ќе се договорам за техничкиот дел.

Од другите работи:
- со станот доаѓа еден држач и пред-инсталација за клима, за во дневната. Бидејќи јас нема да ставам мулти-сплит - ќе треба да доплатам за држач и пред-инсталација за климата во спалната (ќе стои на терасата). Сакав да ги ставам двата држачи еден до друг, ама доста е далеку да се носат кабли и црева до спалната.

- од сите работи што доаѓаат со станот (ламинат, ѕидни и подни плочки, обичен бојлер, санитарија во тоалетот, туш-кабина) - ќе се монтираат само внатрешни врати и подни плочки за терасата. Ќе ги одбијат од моите трошоци спрема нив, а јас ќе си купам мои.
Монтажата на ламинат/таркет, санитарија во тоалет (туш-батерија, WC шолја, чешма) и сите плочки (без разлика дали јас сум ги купил или не) - е од инвеститорот.

- PVC столаријата ќе биде Rehau, само не знам која линија. Ова го пишуваше и во каталогот, а неќна поминав до една друга зграда од истиот изведувач што веќе е во поодмината фаза. Треба да сликам налепниците, може некој ќе препознае дали е Geneo или Synego.

- потпрашав и за внатрешните врати бидејќи ќе ставам 14mm ламинат или таркет +5mm XPS филц. Рекоа дека ќе ги мерат потребните висини на вратите откако ќе се монтира подлогата која ќе се намести.
Овде имам едно прашање - дали под кујнските подни елементи и под тешкиот мебел (шкафови и сл) се монтира ламинат/таркет или не? Claude вика - Не, ама ми нема логика.

- во подрумот има светло, но нема штек обичен бидејќи ќе било пуштено од заедничката струја.
Не прашав (засега) за кабел/полнач за EV. Ќе прашам кога ќе почнам да ја договарам ел. инсталација.
« Последно менување: 17 Април 2026, 20:12:08 pm balanar »

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2509
Нема веќе Генео. Како и да е и Синего е топ.