Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 471524 пати)

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 976
  • The best or nothing.
Уште второто вц да го решиш одма до влезна врата... ;D ;D ;D Само ќенеф и за раце миење - толку треба... ;)

Каков шпајз, и зошто 2 паркинг места?  ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30617
    • CARclub.mk
Ај терајте си работа сите, и јас „будала“ што се зачленив на форумов пред години   :-\ :-X

И пишав на агентката ако може да сменам - наместо подрум од 8m2, да земам подземно паркинг место (15м2) и задолжителен помал подрум (околу 5м2) кој има нешто помала цена од тие што не ги земаат со паркинг.
Излегува над 6000 евра повеќе.

На кредитот излегува 30 евра месечно (@tomaso - кажи ги бројките на лото ако вака погодуваш).

Мило ми е дека помогнавме. ;D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7788
Ај терајте си работа сите, и јас „будала“ што се зачленив на форумов пред години   :-\ :-X

И пишав на агентката ако може да сменам - наместо подрум од 8m2, да земам подземно паркинг место (15м2) и задолжителен помал подрум (околу 5м2) кој има нешто помала цена од тие што не ги земаат со паркинг.
Излегува над 6000 евра повеќе.

На кредитот излегува 30 евра месечно (@tomaso - кажи ги бројките на лото ако вака погодуваш).

Верувај дека го правиш правиот избор. Ке ги увидиш и сам бенефитите кога во сред зима ке си влезеш во чиста кола, или на плус 40 во ладна.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3865
Шо втор тоалет?
Замисли утре ден две ќерки имаш (како јас на пример) и заедно со жена ти се вкупно 3, а ти секое сабајле како 99% од машката популација си имаш ритуал…па покољ ќе биде. 🤣

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 902
Шо втор тоалет?
Замисли утре ден две ќерки имаш (како јас на пример) и заедно со жена ти се вкупно 3, а ти секое сабајле како 99% од машката популација си имаш ритуал…па покољ ќе биде. 🤣
Еб**е маката. И јас ја имам.
Јас пробав да завршам работа навечер, не бива, не можам да се навикнам, нема инспирација навечер.
Пробав да се будам наутро пред да станат сите да завршам работа, останав 2 месеци без спиење, а и некако зорле беше работата.
Баталив, и сега секое утро е приказна само за себе.
Кажи ако најдеш решение :)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2522
Шо втор тоалет?
Замисли утре ден две ќерки имаш (како јас на пример) и заедно со жена ти се вкупно 3, а ти секое сабајле како 99% од машката популација си имаш ритуал…па покољ ќе биде. 🤣

Ти ќе живееш како бубрег во лој. Ќе те чуваат. Ние сме 3 према 1 дома  у корист на мажи. Секој ден како растат е се поголем предизвик. У детска соба почнав само да затворам врата за да не го глеам хаосот.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4588
Со лесно @balanar  и без нервози, најстресен дел е купување и опремување стан/куќа, глеј да не попуштиш нервно :)
Ќеиф ми е дека ги послуша сите што те советуваа за купување паркинг место, без разлика што ќе имаш место и надвор да паркираш колку сакаш, ама раатот да влезеш во ладна кола летно време, потопла зимно време е непроценлив плус другите бенефити.
Ако дозволува инвеститорот, и сеуште е возможно, пушти си мрежни кабли, те можеш само канали до секое место кај што ќе ти треба (ако веќе тоа не го прави инвеститорот). Има и уште еден тон работи за мислење, али тука е форумов, многу луѓе веќе прошле низ тоа, ќе добиеш топ совети.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4125

Само нека си земе добра батерија за тушот (на пример Ханс Грохе од Шате) и се друго ќе помине полесно.

Моментално и јас сум во процес на реновирање и опремување на стан па ќе му посакам само среќа и со лесно нека е.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Шо втор тоалет?
Замисли утре ден две ќерки имаш (како јас на пример) и заедно со жена ти се вкупно 3, а ти секое сабајле како 99% од машката популација си имаш ритуал…па покољ ќе биде. 🤣

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18026
Честитки и со среќа периодот на чекање, @balanar !

Паркинг место, лично твое, кај што секогаш знаеш колку е оддалечена колата и по некое време потсвесно ти е вкалкулирано времето од/до кола кога планираш нешто е многу голем раат.

Бонус е стабилната температура на колата, да не мораш да ја гребеш од мраз на зима или да не мораш да се потиш додека разлади клима во лето.

Подрум од 8 квадрати не можеш да го наполниш (или ако го наполниш, тоа стварно ќе биде со објективно непотребни работи) па паркинг место на сметка на помал подрум е правилна одлука.

Од предвремени совети имам само еден - најди си ентериерен дизајнер кој уште од нацрт фаза ќе ги прегледа скиците за станот, ќе направите основен идеен проект за грубо позиционирање на елементите, и ќе ти посочи што да интервенираш кај инвеститорот додека се уште можеш (кабли на плафони, штекери по ѕидови, позиции на одвод/довод, преградни ѕидови, распоред во тоалет, искоритување на простор (инвеститори обожаваат да ставаат дупки/долапи во ѕидовите за да ќаруваат на м2, а тешко се искористуваат)).

Напред работа, и памти ја шалава - ако некој оди по улица и збори сам со себе, или е будала или гради куќа.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2815
Шо втор тоалет?
Замисли утре ден две ќерки имаш (како јас на пример) и заедно со жена ти се вкупно 3, а ти секое сабајле како 99% од машката популација си имаш ритуал…па покољ ќе биде. 🤣
Мојата приказна :) .

@balanar Најбитниот чекор е направен, си донел важна одлука за капитална инвестиција - дом, се ќе се среди по пат. Мило ми е што вклучи и гаражно место, сам ќе ги видиш благодетите, разликата во месечната рата за кредит од 30 е ти е помала од закупнина на гаражно место која евентуално би ја плаќал утре кога би немал паркинг.
Своерачен потпис ;)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2765
Со лесно @balanar  и без нервози, најстресен дел е купување и опремување стан/куќа, глеј да не попуштиш нервно :)
Ќеиф ми е дека ги послуша сите што те советуваа за купување паркинг место, без разлика што ќе имаш место и надвор да паркираш колку сакаш, ама раатот да влезеш во ладна кола летно време, потопла зимно време е непроценлив плус другите бенефити.
Ако дозволува инвеститорот, и сеуште е возможно, пушти си мрежни кабли, те можеш само канали до секое место кај што ќе ти треба (ако веќе тоа не го прави инвеститорот). Има и уште еден тон работи за мислење, али тука е форумов, многу луѓе веќе прошле низ тоа, ќе добиеш топ совети.

Ќе споделам деновиве што имам правено Excel за се што мислам дека ќе треба, поделено по соби (ми текна и за ethernet кабли, треба да ги дозапишам).
Имам направено excel-че со sheet-ови внатре: влез/ходник, спална, дневна, кујна, тоалет, тераса.
Имам запишано дури и какви чаши сакам да си купам (описно (за џин, ова она), не по модел секако), зарем не ме научивте од патеписите  ;D ;D ;D

Ќе споделам и што има вклучено во станот и што имам за бирање од вклученото.
Пример, има вклучено обичен бојлер, ама им реков дека сакам проточен, па рекоа да им кажам за да пуштат соодветен кабел. Добро е што водоинсталацијата е поврзана тоалет-кујна, па ќе има топла вода и во кујната.
Има вклучено туш кабина, ама јас сакам стакло како преграда и убав туш (од тие широките како чинии што се), еве Саше дал некоја идеја (не знам дали ме трола  ;D)
Ќе треба и тоа да видиме како ќе го искомпензираат.

Такви некои работи за кои имам запишано што треба да прашам, што треба да сменам и сл. Барем за она што ми текнало во оваа фаза на купување.

Исто, јас имам прашања и до градителот/изведувачот, ова ќе ги прашам неделава кога ќе одам за пред-договор:
Дали позициите за штекови, прекинувачи за светло, лустери/светла, довод (чешмата у кујна, туш и чешма у тоалет), одвод (во кујна, WC школка и за машината за перење)  - се фиксни (од нив испланирани) или не  :)

@MartinAlfista - Сега ти го читам мислењето откако го напишав постов. Исто мислиме за последниот дел.
« Последно менување: 13 Јануари 2026, 11:41:35 am balanar »

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3865
Шо втор тоалет?
Замисли утре ден две ќерки имаш (како јас на пример) и заедно со жена ти се вкупно 3, а ти секое сабајле како 99% од машката популација си имаш ритуал…па покољ ќе биде. 🤣
Еб**е маката. И јас ја имам.
Јас пробав да завршам работа навечер, не бива, не можам да се навикнам, нема инспирација навечер.
Пробав да се будам наутро пред да станат сите да завршам работа, останав 2 месеци без спиење, а и некако зорле беше работата.
Баталив, и сега секое утро е приказна само за себе.
Кажи ако најдеш решение :)

Јас тоа го решив уште пред деца да дојдат :D
Од кога дојде и втората ќерка, го опремив и оспособив и третото WC најгоре што им е во склоп со детската соба, сега сум ептен раат :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7239
Убаво што ги прочита советите од "паталците" на форумот Баланар, јас исто се приклучувам кон нив. Кумот мој ќе ја направеше таа грешка пред 7 години кога зема стан, ми се пофали, јас коа му срипав, одма да си земал паркинг, ако треба ќе ограбуеме банка :)

Го разбирам моментот коа си во тесно, едноставно како кога се купува половна кола и имаш 500е на страна за сервиси, така и паркингот.

Со убаво нека те служи !!!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15122
  • Пудингот на шоферството
И да знаеш,шо и да направиш и како и да направиш,после година-две-три ќе речиш,ова не требаше вака,можеше и поинаку.Мислам во ппглед на организација и организирање на штекери,кабли,позиција на мебел и сл...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D