Не разбирате што значи „кеш купување на стан“. Нормално е дека сè оди преку банка и проверка, но кога се вели кеш пари, се мисли дека човек има дома 60–70 илјади евра, пари што татко му или дедо му ги чувале со години. Верувајте, има многу семејства во поранешните југословенски држави кои и денес чуваат пари „во сламарица“, така да се каже.
Целосно исплаќање на стан со кеш значи дека одиш, купуваш — бум, бум — на пример, 60, 70 или 100 илјади евра одеднаш. Тоа е поимот на кеш купување, а не дека ти градиш, па јас доаѓам и ти давам пари на рака — тоа не постои!
Вразумете се, има народ што има пари и купува. Кога живеев на Рузвелтова, целиот влез беше од луѓе од Ресен, Пехчево, Делчево, од други градови — ретко некој од Скопје. И тоа во централно подрачје! Сите тие беа дојдени во Скопје со цело семејство, и тоа не е од сега, така било и порано.
Значи, уште еднаш, кристално јасно — кеш купување значи дека имаш пари дома, ги внесуваш во банка, купуваш стан одеднаш, сè оди преку нотар и банкарска трансакција. Толку е едноставно.
Се најдовме некои роднина од на мајка ми страна  по роднинска линија ми се паѓа братучед 2или3 — човекот има купено 11 стана во Скопје. Возач на камион е во Америка, отиден пред 15 години и оттогаш не се вратил. Сите пари што ги заработува ги праќа назад и ги инвестира во станови, купува недвижнини.
Знам и колеги од други градови — со по 7–8 години работа низ ЕУ — имаат по 3–4 стана во Скопје.Во џевахир другар мој има 5 или 6 на времето идеа на акција 1+1 да купиш за по 600,700 евра... Со плата од 300 евра овде не можеш да купиш аспарагус и блек ангус двица да ручат а не кров над глава да купи човек. Затоа, освестете се — не тресете зелени приказни, туку земете карта во еден правец, излезете надвор, спечалете, и дури тогаш нема да ви требаат изговори.