Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 371981 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14800
Дури една половина од новопродадените станови се купуваат во кеш, соопшти гувернерот на Народната банка Трајко Славески на денешната средба во Стопанската комора, коментирајќи го големиот раст на цените на становите во Скопје.
Според податоците на Народната банка од вториот квартал, цените на становите во изминатите 12 месеци се зголемени за дури 22,3 проценти.
„Според она што го добивам како информација, проценка, околу 50 проценти од новопродадените станови се купуваат на кредит, другите 50 проценти се во готовина. Ние немаме сознанија од каде доаѓа таа готовина, дали е од заштеди, дали е од некои приливи за коишто не сакаме да зборуваме, има други институции коишто треба да го утврдат, секако и Народната банка“, изјави Славески.

Линк за целата статија.

Кеш - пари на транскациска и со тие пари купуваш стан. Алтернативата е - кредит, како што ти пишува погоре.

Под кеш не се мисли торба пари и одиш да купиш стан.

Освен, како што реков, ако го пишеш станот како подарок, па парите да се дадени на рака - ако постои такво нешто. Не знам.

Друга опција - легално збораме сега, преку нотар не може.

Нотарот бара за се банкарска трансакција. Дури за капар.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3263
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Не разбирате што значи „кеш купување на стан“. Нормално е дека сè оди преку банка и проверка, но кога се вели кеш пари, се мисли дека човек има дома 60–70 илјади евра, пари што татко му или дедо му ги чувале со години. Верувајте, има многу семејства во поранешните југословенски држави кои и денес чуваат пари „во сламарица“, така да се каже.

Целосно исплаќање на стан со кеш значи дека одиш, купуваш — бум, бум — на пример, 60, 70 или 100 илјади евра одеднаш. Тоа е поимот на кеш купување, а не дека ти градиш, па јас доаѓам и ти давам пари на рака — тоа не постои!

Вразумете се, има народ што има пари и купува. Кога живеев на Рузвелтова, целиот влез беше од луѓе од Ресен, Пехчево, Делчево, од други градови — ретко некој од Скопје. И тоа во централно подрачје! Сите тие беа дојдени во Скопје со цело семејство, и тоа не е од сега, така било и порано.

Значи, уште еднаш, кристално јасно — кеш купување значи дека имаш пари дома, ги внесуваш во банка, купуваш стан одеднаш, сè оди преку нотар и банкарска трансакција. Толку е едноставно.

Се најдовме некои роднина од на мајка ми страна  по роднинска линија ми се паѓа братучед 2или3 — човекот има купено 11 стана во Скопје. Возач на камион е во Америка, отиден пред 15 години и оттогаш не се вратил. Сите пари што ги заработува ги праќа назад и ги инвестира во станови, купува недвижнини.

Знам и колеги од други градови — со по 7–8 години работа низ ЕУ — имаат по 3–4 стана во Скопје.Во џевахир другар мој има 5 или 6 на времето идеа на акција 1+1 да купиш за по 600,700 евра... Со плата од 300 евра овде не можеш да купиш аспарагус и блек ангус двица да ручат а не кров над глава да купи човек. Затоа, освестете се — не тресете зелени приказни, туку земете карта во еден правец, излезете надвор, спечалете, и дури тогаш нема да ви требаат изговори.

Присутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3302

Да, да се согласувам, тоа е правилниот и легален начин. И нема шанси да има друг начин.

Замисли да бевме некоја банана држава, со лабава контрола на нотари, и некој да може да протне кеш пари и да купи стан.

Или недај боже да е подмитилива институцијата за контрола на нотари или некој сличен државен апарат.

Сигурно цената на м2 ќе беше над 3000 евра.

Страшно.

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4418
Да го внесуваа кешот преку банка, немаше да има потреба станови да купуваат, те да го перат.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14800
Како што реков :) легален начин.

Луѓе продаваат станови за крипто, така што најдоа начин како да го зезнат системот. Дали подарок дали не знам шо...важно има начини.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
Не разбирате што значи „кеш купување на стан“. Нормално е дека сè оди преку банка и проверка, но кога се вели кеш пари, се мисли дека човек има дома 60–70 илјади евра, пари што татко му или дедо му ги чувале со години. Верувајте, има многу семејства во поранешните југословенски држави кои и денес чуваат пари „во сламарица“, така да се каже.

Целосно исплаќање на стан со кеш значи дека одиш, купуваш — бум, бум — на пример, 60, 70 или 100 илјади евра одеднаш. Тоа е поимот на кеш купување, а не дека ти градиш, па јас доаѓам и ти давам пари на рака — тоа не постои!

Вразумете се, има народ што има пари и купува. Кога живеев на Рузвелтова, целиот влез беше од луѓе од Ресен, Пехчево, Делчево, од други градови — ретко некој од Скопје. И тоа во централно подрачје! Сите тие беа дојдени во Скопје со цело семејство, и тоа не е од сега, така било и порано.

Значи, уште еднаш, кристално јасно — кеш купување значи дека имаш пари дома, ги внесуваш во банка, купуваш стан одеднаш, сè оди преку нотар и банкарска трансакција. Толку е едноставно.

Се најдовме некои роднина од на мајка ми страна  по роднинска линија ми се паѓа братучед 2или3 — човекот има купено 11 стана во Скопје. Возач на камион е во Америка, отиден пред 15 години и оттогаш не се вратил. Сите пари што ги заработува ги праќа назад и ги инвестира во станови, купува недвижнини.

Знам и колеги од други градови — со по 7–8 години работа низ ЕУ — имаат по 3–4 стана во Скопје.Во џевахир другар мој има 5 или 6 на времето идеа на акција 1+1 да купиш за по 600,700 евра... Со плата од 300 евра овде не можеш да купиш аспарагус и блек ангус двица да ручат а не кров над глава да купи човек. Затоа, освестете се — не тресете зелени приказни, туку земете карта во еден правец, излезете надвор, спечалете, и дури тогаш нема да ви требаат изговори.
Batka vekje i nadvor ne se zarabotuva taka kako sto se zarabotuvalo. Povekje od mk da ama ne kako porano. Sekade stana skap zivotot...

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6230
  • Шо да пишам тука?🤔
Нема есап ни во Мк, ни во Немачка...

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
  • French diamond
Разликата е што во Германија имаш ако сакаш каде да работиш и да заработиш нешто плус на страна од платата...кај нас тоа за жал потешко, нема толку побарувачка на работна снага.
Ама за стан во кеш да купиш нема нигде  ;D

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 655
    • ibiz.mk
@n1kola грешка си, баш моментално кај нас побарувачка на работна снага има многу
Кој сака после работа неколку сата

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6877
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Кичма транс?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7181
На времето банките за уплата на кеш на твоја трансакциска бараа потекло на пари ако износот беше над ХХ денари.

И моето искуство беше дека морав се да приложам како доказ за плаќањето пред заверка.

Е сеа, би било интересно ако нотар завери договор со пари на маса кај него 🙂

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3263
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Не разбирате што значи „кеш купување на стан“. Нормално е дека сè оди преку банка и проверка, но кога се вели кеш пари, се мисли дека човек има дома 60–70 илјади евра, пари што татко му или дедо му ги чувале со години. Верувајте, има многу семејства во поранешните југословенски држави кои и денес чуваат пари „во сламарица“, така да се каже.

Целосно исплаќање на стан со кеш значи дека одиш, купуваш — бум, бум — на пример, 60, 70 или 100 илјади евра одеднаш. Тоа е поимот на кеш купување, а не дека ти градиш, па јас доаѓам и ти давам пари на рака — тоа не постои!

Вразумете се, има народ што има пари и купува. Кога живеев на Рузвелтова, целиот влез беше од луѓе од Ресен, Пехчево, Делчево, од други градови — ретко некој од Скопје. И тоа во централно подрачје! Сите тие беа дојдени во Скопје со цело семејство, и тоа не е од сега, така било и порано.

Значи, уште еднаш, кристално јасно — кеш купување значи дека имаш пари дома, ги внесуваш во банка, купуваш стан одеднаш, сè оди преку нотар и банкарска трансакција. Толку е едноставно.

Се најдовме некои роднина од на мајка ми страна  по роднинска линија ми се паѓа братучед 2или3 — човекот има купено 11 стана во Скопје. Возач на камион е во Америка, отиден пред 15 години и оттогаш не се вратил. Сите пари што ги заработува ги праќа назад и ги инвестира во станови, купува недвижнини.

Знам и колеги од други градови — со по 7–8 години работа низ ЕУ — имаат по 3–4 стана во Скопје.Во џевахир другар мој има 5 или 6 на времето идеа на акција 1+1 да купиш за по 600,700 евра... Со плата од 300 евра овде не можеш да купиш аспарагус и блек ангус двица да ручат а не кров над глава да купи човек. Затоа, освестете се — не тресете зелени приказни, туку земете карта во еден правец, излезете надвор, спечалете, и дури тогаш нема да ви требаат изговори.
Batka vekje i nadvor ne se zarabotuva taka kako sto se zarabotuvalo. Povekje od mk da ama ne kako porano. Sekade stana skap zivotot...

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk
Ниџо, потполно се сложувам. Крај на декември одам на гости кај брат ми и најдобар другар што живеат во Минхен — малку да се видиме, да се издуваме. Сè што кажуваш е точно. До 2021 година некако се тераше, се оставаше по нешто на страна, ама после тоа — тешко. Денес едноставно нема шанса да одвоиш ништо, живееме од ден за ден.

Верувај, мизерија е со плата во Македонија. Никакво помрднување, никаква перспектива. Ебеш живот ако треба да работиш по 8 саати дневно во фирма — било Алкалоид, Окта или било која друга — а платата секогаш иста, без врска со тоа колку си квалификуван. Луѓето се приморани покрај редовната работа да бркаат и занаети, да монтираат клими, да фарбаат, да копаат, само да состават крај со крај. Денес монтажа клима чини 7500 денари — па тоа е безумие!

Тоа не е живот, тоа е уништување на човекот. Дај боже да не се случи некаква повреда или болест, отиде сè — здравје, пари, мир. Во Европа барем некако држат, се борат, гребат, ама имаат систем, имаат стабилност. Кај нас е невидена мизерија, и тоа од работа која не те носи никаде.

Не кукам, гледам реално — јебеш што ја имам кога знам колку други немаат. Цените отидоа у небо, платите катастрофа. Имам чувство дека во Лидл во Германија е поевтино него во Стокомак овде. Дојде време луѓето да сметаат што ќе купат, да мерат по кошничка, по производ. Денес е мисловна именка да зборуваш за купување плац, викендичка или реновирање.

Генерално, лошо е со работа, а додека вака трае — иднина нема. Старите генерации веќе си одат, бог да им прости, а помладиве ако не се најдат механизми да влеземе во ЕУ, нè чека амбис. Никаде не е сјајно, ама барем во ЕУ животот не е само работа. Животот треба да има и мир, време, достоинство. Ако човек е роден само за работа и робување — јебеш го тој живот.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3263
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Нема есап ни во Мк, ни во Немачка...

Немој да ми кукаш фаќај Швајцарија.Несторче шарм милионера гест каваљера младино има да гребеш бориш успеваш депресија се лечи со пари и со работа.Само храбро не попуштај иначе кромерт не гине и 400 евра!Борба младо дете
Љуби вујкино

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7585
Ако некој знае, како со непријавени пари да се купи стан преку банка, нека сподели. И мене ме интересира како иде тој процес на ставање 100.000€ во банка, зашто мене за секој помал депозит, во секоја банка ме тормозат да докажувам од каде се парите.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9285
So neprjaveni preku banka teshko, toa so investotor direktno ako prifati pari na raka