Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 601893 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2637
Да не ти покажувам разлика у м2 од 2021ва досега, ќе се исфрустираш и ти и пиците.

Отсутен nikola98

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1105
  • The best or nothing.
Ни јадат, ни пијат.

На кој начин се врши уплата, и дали се "урочуваат" ?
Што ако ти требаат утре парите, може ли да ги извадиш одма?

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1176
Ни јадат, ни пијат.

На кој начин се врши уплата, и дали се "урочуваат" ?
Што ако ти требаат утре парите, може ли да ги извадиш одма?

Може да се ставаат и вадат у секој момент. Проблем е што има провизии и не се исплати на мал период. Генерално секогаш иде нагоре, само треба да се чекаат години 5+. Има кај нас WVP кеш депозит што нема провизија и некаде 2.4% е годишно камата и тој неможе да иде надоле. Може да се ставаат и вадат у секој момент а камата се генерира секој ден. Ова е добар фонд без ризик, а парите секогаш достапни.

Отсутен nikola98

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1105
  • The best or nothing.
Не знам што ќе се прави, ова е лудница.
30 години лично ми е премногу (и временски и каматно и секако) и тоа дефинитивно отпаѓа.

Си размилил за куќа? Ама монтажна или "контејнерска" куќа.
Разгледував различни "видови" на градба, и цените се движат од 250е за м2 (контејнерска куќа) до 350е за м2 (американски стил, дрво конструкција).

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7891
  • French diamond
Да не ти покажувам разлика у м2 од 2021ва досега, ќе се исфрустираш и ти и пиците.

И ? Шо ме заболе мене на пример за разлика во м2 ? Јас му покажав на тој што сака да инвестира колку се "заработва" со инвестирање во нашите инвестициски фондови.
Ако стојат под перница, сигурно нема да одат нагоре.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2637
Насловот на темата како  гласи?

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7891
  • French diamond
Добро јас сум будала или надвор од реалноста или вие сте сите тука директори и програмери ? Па јас лично дали 2јца познавам со тие плати во Македонија, озбилно.
Во Германија платата е 2К евра,од кај ги вадите вие тие цифри во Македонија незнам, ама алал да ви е. ПО чоек правам муабет, не цела фамилија.

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Добро јас сум будала или надвор од реалноста или вие сте сите тука директори и програмери ? Па јас лично дали 2јца познавам со тие плати во Македонија, озбилно.
Во Германија платата е 2К евра,од кај ги вадите вие тие цифри во Македонија незнам, ама алал да ви е. ПО чоек правам муабет, не цела фамилија.
[mention]balanar [/mention]така е, на страна барем за некој месец живот и ќе биде полесно. Понатаму ако ти се зголемат примањата зголеми го резервниот фонд и после тоа враќај што е можно повеќе во главнината

Скоро секој што работи remote за фирми од западниот свет има можност за добра заработувачка

2к во германија во мекдоналдс?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7305
Добро јас сум будала или надвор од реалноста или вие сте сите тука директори и програмери ? Па јас лично дали 2јца познавам со тие плати во Македонија, озбилно.
Во Германија платата е 2К евра,од кај ги вадите вие тие цифри во Македонија незнам, ама алал да ви е. ПО чоек правам муабет, не цела фамилија.

Да земаа по 500 евра плата, немаше да се бараат станови, коли, патувања ...ко луди, кафичи/кафани, доставувачи полни.
Очсигледно има многу пари у државава, само лошо распоредени :)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7891
  • French diamond
Не, на форумот има многу пари, не во државата. Добро е тоа, мило ми е.

Добро јас сум будала или надвор од реалноста или вие сте сите тука директори и програмери ? Па јас лично дали 2јца познавам со тие плати во Македонија, озбилно.
Во Германија платата е 2К евра,од кај ги вадите вие тие цифри во Македонија незнам, ама алал да ви е. ПО чоек правам муабет, не цела фамилија.
[mention]balanar [/mention]така е, на страна барем за некој месец живот и ќе биде полесно. Понатаму ако ти се зголемат примањата зголеми го резервниот фонд и после тоа враќај што е можно повеќе во главнината

Скоро секој што работи remote за фирми од западниот свет има можност за добра заработувачка

2к во германија во мекдоналдс?

Сегде пријателе, ако не си програмер таа е платата. Мислите тука по 10К се платите  ;D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7957
Денес правев некои груби пресметки (плус се чув со банките) за станбен кредит. Ова подолу е само кредитот, без другите пропратни трошоци. А каде се трошоците за уредување на истиот  :)
Чисто ме интересираше колку е месечно рата, колку би било крајно за враќање и сл.

60.000 евра на 20 и 30 години.
80.000 евра на 20 и 30 години.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Свесен сум дека варијабилната камата е баш тоа - варијабилна и не може да се гледа од денешен аспект, грубо се пресметките со денешна дата.
Исто така, свесен сум дека можеш кредитот да го рефинансираш после 10 години и пак да се ставиш на фиксна за наредни 10 години  :)
Да не зборам што можеш и да го отплатиш порано доколку имаш можност, па крајната сума да е доста помала.

Не знам што ќе се прави, ова е лудница.
30 години лично ми е премногу (и временски и каматно и секако) и тоа дефинитивно отпаѓа.
Јас лани купив стан на 30г и ова го научив во целиот процес:

- Црн фонд што ќе ми покрие барем една година од сите месечни трошоци вклучувајќи и ратата за станбениот
- Сите освен комерцијална ми спуштија камата, од како прашав за пониска камата. Прашувај/преговарај
- Трошоци за купопродажба/даноци/нотар/адвокат пробај да ги вклучиш оквирно во трошоците
- Јас би земал кредит за уредување на станот отколку да останам со празно ќесе - не знаеш што може да се случи наредниот месец. Ако земеш и потрошувачки може да ти подобра камата
- Во ниеден случај не се оставај без кеш
- Иако не најдеш идеален стан - купувај заради тоа што со уплаќањето на учеството и ратите создаваш капитал

Освен ако не продаваш недвижнина па со истите пари купуваш друга, тешко дека ќе купиш недвижнина на многу краток рок - така функционираат работите


Ако рата ти е 400 евра, месечни трошоци ти се 1300-1400 евра, значи 1800 евра ти требаат месечно

Што значи ~ 20000 евра “резервен фонд”.

95% од населението во Македонија и тоа што зема ваков кредит не може да си го дозволи

Месечни трошоци 1400 евра без рата за стан/кирија? Што правите бе луѓе :)

Претпоставувам, немаш дечиња? 1400Е за четиричлено семејство се онака, таман во некоја рака.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2637
1400 евра за четиричлено семејсгво се гол минимум. Зборам за храна, сметки,школо, градинка, англиски, карате, базен и останати тракатанци. Гол минимум. Ако наведените ставки се сврстат во луксуз, ич да не дискутираме поарно.  Зборам да не јадеш паштети од Стокомак и да мислиш дека си го зезнал системот. Исхрана што повеќе ориз, компир, грашак, леќа, грав, свежо телешко, пилешко, свинско  во умерени количини, свежо овошје и зеленчук итн.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7271
  • Шо да пишам тука?🤔
Како да се постигне тоа ако двајца од семејството работат? Колкави примања треба да се има?

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2637
Како да се постигне тоа ако двајца од семејството работат? Колкави примања треба да се има?

700 евра по човек минимум.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3562
  • Хюндай Тюсон
Месечни трошоци 1400 евра без рата за стан/кирија? Што правите бе луѓе :)

Не можам да разберам што сакаш да кажеш. Многу се 1400 или малку се не стигаат?