Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 372048 пати)

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 223
    • MVP Ring
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Да не де правиме глупи со сила, секој што купува половен стан, дел од парите одат на сметка и во договор, а останатите одат дирек на рака за да се заштеди на данок и да се избегне внесување ма црн кеш во банка. Затоа оваа статистика нема врска.

Сигурно и такви финти прават и за становите во градба.

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4070
Ако некој знае, како со непријавени пари да се купи стан преку банка, нека сподели. И мене ме интересира како иде тој процес на ставање 100.000€ во банка, зашто мене за секој помал депозит, во секоја банка ме тормозат да докажувам од каде се парите.

Пробај во помалите банки, пример Капитал Банка.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8967
  • Пичлеме
До 10 000 евра не тормозат, со следни 10 000 одиш во друга банка...
Банките нема да тормозат, ама можат да тормозат УЈП ако ги разгледаат извештаите од банките и ако им падниш в очи... ама пошто слепци се вработени по државново, можи да помини незабележано, теоретски :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7585

Се е тоа фино, ама по ново, нотар е должен секоја куповина над 15.000€ да ја пријави во Финансиската полиција и Управата за финансиско разузнавање.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8967
  • Пичлеме
Јас се надоврзав на моментот со тормозењето во банка за икс депозит, за друго нема мрдање, државен кантар си има, не е заебанција :)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3263
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Ако некој знае, како со непријавени пари да се купи стан преку банка, нека сподели. И мене ме интересира како иде тој процес на ставање 100.000€ во банка, зашто мене за секој помал депозит, во секоја банка ме тормозат да докажувам од каде се парите.
тежок малер си,мењај банка и општина пример оди во банка хх во аеродром не таму каде што одиш до сега..

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7585
Ако некој знае, како со непријавени пари да се купи стан преку банка, нека сподели. И мене ме интересира како иде тој процес на ставање 100.000€ во банка, зашто мене за секој помал депозит, во секоја банка ме тормозат да докажувам од каде се парите.
тежок малер си,мењај банка и општина пример оди во банка хх во аеродром не таму каде што одиш до сега..

Ова е случај со NLB, Комерцијална и Стопанска.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14801
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Да не де правиме глупи со сила, секој што купува половен стан, дел од парите одат на сметка и во договор, а останатите одат дирек на рака за да се заштеди на данок и да се избегне внесување ма црн кеш во банка. Затоа оваа статистика нема врска.

Сигурно и такви финти прават и за становите во градба.

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk

Извини, не ми се презема таков ризик за стан.

Да се спружам 130К+ за трособен стан и да биде пишам 60К за после да може да те уценува дека не си му доплатил 70К.

Ќе си пишува црно-на-бело.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6877
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
До 10 000 евра не тормозат, со следни 10 000 одиш во друга банка...
Банките нема да тормозат, ама можат да тормозат УЈП ако ги разгледаат извештаите од банките и ако им падниш в очи... ама пошто слепци се вработени по државново, можи да помини незабележано, теоретски :)

Да не го барам случајот пред некој месец, човекот 8.000€ не можеше на банка да уплати од заштеда за кола да си купи. Едно велат, друго прават.

Во 2014-та за 200.000ден да извадам од банка за меганот ко го земав, ме прашуваа за шо ќе ти се парите, па ај му кажав точно,
ама наредно ќе му речам, ќе го променувам полот, и ќе ве молам да ми се обраќате со „Тие“.  ;D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4418
Ова сценариото што го кажува @Ipkisija Meskosa  значи дека треба да отидеш во сите банки во МК, мислам дека се 16, секаде треба да си клиент и да уплатиш во секоја по 10К еур. И пак може да те проверат. Други шеми имаат сигурно.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Овие цени немаат врска со реалноста. Стан во Аеродром со почетна цена од 1300 е/м2? Нема грешка. Нема испод 2000 (стан за реновирање, без лифт и сл), актуелни цени (новоградба а и половните0  се движат од 2200 до кај 2400 (има и екстреми си со повисока цена).

Оваа статистика е поради „пола пари преку банка, пола пари на рака“, грубо кажано. Во договорот стои една цена и таа цена е исплатена преку банкарска трансакција, а разликата до полната цена се плаќа „на рака“ (или финти демек за тераса друга цена, за гаража трета цена).

Треба ред со даноци, за секој втор стан плус 30%-50%, за секој трет стан плус 70%-100% и тн.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4070
Ова сценариото што го кажува @Ipkisija Meskosa  значи дека треба да отидеш во сите банки во МК, мислам дека се 16, секаде треба да си клиент и да уплатиш во секоја по 10К еур. И пак може да те проверат. Други шеми имаат сигурно.

Има да, отвараш кладилница, и си периш пари без проблем.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6877
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Да нема забуни, во табелава минималните цени по м2 можеби се однесуваат и за продадени стари станови. Кој сака нека си провери, јас не сум сигурен дека се само за нови.

ЕДИТ:

Ова сценариото што го кажува @Ipkisija Meskosa  значи дека треба да отидеш во сите банки во МК, мислам дека се 16, секаде треба да си клиент и да уплатиш во секоја по 10К еур. И пак може да те проверат. Други шеми имаат сигурно.

Има да, отвараш кладилница, и си периш пари без проблем.

Абе само берберница, стол и огледало вгаража дома.