Прво нека Ви е среќен празникот на сите, живи и здрави по дома, само за арно, само за убаво да пишувате, прв мој пост после празникот.
Во однос на инсталации за полнење на коли, мислам дека треба да се воведе како стандард при градење на објекти. Станбени згради, деловни згради, молови, државни институции. Тамо цели светот, зошто да губиме време. Мислам дека на доста луѓе им е пречка да земат електрично или плаг ин хибрид само заради тоа што немаат услови дома да полнат (луѓе што живеат во станбена зграда). Вака, како дополнителна мотивација, ако знаеш дека на твоето паркинг место имаш можност за полнење, можеби полесно ќе се решиш за електрификација на возниот парк.