Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 601872 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8460
  • Плинаш!!!
Уфффд родендените се страшна работа, на времето со толку гости банкет се правеше, луѓе во војска се праќаа.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3071
Еве како беа родендените (ова е 1997-ма сликано) за по дома:



Потоа почнаа да се организираат по пицериите, со пица за секој, дволитарски шишиња сок и тоа е.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5270
  • The Spartan General
....

Само една слика треба и да ти кажам дека сигурно е било одличен роденден.
Јас не ни празнував роденден/ниту ми правеа роденден. Една торта во тепсија ќе направеше мајка ми, ќе дојдевме герилците од маало, домашен сок за растварање од капини, вишни (со ладна вода од бунар оти сум летно дете), торта-раванлија и тоа беше. Нит поклони, ни свеќи, ни бутур. На мене ми беше убаво. Сите овие други работи ама ич не ги разбирам што ги гледам по пријатели/познаници на слики.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15382
Еве како беа родендените (ова е 1997-ма сликано) за по дома:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Потоа почнаа да се организираат по пицериите, со пица за секој, дволитарски шишиња сок и тоа е.

Замисли и Нинтендо да имаше. Аууу која журка!

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3071
Замисли и Нинтендо да имаше. Аууу која журка!

Имаше (долу лево)  ;D
Оваа слика е од 1996-та, а таа погоре од 1997-ма. Ваљда не бил „послужен“ за роденденот или сме играле потоа, појма немам.



Nintendo Famicom (или некој клон беше според кутијата, не се сеќавам)



Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15382
Да бе тие по 1000че што беа на пазар :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7305
Игротеките се реално докај 4-5 одделение, после сами се групираат. Да, хаос е ама реално преку поклоните се враќа дел од парите што секако ќе гиндадеш за облека и сл. А какво е време дојдено со трчаници, да не се тие нема сомроднини и пријатели да се видиш.
Инаку и ние одевме со тетратка/моливче од 100 ден, ама тогаш плата беше 7000 :)

Хаос е со машки, делот со патиките гомдоловува тоа, патики зимски, есенски, физичко, летни х2 осовено моментот коа ќе тинрече некој "шо бе, а едно а две, исто ти е" :)

Реалноста е дека за мн работи и родителите сме криви. Сите носиме транзициски лузни кои сакајќи децата да не го почуствуваат тоа, изиграваме идиоти. Особено ако родителите се различно воспитани односно изгорени, караници колку сакаш. А на деца шо им е работа освен да сакаат се и сешто.
А реалноста, топла вода немавме дома пред 25 години, освен во недела. Иди објасни му тоа на денешно дете.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4491
Патиките денес барем се релативно ефтини, порано(пред 15-20г) патики беа пак по 2000-3000 денари на 12-15000 плата. А на попуст денес особено детски се начекуваат за 1000 денари од добри брендови.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15382
Затоа викам, го јадев дебело со таа транзиција и нормално не сакам децата да го чувствуваат тој стрес.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4003
Игротеките се реално докај 4-5 одделение, после сами се групираат. Да, хаос е ама реално преку поклоните се враќа дел од парите што секако ќе гиндадеш за облека и сл. А какво е време дојдено со трчаници, да не се тие нема сомроднини и пријатели да се видиш.
Инаку и ние одевме со тетратка/моливче од 100 ден, ама тогаш плата беше 7000 :)
Хаос е со машки, делот со патиките гомдоловува тоа, патики зимски, есенски, физичко, летни х2 осовено моментот коа ќе тинрече некој "шо бе, а едно а две, исто ти е" :)

Реалноста е дека за мн работи и родителите сме криви. Сите носиме транзициски лузни кои сакајќи децата да не го почуствуваат тоа, изиграваме идиоти. Особено ако родителите се различно воспитани односно изгорени, караници колку сакаш. А на деца шо им е работа освен да сакаат се и сешто.
А реалноста, топла вода немавме дома пред 25 години, освен во недела. Иди објасни му тоа на денешно дете.

Потпишувам со две раце за ова што е болдирано. Од крајност во крајност одиме.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7502
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Аман бе стрико колку јадите со 2к за да се нема за на кино?  ;D

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4491
2к да ги потрошиш а да не се оди по кафани, кафиња итн нема шанси :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15382
Не знам дали имате деца, мислам спомнав некој пост погоре, одење по родендени речиси секој викенд, кај другарче од школо, еве сеа почнаа во градинка (мада глупост ми е ова со градинките ама ајде), чокладо да земеш е 300-400 денари. Значи 500че од дете. Еден викенд тоа ти е 1000че само за роденден.

3-4 родендени месецов, отидоа 4000 денари.

Поголемиот еве оди на Кликер тоа е 2500 денари месечно, плус 1500 денари карате, помалиот и тој на карате 1500. Плус англиски за големиот 1500.

Значи за вакви работи 10-12 000 месечно одат, ќе ставиме ете 180 евра.

Кредит што вика Филип 300-400 евра е минимум.

Сметки околу 200 евра.

Значи без храна и транспорт тебе ти летаат 700-800 евра.

Храната безобразно скапа ја направија и еве за четиричлено семејство 1000 евра не те расправаат, збораме за нормално храна. Едно одење во маркет под 1000-ка не си за основни потребштини. Зборувам за Стокомак, КАМ, таквите маркети, не дај Боже Тинекс да влезеш или Веро.

Кај е гориво? Кај е регистрација?

Сакаш да одиш на одмор, треба гуми да смениш на колата, годишен сервис, голем сервис... се расипало нешто по дома, мајстор треба да викнеш за нешто ...

И ми кажувате 2К ви требало за кафани ако одите.


Ако ако на ова треба плус кредит да го средите станот? Сте ги виделе цените за една кујна да направиш? Спална? Да купиш гарнитура?...


Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3027
Аман бе стрико колку јадите со 2к за да се нема за на кино?  ;D
Да се отиде во кафана, на сите трошоци и поскапувања, не е некој луксуз, ама не е една работа.

Грубо вака: 3500 тв пакет со нет, 2000 греење, 2500 струја, кликер/роботика 2800, кошарка 1000, кредит 20.000 денари, гориво 4000 денари, градинка 2000 ден, аптека (пелени, кремчиња, влажни и сл) околу 5.000 ден, плус поситните режимски трошоци околу 2-3.000 денари, ти доаѓаат фиксни трошоци околу 45.000 денари.

Додади храна (убедливо највисока ставка е мислам), хемија, козметика, облека.....

Не знам дали е до нас, ние не знаеме со финансии или друго е работа
Своерачен потпис ;)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7305
Ако си во ќар, кафана од тебе 🤣