Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 471522 пати)

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1156
Ке си купи некој по 3-4 паркинг места, па ке си ги изнајмува и чист бизнис.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6972
Резервиран стан (треба да потпишам пред-договор неделава), за кредит е договорена работата (треба да отворам трансакциска сметка и да го однесам пред-договорот и уште некои документи од кај мене од работа).

57m2 + 8m2 подрум (ова беше задолжително).
За подземен паркинг немам потреба, 9000€ е (ќе го опремам станот со тие пари. Има доволно паркинг обезбеден околу зградата.

Ќе пишам подоцна подетално.

Честитки.

Морам и јас да ти забележам - паркинг место, твое, а поготово затворена гаража, е благослов. Сега ако е 9.000, рачунај за некое кратко време ќе биде 14.000, 15.000, ако е Штип.

Тоа што колата ти е имуна на 80% од оштетувањата кои и се случуваат во животниот век, е само аргумент плус.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2765
Ќе видам за подземното паркинг место.
Треба да направам рачуница колку повеќе е ратата месечно + треба да оставам фора за потрошувачки од минимум 10k за уредување (ова кога ќе биде зградата готова, нема поента сега да ги земам тие средства за уредување.

Не е баш така „земи подземно паркинг“ кога финансиите се тие моментално.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6972
Разбирам, апсолутно.

Ако има и минимум шанса нешто да искомбинираш…

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2750
  • Шалабајзер
Честитки за станчето [mention]balanar [/mention] ,

Пошто и јас сум во иста ситуација, прво нешто за кое не размислував а дадов пари е да се земе стан со паркинг место, е сега, има пред зграда 4.000€ или во гаража 8.000€, но  финансиите беа тие кои пресудија да се земе надворешно паркинг место.

Одлуката дека мора паркинг место беше од тоа што местоположбата на самата зграда ќе биде на главна улица(само влезот и паркинг местата се на споредна уличка), што од аспект кога бевме на разговор ни кажаа дека приземјето ќе биде маркет и знам дека ако не  сега, во наредните неколку години во околина ќе биде хаотично за паркинг. Иако лепша половина одма се побуни “Абе што ќе ни е паркинг” “глеј колку има од страна”, но тоа беше почетокот на Јуни месец каде што се имаше доста “испразнето”, за да сфати по само 2-3 месеца дека е хаос со паркинг и рече “добро што те послушав”


Добра е замислата дека со тие 9.000€ ќе го опремиш, но ако сеуште е во градба, имаш доволно време да собереш некој денар за внатрешно уредување, секогаш може да има варијација на цени на иверки/медијапани механизми бела техника, башка секогаш ќе бидат тука баба дедо мама тато тета вујна чичо од двете страни да “капнат” некој денар за опремување, така што, како што пишав и погоре, ако имаш можност за паркинг место искористи го


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4063
Резервиран стан (треба да потпишам пред-договор неделава), за кредит е договорена работата (треба да отворам трансакциска сметка и да го однесам пред-договорот и уште некои документи од кај мене од работа).

57m2 + 8m2 подрум (ова беше задолжително).
За подземен паркинг немам потреба, 9000€ е (ќе го опремам станот со тие пари. Има доволно паркинг обезбеден околу зградата.

Ќе пишам подоцна подетално.
Со среќа! Алекс3?

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2358
Ако добро разбрав е во градба, така да би требало да добиеш плочки во вц и кујна од инвститорот.

Прашај дали има опција за дополнотелна звучна изолација да се доплати барем на една или две страни каде граничиш со соседниот стан.

Тука лесно ни е да трошиме туѓи пари ние :)

Види си со банката ако е 30тина евра плус на рата од кредит вреди да си скратите еден ручек во ресторан месечно.

Сопругата има возило?

 

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15122
  • Пудингот на шоферството
Честито и од мене.Како и повеќето тука така и јас би ти посочил ако вило како можиш финансиски да го издржиш паркинг местото или гаража уште поубаво,земи пошо тоа е долгорочен рает.Не е еден ден,два ќе паркирам било каде туку години се во прашање,секој ден.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3640
Пошто станот е во градба и е со 5% ДДВ, ќе се пресметува со таа стапка. До 31.12.2028 важи повластена стапка од 5% ДДВ за купување на прв стан од инвеститор.

Во преддоговорот задолжително внеси клаузула дека доколку се случи промена на ДДВ, ти нема да ја сносиш разликата за евентуална доплата туку инвеститорот.

Купи си на време гаража/паркинг место и исто и јас мислев дека ке паркирам така пошто има простор на крај .Само посетители и оние кои си купиле имаат право.Колку и да е скапо пошто си шофер обезбеди си паркинг/гаража на време.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 902
Честитки @balanar
Мое лично искуство
 - Пред 12 години купив стан без паркинг во Скопје.
 - Зградата има отворен приватен паркинг во Скопје каде не е проблем и секој ден има паркинг место, т.е. да посочам дека немам проблем со наоѓање паркинг место и секогаш имам паркинг позади зграда.

Ден денес сметам дека не купувањето на паркинг место е една од најголемите грешки кој ги имам направено во животот и најдобро намерно би те советувал да си го купиш паркинг местото.
Како прво директно ми влијае на купувањето на кола. Пример, не можам да земам хибрид или некоја кола со батерија, многу побрзо ќе отиде батеријата.
Немам опција за електрично возило.

Многу почесто ја перам колата од другарите кој имаат гаражи. Колку и да ја перам колата, пак многу по често е гадна.
Летно време жешка, одам со резерва маица за да се пресоблечам на паркингот на крајната дестинација.
Зимно време губам време да ја загреам. Пример, утрово буквално багажникот беше замрзнат и не можев да го отворам за да ги земам кебињата на детето да го покријам додека го носам во градинка.
Пролет Есен кога е тој сахарскиот дожд треба секој ден да ја переш колата.
Секоја година кога има невреме со дожд јас се простувам од колата. Верувај ми, не ми е сеедно.
Паркови и зеленило во Скопје не реагираат. Секој посилен ветер може да падне гранка или цело дрво врз кола.
Буквално на паркинзиве околу мене изминативе 12 години видов барем 3 коли на кој им паднаа гранки, и ни паднаа барем, 4 дрва, онака цели.
Ако ја паркирам пред зградата, некој денови цигари наоѓам на шофершајбна.
Пред некое време мачка играше оро секоја вечер на хауба, не можев да ја манам да не ми спие на мојата кола.

Сето ова мене ме нервира и директнио ми влијае на секојдневниот живот.
Верувај, кога врне, има голема разлика дали бебето ке го ставиш во количка дома, ке се качиш во кола, ке отидеш до трговски или каде и да е, и да излезеш сув.
Јас морам да го облечам во палто дома, па да го соблечам во кола кога ке се згрее.
Колку и да пазиш, и тие 50 метра кој ке ги прошета, ке ги направи патиките лом и ке ти ги искашка седиштата. Ај седиштата, некогаш и облеката, оти децата не седат мирни во кола.
Нареден стан кажав, предуслов 2ро wc и паркинг место. Без тоа не го ни гледам станот.

Надворешниот изглед на колата да не го коментирам. Гумите на вратите и остало се многу по зачувани кај гаражирана кола.
Цревата во моторот траат подолго.

Колку и да кошта гаражно место, земи го. Станот можеш да го опремиш со време.

Јас бев на иста мака на времето, и се одлучив да земам поефтина бела техника и мебел, и како поминува време си ги заменувам со нови.

Со среќа.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44958
  • Il Moderatore
Ауу, без 2 вц-а ништо! Свака част за ова!
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2522
@balanar  Ако е станот во градба прашај го инвеститорот дали може на твој трошок да ти изведе 2ро вц макар било 1м2. Можно е да е кнап бидејќи е 57м2, ама ако распоредот на просторот дозволува.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2765
Ај терајте си работа сите, и јас „будала“ што се зачленив на форумов пред години   :-\ :-X

И пишав на агентката ако може да сменам - наместо подрум од 8m2, да земам подземно паркинг место (15м2) и задолжителен помал подрум (околу 5м2) кој има нешто помала цена од тие што не ги земаат со паркинг.
Излегува над 6000 евра повеќе.

На кредитот излегува 30 евра месечно (@tomaso - кажи ги бројките на лото ако вака погодуваш).

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44958
  • Il Moderatore
Уште второто вц да го решиш одма до влезна врата... ;D ;D ;D Само ќенеф и за раце миење - толку треба... ;)
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6972
Паметно.

Заврши ја работата.