Со лесно @balanar и без нервози, најстресен дел е купување и опремување стан/куќа, глеј да не попуштиш нервно 
Ќеиф ми е дека ги послуша сите што те советуваа за купување паркинг место, без разлика што ќе имаш место и надвор да паркираш колку сакаш, ама раатот да влезеш во ладна кола летно време, потопла зимно време е непроценлив плус другите бенефити.
Ако дозволува инвеститорот, и сеуште е возможно, пушти си мрежни кабли, те можеш само канали до секое место кај што ќе ти треба (ако веќе тоа не го прави инвеститорот). Има и уште еден тон работи за мислење, али тука е форумов, многу луѓе веќе прошле низ тоа, ќе добиеш топ совети.
Ќе споделам деновиве што имам правено Excel за се што мислам дека ќе треба, поделено по соби (ми текна и за ethernet кабли, треба да ги дозапишам).
Имам направено excel-че со sheet-ови внатре: влез/ходник, спална, дневна, кујна, тоалет, тераса.
Имам запишано дури и какви чаши сакам да си купам (описно (за џин, ова она), не по модел секако), зарем не ме научивте од патеписите

Ќе споделам и што има вклучено во станот и што имам за бирање од вклученото.
Пример, има вклучено обичен бојлер, ама им реков дека сакам проточен, па рекоа да им кажам за да пуштат соодветен кабел. Добро е што водоинсталацијата е поврзана тоалет-кујна, па ќе има топла вода и во кујната.
Има вклучено туш кабина, ама јас сакам стакло како преграда и убав туш (од тие широките како чинии што се), еве Саше дал некоја идеја (не знам дали ме трола

)
Ќе треба и тоа да видиме како ќе го искомпензираат.
Такви некои работи за кои имам запишано што треба да прашам, што треба да сменам и сл. Барем за она што ми текнало во оваа фаза на купување.
Исто, јас имам прашања и до градителот/изведувачот, ова ќе ги прашам неделава кога ќе одам за пред-договор:
Дали позициите за штекови, прекинувачи за светло, лустери/светла, довод (чешмата у кујна, туш и чешма у тоалет), одвод (во кујна, WC школка и за машината за перење) - се фиксни (од нив испланирани) или не
@MartinAlfista - Сега ти го читам мислењето откако го напишав постов. Исто мислиме за последниот дел.